Се што треба да знае еден почетник

Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Секој почеток е тежок,а ништо полесен не е ни здравиот начин на живот и градењето на тело,без разлика дали вашата цел е атлетско тело или пак бодибилдерско тело.За да можете да успеете во вашата цел,една од најбитните работи е информираноста за како да успеете.Да почнеме од најосновните работи.

На прво место ќе ја ставам исхраната.Таа е дефинитивно најбитна.Сигурно ќе си речете,зошто ? Има безброј луѓе во теретаните,кои што вежбаат со години,а немаат ништо видно постигнато.Причина за тоа е највеќе нивната исхрана.Премногу лоши информации во нивните глави,погрешно сфатени работи,и токму тоа е причината за скоро никакви резултати.Најпрво што треба да направите,за каква и да ви е целта,е да исфрлите штетните и непотребните работи.Започнете со најосновното,односно газирани сокови,чипсови,чоколади,алкохол,цигари.Тоа се првите чекори,и сите овие работи ќе ве кочат кон остварување на целта.Потоа,треба да пресметате колку калории ви требаат,а потоа на тие калории да додадете или пак да одземете 500 калории,во зависност од тоа што ви целта.Ако целта ви е зголемување на килажата,тогаш треба да додете +500 калории,а доколку целта е намалување,тогаш ќе одземете -500 калории.Потоа,треба да имате од 5-6 оброци,добро распоредени,на 2 до 3 часа.Јадете само варена или печена храна,исфрлете го зејтинот,додадете разновидна храна,зеленчук,овошје.Пробајте да пиете само вода,бидејќи и оние навидум 100%-ни сокови,не се ни одблиску толку природни,па и тие ќе ве кочат кон постигнување на целта.

.Оброците треба да содржат јаглехидрати,протеини,здрави масти.Сигурно,повеќето од вас нема ни да знаат што точно се овие работи,па најпросто:

Јаглехидрати-на организмот му се потребни за енергија,па доколку внесете повеќе од што трошите,тие ќе се натрупаат во организмот како сало,а тоа не е нешто што го сакате.

Протеини-на организмот му се потребни поради тоа што тие се главната храна за него,а така и за мускулите.Колку појако тренирате,толку повеќе мускулите ќе можат да примат храна,и ако им обезбедите доволно храна,тие ќе пораснат.

Здравите масти-исто така имаат улога како и ЈХ-даваат енергија.

Започнете со ова,а за понатака поставувајте прашања.Не ви требаат сите "тајни" за да почнете со овој начин на живот,уште во почетокот,куќата почнува да се гради од темелите,нели:)

Втора работа,но не и по небитна е вежбањето.Има многу луѓе кои што едноставно кажано,ја хејтаат теретаната,поради некои стари,измислени митови.Како на пример,ако идеш во теретана нема да пораснеш,или дека таму идат само кретени,луѓе без муда,луѓе кои што само со тоа си го дигаат егото,криминалци и така натаму...да,има такви во теретаните,но меѓу 100 членови,такви се 2-3,а тоа е далеку од доволен број за да заклучите дека теретаната не е место за вас.

Сметам дека најбрзи и најдобри резултати ќе имате ако почнете со теретана,со добро испланирана програма за вежбање.Има милион клипови на јутуб,кои што може да ви помогнат во склопување на истата,само треба да се потрудите да побарате.Нешто што е најбитно за вежбањето,е тоа што треба да го оставете егото пред вратата во теретана.Сфатете,дека колку и да сте возрасни или пак колку и да мислите дека сте силни,треба да почнете со лесни килажи,за да се навикне целото тело и организмот на тие движења.Друга грешка која се прави како почетник,е секојдневното идење во теретана.Запамтете едно-мускулите растат додекаодмарате,а не додека вежбате. Уште една битна работа,е загревањето.Треба да го загреете целото тело пред да почнете да вежбате,а акцентот на растегнувањето да го ставите на тие мускулни групи кои што ќе ги вежбате тој ден.Ако незнаете како,пишете на јутуб,и за тоа има многу клипови кои што ќе ви помогнат.Друга работа исто важна,е дека не треба да се вежба повеке од 2 групи во ист ден.Исто така,треба правилно да ги искобинирате вежбите,како на пример-гради и бицепс,грб и трицепс,рамо и трапези,нозе.Помеѓу големите мускулни групи(грб,гради,рамо) треба да имате најмалку 1 ден размак.Трета работа,е одморот.Најбитните хормони се лачат во период од 10 до 2 часот навечер,меѓу нив е и тестостеронот,и други хормони кои што се од посебно значење за растот на мускулите.Најбитно е тие часови да сте во кревет.Секој човек има различни потреби за сон,но во глобала,доволни се 7-8 часа сон за да се одмори телото.И,четвртата работа е суплементацијата.Сигурно,некои од вас ќе си речат,никако тоа,тоа е лошо,хемии се тоа,штетно е.Но,ако малце се распрашате,почнете да истражувате,и најбитно,да не се ограничувате и да размислувате пошироко,ќе сфатите дека тие суплементи,се НИШТО.Доколку вие,се храните лошо,не вежбате редовно,немате доволен одмор,никакви суплементи нема да ви бидат од корист.А за штетноста...доколку толку се грижите за вашето здравје,ќе треба многу работи да ги исфрлите во животот.Сигурно,сакате чоколади,сокови,чипсови,алкохол,цигари...сите овие работи,се десетици пати полоши отколку протеинот во прашок,креатинот или што и да е.Зборуваме за СУПЛЕМЕНТИ,односно,дозволени супстанции кои што се проверуваат исто како Аналгинот кој го пиете кога ве боли глава после напорна вечер,или Витамин Ц-то.Суплементите,го додаваат само оној мал процент,кој што е доволен за побрз и по добар успех.Се надевам,ова ќе е од помош за оние што се во вистинска смисла на зборот почетници,бидејќи и јас не сум искусен,барем не по годините,но знам како е чувството пред да дознаам што-како-зашто треба да правам,барем за и најмали резултати.И,најбитно од се,запамтете дека потребно е време.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
http://scoobysworkshop.com/calorie-calculator/
Направи истражување и ќе најдеш што функционира.Џабе да ти проповедам кога тоа е голема наука и е сложена.Бара внимание и трпение.Не е само вежбање и мислиш дека си го освоил светот.Прави со малку вежбање големи резултати.Секој ден почни по 30 мин да пешачиш,намали на исхраната што го подига нивото на глукоза во крвта.Бел леб,бел ориз се што е процесирано.Јас највеќе намалив кога го тргнав млекото и јогуртот од исхраната.Не можам да верувам дека имало некаква врска но сепак еве слабеам многу повеќе од колку што кога конзумирав млечни производи.Тука не спаѓа урдата и изварката затоа што имаат многу малку лактоза,а лактозата го подига нивото на IGF-1 и естроген.
http://www.ironmanmagazine.com/milk-estrogen-igf-1-and-insulin/
Пробајте па видете :)
 

Biljbilj08

1987
Член од
19 ноември 2011
Мислења
698
Поени од реакции
312
Зимоска кога ке сум на маса, да јадам висококалорични оброци, може ли нешто помрсничко да се стави во уста?
Кажете што/како/колку треба да се јаде додека си на маса?
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Зимоска кога ке сум на маса, да јадам висококалорични оброци, може ли нешто помрсничко да се стави во уста?
Кажете што/како/колку треба да се јаде додека си на маса?
Исто како до сега,само повеќе ќе јадеш.

Не ти препорачувам да ставаш мрсничко,али како сакаш...после ќе ти требаат повеќе денови за чистење,ако ставиш мрсничко во уста :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.771
Поени од реакции
12.235
На прво место ќе ја ставам исхраната.Таа е дефинитивно најбитна.
Најскапо нешто. Тие луѓе што ги гледаш без видлив резултат низ вежбалните најверојатно не можат да издвојат 100-150 евра месечно за храна само за себе па затоа се и послаби или без резултати. Плус доколку ги пресметаш и додатоците...чини прилично пари. Вака со кремсир и четврт леб или пита :), џабе и 45 мин. кардио и пола саат тежини...

Додуша секој не оди да изгледа као тип од постерите него доста од нив одат и за здравје, некои за снага...
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Најскапо нешто. Тие луѓе што ги гледаш без видлив резултат низ вежбалните најверојатно не можат да издвојат 100-150 евра месечно за храна само за себе па затоа се и послаби или без резултати. Плус доколку ги пресметаш и додатоците...чини прилично пари. Вака со кремсир и четврт леб или пита :), џабе и 45 мин. кардио и пола саат тежини...

Додуша секој не оди да изгледа као тип од постерите него доста од нив одат и за здравје, некои за снага...
Ако се фали во пресоблекувална дека јаде по 2-3 пици на ден,и става во него 5000 калории на ден,тогаш неможеш да ми кажеш дека неможе да одвои 300-400 денари дневно за пилешко и компир,ако ништо друго..
 

Biljbilj08

1987
Член од
19 ноември 2011
Мислења
698
Поени од реакции
312
Исто како до сега,само повеќе ќе јадеш.

Не ти препорачувам да ставаш мрсничко,али како сакаш...после ќе ти требаат повеќе денови за чистење,ако ставиш мрсничко во уста :)
не е проблем за чистење, али да се стави некоја чварка во уста:)
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Избришани се сите оф топик мислења, има посебна тема за исхрана, а посебна за општо советување околу бодибилдигот.
Темава нека седи како репер за од каде да започнат оние кои за прв пат се среќаваат со овој спорт.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Критика кон пишувачките можности: Контекстот е добар али конструкцијата е многу лоша.
Стави ентер негде, нов ред, параграф. Спејс после секој интерпукциски знак.

нека се прочита ова од афторот па нека се избрише како офтопик
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Критика кон пишувачките можности: Контекстот е добар али конструкцијата е многу лоша.
Стави ентер негде, нов ред, параграф. Спејс после секој интерпукциски знак.

нека се прочита ова од афторот па нека се избрише како офтопик
Снема место пер,знам како треба...на почеток ми е ок,надоле ми е збиено се...неможев ентер да ставам,незнам зашто.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
ептен долг пост
Протеините не се главна храна на организмот, шеќерите се (јаглехидратите). Редоследот по кој телото ги конзумира макронутриентите е јаглехидрати > масти > протеини. Протеините се потребни за растење мускули зошто на телото му требаат аминокиселини за да прави мускулна маса.

На интернет има КУПИШТА информации, ама што ти вредат тие купишта кога не можеш да го одвоиш фактот од митот.
Како сега да ти веруваме јас и сите други кога и ти самиот кажуваш дека си почетник и не даваш линкови до извори што ќе ги потврдат твоите информации?
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Протеините не се главна храна на организмот, шеќерите се (јаглехидратите). Редоследот по кој телото ги конзумира макронутриентите е јаглехидрати > масти > протеини. Протеините се потребни за растење мускули зошто на телото му требаат аминокиселини за да прави мускулна маса.

На интернет има КУПИШТА информации, ама што ти вредат тие купишта кога не можеш да го одвоиш фактот од митот.
Како сега да ти веруваме јас и сите други кога и ти самиот кажуваш дека си почетник и не даваш линкови до извори што ќе ги потврдат твоите информации?
Јаглехидратите не се есенцијални можеш да преживееш без нив.Но тоа што јх даваат е експлозивна енергија за разлика од протеините и мастите кој се со поголема молекула и затоа кога си на повеќе протеини и масти си млитав а кога внесуваш нискогликемични јх имаш 3-4 часа енергија.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Јаглехидратите не се есенцијални можеш да преживееш без нив.
Ја не ни го реков тоа.
Телото ги разградува и мастите и протеините во глукоза, која потоа ја разградува до АТП со која се хранат клетките.
Highschool biology mothafucka :cool:

Инаку јх дефинитивно се преферираната храна на организмот.
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Јаглехидратите не се есенцијални можеш да преживееш без нив.Но тоа што јх даваат е експлозивна енергија за разлика од протеините и мастите кој се со поголема молекула и затоа кога си на повеќе протеини и масти си млитав а кога внесуваш нискогликемични јх имаш 3-4 часа енергија.
Dafuq did u just said ?!!?

ЈХ се ГЛАВНАТА храна на организамот ! Протеините градат , мастите се резерви кои се конвертират во ЈХ коа има потреба или ЈХ се конвертират у масти коа се вишок !

Не треси зелени.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom