Кошаркарска репрезентација на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Христов
  • Време на започнување Време на започнување
И јас тоа мислам, немогуче олку многу души да одат.
 
Поразот од Доминиканска Република на квалификацискиот турнир во Каракас и неодењето на Олимписките игри ги натера Тодор Гечевски, Ѓорѓи Чековски, Перо Антиќ, Владо Илиевски и Лестер Бо Мекејелб да најават заминување од репрезентацијата, пишува денешен „Фокус“

да да, Фокус е познат по сигурните дојави... :tapp:
 
50% им е точна информацијата, другите 50% шпекулираат, сите знаеме дека Гече и Станко ( :D ) .. нема да играат повеќе, за овие другите тројца ништо не е сигурно, на ветерот се и тие.
 
Како и да е влезе политиката и во кошарката како и во фудбалот. Сега сите татковци ќе бркаат врски нивните синчиња да заиграат на местото на таленти и ќе сме лузери како и во фудбалот.
Се повеќе се шпекулира дека се продадени утакмициве за квалификации. ФИБА за да ја развие кошарката и во Африка ги фаворизира нив а нашиве добиваат голема пара за тоа.

Да се радуваме на тоа од Литванија и да се молиме дека во следниве 10 години нешто слично ќе доживееме иако таа среќа и гордост нема да се повторат никогаш. Ги испративме за да победат барем 1-2 утакмици, а играа како ѕверови до последни сили, и прво славење нема да се спореди со ниедно :)
Убаво ги пишуваше во вест денес
"Великаните од Литванија"
"Серковците од Венецуела"


Јас ќе си ги сакам, тоа ќе си остане мојот омилен тим, секогаш ќе ми се херои и на внуци за нив ќе раскажувам, сега што идеме се надоле и надоле и секој се меша во кошарката е дело на нашиот глупав менталитет
 

Па да го имам отстварено успехот со репрезентацијата како во Литванија не само што не ги чекам од Федерација пак да ми понудат договор за тренер туку по автоматизам си се сметам за тренер додека не зафркнам нешто.

Он навистина да сакал да биде тренер или барем советник 100% ќе беше туку зема и веднаш после Европското а и за време на истото со приказните како од Жалгирис го барале пробуваше само да дојде до помрсен договор ,а овие приказни од после нека ги кажува на некој друг.
 
Се повеќе се шпекулира дека се продадени утакмициве за квалификации. ФИБА за да ја развие кошарката и во Африка ги фаворизира нив а нашиве добиваат голема пара за тоа.

Па што им е работа на луѓево , да шпекулираат..

Смешки.. :S
 
Абе ајде не зезајте,зарем стварно верувате у вакви глупости:facepalm:?
 
Убаво ги пишуваше во вест денес
"Великаните од Литванија"
"Серковците од Венецуела"
Кажи ми го името на тој кој се нарекува новинар жити се да видам кој е тој "гение" или пушти линкче од текстот. Кои лудаци од новинари има во оваа држава тоа е ужас:facepalm:
 
Кажи ми го името на тој кој се нарекува новинар жити се да видам кој е тој "гение" или пушти линкче од текстот. Кои лудаци од новинари има во оваа држава тоа е ужас:facepalm:
колку и да е лошо...кај 80 % од народот таја е вистината
епа сеа ти заклучи шо народ сме
 
колку и да е лошо...кај 80 % од народот таја е вистината
епа сеа ти заклучи шо народ сме
Проблемот е што такви неписмени новинари преку тоа што го пишуваат придонесуваат за формирање на мислење кај народот, убаво рекле старите од главата си патиме.
 
го пратам тој шутракот од вест,барам само негде некој контакт да го изнапцујам.Ебате дебилот секоја утакмица на ракометариве и кошаркариве гомна јаде.
 
Фокус бе Фокус.....запалете се бе, сите среќни и задоволни ќе бидат.
 
Ја незнам и како ви се расправа околу плус инфо, фокус и курур, сите ги знаеме шо гомна се, и нема потреба за нив дискусии...они мислат дека ќе си дигнат рејтинг ако изедат лајна, ама уствари сами се заебуваат.
 
Пишува Фокус, абе ајде не ме зафркавајте. Па тоа се лушето кои мир немаа кога Македонија имаше успеси, секоја наша победа им беше како трн во грлото а излези момче кошмар. Сега дојдоа нивните 5 минути, очигледно со сите средства ќе се обидат да ги искористат. Реков и погоре додека не видам еден барем еден медиум да направи интервју со нашите кошаркари до тогаш на никој не верувам. А за тоа што кошаркарите не се појавуват во медиумите можам само да им честитат. Веројатно и овој пат Српските и Хрватските новинари знаат многу повеќе за случувањата на репрезентацијата отколку нашите квази новинари.
 
За Перо сигурно не е вистина ама другите веројатно е да си заминат. И тоа е тоа без нив во Словенија топовско месо на 24та позиција :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom