Мојот проблем можеби не е како некои сериозни,но бидејќи сум премногу чувствителен ми требаат совети,шо оти кажувам на другари све тоа малце ме успокои и после ништо ...па би сакал да споделам ваму... ќе се обидам да бидам пократок!
Бев на камп преку Американска амбасада,таму имаше полно волонтери,една од нив беше една девојка од Британија е сега јас 18 години таа 24,волонтер е...
Првите 4 дена незнаев дека постои се додека на седна до мене околу оган горе в планина и почна да ми пее од Адел песни фасцинантни...кога ја слушнав останав со отворена уста и 5 минути не ја променив положбата сите ми се смееја...осетив дека нешто се случува оти у стомак имам пеперутки ама си велам ајде шо ти е си имаш женска со која одиш година и фазла...
Наредниот ден на едно станување и одеднаш ја гледам неа ми мавта со рака онака заводнички...после вечерта заедно праевме топла чоколада,разговаравме,едноставно ......незнам како да опишам,сакав да сум околу неа цело време,а и таа беше таман таква како шо јас посакувам...ама се беше против правилата,несмееше да се мешаат волонтери со кампери! Тој шо ми беше препоставен осети дека нешо планирам и ме предупреди,ама многу се врзав,другарите таму што ги запознав сите ми рекоја тргни се и ајде се тргнав...
Последната вечер имавме говор,јас оти бев лидер на тимот го држев говорот,гласот ми зарипна највеќе ми беше криво поради тоа шо оставам зад мене потенцијална љубов,одкако го завршив говорот дојде и ме прегрна,а најдобор од се беше оти све време на англиски зборуваме и тоа ми беше дел од ИН ЛАВ...
Кога си тргнав накај дома,дојде и
само со мене се поздрави ме бакна под уво,морници ме полазија неможев да се совземам...Кога влегов у ова глупо Скопје немирно,ако досега сум се враќал со ќеф сега со крв у очи....2 дена веќе неможам да се стабилизирам очајно се чувствувам,срце ми лупа тупа и на план сум да раскинам со девојката се ашо ми е,зашо видов дека не ја сакам,дека само другарски било,сакањето било до пред 1 година...
Шо да правам??