Македонија - Доминиканска Република | Квалификации за ОИ, Лондон - 1/4 финале [петок 23:30 ч.]

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
сега се е џабе, можиме да си лупаме овде до бескрај ама постојат неколку работи кои мора под итно да се направат:
1.смена на газоски!!!! ПОД ИТНО!!!
2.фала за се шо направија, ама на гечески и чекоски им е доволно играње за маедонија и на нивно место да се земаат николоски и гуроски
3.нов обид да се земе мицов
4.играње на турнири и организирање на мнооооогу пријателски натпревари за младите играчи со репрезентацијата за нивно поголемо искуство
 
Член од
1 април 2012
Мислења
212
Поени од реакции
549
Веќе видено.. Ова некако постојано ни се повторува..
Така со ракометарите, така и со кошаркарите.
Кога еднаш ќе научат дека треба да играат се додека судијата не означи крај.
На почеток ќе почнат многу добро, ќе направат поголема разлика и ќе се опуштат, мислејќи дека имаат голема разлика и овие нема да израмнат.
Од водство со +20 разлика да изгубиш со -10 е само можно кај нас. Типична македонска работа.
На сите три натпревари беа катастрофа. Ни половина не бевме од она на Европското.
Сами си ја пропуштивме шансата. Неверувам дека некогаш ќе имаме ваква шанса да учествуваме на квалификации за ЛОИ дури со 3 колективни спорта.
Ама што надробивме тоа ќе си сркаме.

Морам да го пофалам Мекелјеб.
Единствено тој го даде својот максимум од себе.
Повеќето од репрезентативците треба да учат од него како се игра за својата татковина, иако Македонија не е негова татковина. Секоја чест. Му се поклонувам. :cuc:

А за Антиќ немам зборови. :facepalm:
Кога сите го напаѓаа за тоа со ФИРОМ, си мислев можеби човекот немал друг избор, ама сега сфаќам дека имале право. Па овој навистина бил продадена душа.

И на крај ќе кажам колку само фали Марин Докузовски.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Веќе видено.. Ова некако постојано ни се повторува..
Така со ракометарите, така и со кошаркарите.
Кога еднаш ќе научат дека треба да играат се додека судијата не означи крај.
На почеток ќе почнат многу добро, ќе направат поголема разлика и ќе се опуштат, мислејќи дека имаат голема разлика и овие нема да израмнат.
Од водство со +20 разлика да изгубиш со -10 е само можно кај нас. Типична македонска работа.
На сите три натпревари беа катастрофа. Ни половина не бевме од она на Европското.
Сами си ја пропуштивме шансата. Неверувам дека некогаш ќе имаме ваква шанса да учествуваме на квалификации за ЛОИ дури со 3 колективни спорта.
Ама што надробивме тоа ќе си сркаме.

Морам да го пофалам Мекелјеб.
Единствено тој го даде својот максимум од себе.
Повеќето од репрезентативците треба да учат од него како се игра за својата татковина, иако Македонија не е негова татковина. Секоја чест. Му се поклонувам. :cuc:

А за Антиќ немам зборови. :facepalm:
Кога сите го напаѓаа за тоа со ФИРОМ, си мислев можеби човекот немал друг избор, ама сега сфаќам дека имале право. Па овој навистина бил продадена душа.

И на крај ќе кажам колку само фали Марин Докузовски.
Типично плитко размислување на еден македонски кошаркарски ,,експерт,, после септември 2011.(y)
 
Член од
1 април 2012
Мислења
212
Поени од реакции
549
Типично плитко размислување на еден македонски кошаркарски ,,експерт,, после септември 2011.(y)
Плитко, длабоко мое си е.
Како сакам, така ќе размислувам и пишувам.
Не си ти тој што треба да ми каже како да размислувам.
Јас ниту ти се мешам во твоите длабоки размислувања, ниту па ти ми се мешај во моите плитки размислувања.
(y)

Се извинувам за оф топик.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Плитко, длабоко мое си е.
Како сакам, така ќе размислувам и пишувам.
Не си ти тој што треба да ми каже како да размислувам.
Јас ниту ти се мешам во твоите длабоки размислувања, ниту па ти ми се мешај во моите плитки размислувања.
(y)

Се извинувам за оф топик.
Па и јас кого сакам ќе му реплицирам, мое мислење е дека не си во право. Прочитај го страна наназад на линкот и ќе видиш кои се вистинските грешки.;)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413


Не знам дали е сликава од вчера, ама ми се скрши срцето кога го видов ова... Колку се трудеше, 35 поени човече, one man show правеше еден период... Многу ми е жал, ама стварно многу.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Можеби постов е повеќе за во темата „Кошаркарска репрезентација на Македонија„ ама оваа е популарна па најверојатно ќе го оставам овде.
Мое аматерско видување на квалификацискиов турнир, секако не мора да е точно. Млекото е истурено, штетата е направена. Не треба да бесиме и да колеме никого, никој не сакаше да испадне вака. Ама не треба ни да бидеме ноеви и да бутаме главата во песок и да пишуваме само постови на поддршка од страв да не не прогласат за предавници. Математиката е јасна - ако имавме послаби противници од нас, ако имавме услови за подготовки, екипа подобра од 3 противника (од кои од два изгубивме) и ако не успеавме да дојдеме барем до полуфинале, значи дека нешто не е во ред.А ако нешто не е во ред, мора некој да е виновен за тоа. За мене тоа е Лазовски ( и тој што го поставил), за други можеби некој друг
Пред неколку страни кратко напишав како гледам на неговиот ангажман како тренер
...добива на поклон ферари од пријатели и наместо да го прави тоа што треба да го прави ... го товари со детелина и со дрва и го шиба off road. После скоро година дена еве што остана од ферарито.
еве сега и поопширно.

Со прифаќањето на ова место ми се чини (не сум сосема сигурен) дека сакаше да си направи име преку ноќ - готова екипа, крајно мотивирана за ОИ, со јака поддршка од сите, квалитетни поединци,подоцна испадна дека имаме и послаби екипи во група... само да се појави на турниров и да догура до полуфинале. Од тука натаму можеше само да добие.

Како ја спреми екипата (за ова сум сосема сигурен, се виде)?
Почетокот на подготовките и тоа што сите доаѓаа кој кога сака ќе го прескокнам. А можеби и треба да направиме споредба со Марин кој одеше од човек до човек (да, и со Владо) и им соопшти кои се условите за да играат на ЕП? Земи или остави. Ајде сепак да го прерипнеме ова, ни се случува во сите спортови и ни е хроничен проблем.

Атмосфера сомнителна - не бев таму и не можам да тврдам ништо, ама однесувањето на играчите ме зачуди. Што стана со екипата од ЕП каде сите ИСКРЕНО се бодреа и гинеа еден за друг? Им фрчеа искри од очи, сега сите некои празни погледи. Небитно, може мене така ми се причинило.

Психички тотално неспремни - овде нема што да ми се причинува, се се гледа. Не ми се веруваше кога Антиќ на првиот тајм-аут на првата утакмица оди накај клупа нервозен и псуе све живо и диво. По само 5 мин од квалификации кои траат 250? Да се разбереме псуев и јас, ама јас сум само гледач и моето псуење не влијае на нашата игра:D. Добар показател е и изведувањето на слободни првите две утакмици, а тука може да го ставиме и стравот од шутирање кај близнаците (уствари кај сите освен кај Владо и Бо). Не може да има трема кај човек што шутираше 6/6 во 1/4 финале на ЕП, а и ако ја има тоа е грешка на тренерот.

Физички исто неспремни - показатели скоковите, свежината и пак слободните. Види после 35 мин кој шутира слободни со спуштени рамена и кој промашува повеќе од својот просек и се ти е јасно.

Од одлична одбрана направи швајцарско сирење - не пишувам тука многу мислам дека сите се сложуваме, а и примените кошеви на последниве 7-8 утакмици го покажуваат тоа. Нека не се лаже некој дека со НЗ беше добро, исто и овие аматери остануваа често сами на шут (без 1/4) само промашуваа, а Анголците и овие вчера не.

Нападот исто тапа - до душа дававме повеќе кошеви од некој си наш просек ама не е тоа тоа. Изградени акции компир, шут од дистанца дискутабилен, се се сведуваше на моментална инспирација на поединци (Бо, Пеџа, Владо). Маалска кошарка.

Водење на утакмица - исто компир. Да не ги повторувам примерите од вчера што веќе ги напишав, еве и некои други - по наш тајм аут со Ангола напад води Војдан. Тргнува напред, се враќа, тргнува десно 3 чекора, се враќа, тргнува лево неколку чекора, пак се враќа.По добри 10 секунди од нападот стои на истото место од каде што тргна, ито и сите други. Прва напад после друг тајм аут- шут за 3 преку човек, едниот центар веќе трча назад а другиот не ни стигнал до таму. Па кои акции им ги кажуваше човече божји?!?!
И да, ова важи и за првата и за вчерашната утакмица - влегуваме во двете со 4-6 негатива во последните минути. Има ли некој на форумов што ќе ми објасни која тактика уствари ја игравме? Со брз фаул и на слободни? Со чиста одбрана и контри? Одевме ли на тројки? Еве јас искрено не сфатив што игравме во завршницата, ми личеше на се по малку.

Ротација, што беше тоа? Зошто уствари влагаше Гец? Скок нема, брзина нема. Да шутира од дистанца? Па одма по влагање беше слободен на 3, му беше страв да шутне. Тргна на 2, промаши и од таму. Значи јас немам појма колку добро би изиграл Кирил, не сум Нострадамус. Ама не може да изигра полошо од 0 ск, 0 п 0 ас. 2-3 загубени топки. Па и јас можам да изиграм неколку мин со таква статистика, проблем ли е. Во најлош случај ќе направеше 4 лични, ќе ги измаваше ќумбињата и ќе им дадеше 6-7 мин одмор плус на Антиќ и Пеџа. А и Антиќ ќе влезеше со 1-2 лични во второ полувреме.

Имавме огромна шанса и не ја искористивме. Боли повеќе отколку што треба бидејќи ни фалеа ситници кои не коштаат пари и кои лесно се отстрануваат ама тоа е.
Лазовски се коцкаше и изгуби. Сакаше да влезе у историја, сега пак ќе влезе ама како најголем лузер. Играчите не би ги обвинувал. Добар дел потфрлија ама се спремаа како што им е кажано и го игра тоа што го бара тренерот од нив.

Од мене лаик толку.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Едно кратко прашање:

Не најдов, видов или прочитав изјави на нашите после натпреварот.
Некој да не има некој линк нешто? Ме интересира што имаат да кажат тие како директни учесници...
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
А кој да ги пренесе изјавите? Ние немаме ни новинира ни медиуми дечишта од 15 години ги пишуват статиите онлајн и постираат слики, таа сликата погоре е од мечот со Шпанија и не разбирам каква врска има со мечов. Од Лазовски очекувам изјава после 10 дена кога ќе спласне заинтересираноста за било што во врска со настапов на турнирот.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А кој да ги пренесе изјавите? Ние немаме ни новинира ни медиуми дечишта од 15 години ги пишуват статиите онлајн и постираат слики, таа сликата погоре е од Литванија и не разбирам каква врска има со мечов. Од Лазовски очекувам изјава после 10 дена кога ќе спласне заинтересираноста за било што во врска со настапов на турнирот.
Добро де, реков дека не знам дали сликата е од мечот, искоментирав дека ми е жал за Бо пошто многу се трудеше, не мора одма со нервозни коментари како прво, а како второ и после Ангола и пред Нов Зеланд имаше изјави кои беа пренесени.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Добро де, реков дека не знам дали сликата е од мечот, искоментирав дека ми е жал за Бо пошто многу се трудеше, не мора одма со нервозни коментари како прво, а како второ и после Ангола и пред Нов Зеланд имаше изјави кои беа пренесени.
Изјавите беа од ФИБА и нашиве ги копираат. Ние немаме новинар во Каракас а уште помалку анализи, стручњаци што можат да дадат една поинаква слика на настапите, А медиумиве кај нас освен притисок, тензија и еуфорија за друго не се стручни за нивна популарност се штети на репрезентацијата.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Изјавите беа од ФИБА и нашиве ги копираат. Ние немаме новинар во Каракас а уште помалку анализи, стручњаци што можат да дадат една поинаква слика на настапите, А медиумиве кај нас освен притисок, тензија и еуфорија за друго не се стручни за нивна популарност се штети на репрезентацијата.
Па не реков дека се стручни, ама според мене сосема нормално е после натпревар да се пренесат изјави од играчите/селекторот. Жално е што немаме или ептен се ретки вистинските спортски новинари и аналитичари, ама не гледам што е толку тешко да се земе изјава од Антиќ, Самарџиски или кој и да е од момците што играа.
 

Johnny Tran

You OK, Freckles?
Член од
25 јануари 2011
Мислења
1.943
Поени од реакции
1.363

ако не друго барем ова ми направи ќеф, постер врз Хорфорд :vozbud:
капа доле и за Бо и за Самарџиски :cuc::cuc::cuc: единствени на ниво, другиве трупци беа
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Можеби постов е повеќе за во темата „Кошаркарска репрезентација на Македонија„ ама оваа е популарна па најверојатно ќе го оставам овде.
еве едно нутрално гледиште за неуспехот
http://balkan-sport.net/2012/07/razlozi-makedonskog-neuspjeha/
Е јеби га, сега ќе испадне и дека сум препишувал :D.

Него друго ми беше зборот, околу препукувањата за Марин. Тотално небитно е зошто и како си отиде. Не го познавам лично, ама со се што направи покажува дека е многу рационален човек. Многу е тешко да се откажеш кога си на врвот, ама тоа е она правото. Со ова си обезбеди кредит за наредни 10 години кај народов. Сега и да дојде во репрезентација и да не направи ништо пак луѓето ќе го величаат и ќе викаат „е јеби га сега, 2012 му беше мајката„.
Инаку ако го критикував Лазовски не значи дека на Марин му се клањам. Човекот не е чудотворец, само солиден тренер кој со репрезентацијата го правеше (успешно) тоа што сите го прават - ги користеше предностите и ги криеше недостатоците од противникот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom