Нани одбил нов договор што би значело дека
1. Сака повеќе пари
2. Доволни му се и сегашните примања ( ова не ми се верува ) така да според тоа ако не се согласи со она што му го нудат ќе си оди, знаеш дека Ферги е закон во Јунајтед, или ќе биде како тој што ќе каже или нема да биде. Башка со Јунајтед ги поврзуваат Мутињо и Моура кои можат да играат и лево и десно крило и би биле замени за Јанг и Валенсија и згора на тоа би се чувал Гигс за натпревари каде што ќе треба повеќе искуство.
Хернандез го фати тој симптомот на втора сезона, а и не му е понуден нов договор што би значело дека или повторно ќе ја грее клупата или ќе си оди за некоја баснословна цифра. Искрено повеќе би сакал да си оди Хернандез отколку Бербатов. Хернандез првата сезона покажа добра игра, најверојатно поради тоа што беше нов, непознат за другите тренери, а Бербатов е константен иако не игра - кога го става стариов у игра да даде гол дава. Еден од нив ќе си оди, можеби и двајцата поради тоа што покрај Кагава ќе имаме еден шпиц у нападот, а според моменталната форма тоа ќе бидат или Руни или Велбек - ако си оди само еден од горенаведените двајца.
Дека Јунајтед има вишак играчи у напад има, работата е што ќе се прави со мањакот у одбрана ?