Фановите од Новак и Федекс некако подобро се разбираат. Оние на Надал (со исклучоци, се разбира, овде има многу исклучоци и ми е мило) најчесто им смета и едниот и другиот. Едниот пошо лани покажа вонземски тенис и нивниот идол буквално беше прегазен, а другиот им смета затоа што е најдобар тенисер на сите времиња и Надал секогаш ќе биде во одредена сенка. Додека пак на фановите на Федерер баш им прија Новак и неговата форма последниве две години, бидејќи е добра кочница за незапирливиот Надал. Ептен јак триаголник, ми се чини најдобро трио во сите спортови воопшто. Треба да бидеме благодарни што сме сведоци на тоа.
Зашто мислам дека на Надал и Федерер фановите подобро се разбираат? Барем мене ми било увек полесно со Федерерците. Со на Новак фановите имав бааги мака да се разберам пошто лично го потценив Новак премногу, (што беше сосема разбирливо и не ми е јасно зашто тоа нив ги чудеше. Да, они беа преголеми оптимисти за таа сезона, ама сите други неутрални фанови на тенисот беа скептици и очекував поголемо разбирање пошто и они знаеа каков е Новак ама ете испаднаа во право, да не им вадам маубет сеа..Али пошто Рафа го наеба тогаш ептен хаха, војна се објави тука на темиве за тоа кој зашто како и до кога ке игра вака добро/лошо). И тој период тогаш, ми стигаа маубети од типот криво ти е пошто фаворитот ти губи и се испокравме тука ама такви муабети немало со на Федерер фановите. Со Федерер фановите, дали не се сеќавам или незнам што е работа ама сигурен сум дека не сум имал расправии некакви. Се знаело од увек кои се Роџер и Рафа. Ние го пензиониравме увек пред време
они го потценуваа Надал за на други подлоги. И према тоа што го покажаа и двајцата од тогаш до сега, можам со сигурност да кажам дека сме немале врска што сме збореле. Федерер еве го број 1 е и 3-4 години после тоа а Надал освои 2 Вимболдона, Ус Опен, Аустралиа Опен и направи доста работи што они не веруваа тогаш (за бааги и се посрма ама нвм).
И сеа ке рече некој, тенис подфорумот важи за мирен подфорум, со мирна дискусија. Не би се сложил баш
. Али пак, кога ке споредиш со религија и фудбал, ние сме пример на форумов хаха. Али ја би да се врати акцијата, да се разгори малце атмосферата станува досадно понекад...