Моментално користам MSE. Го инсталирав по логика дека е производ на Мајкрософт, го има интегрирано windows defender во себе и нема платена верзија (т.е. дечките даваат се од себе во развивање, без финти со лиценци). Не сум воодушевен. Добра работа е тоа што кога работи во позадина воопшто не се приметува ниту пак троши премногу рам. Скенирање на цел хард диск, трае релативно брзо така да и тој параметар го земам како плус. Затоа пак имам замерки на неговата ефикасност. Во повеќе наврати ми се има случено да не препознае некој од оние досадниве autorun.inf вируси. Во последно време сам ми се ресетира процесот explorer.exe така да претпоставувам тоа исто така некој пропуштен малициозен софтвер на MSE. Ке му дадам шанса уште некое време па ке видам дали имам потреба да го менувам.
Ги имам испробано скоро сите бесплатни АВ и некако најдобра работа врши Avira.