ај еден полу-ладен пост...
Значи пи*ка му материна, се ни се собра !!!
Најпрво судиите, да, мора да се спомнат оти тој од канада копиљот не утепа тој период. Им го симан притисокот што тогаш го имаа Доминиканците, и ни го префрли нам. Полошо од тоа за психички лабилен менталитет ко македонскиот НЕМА !!!
Да измрзнеш у тоа Канадата мамицата твоја !!!
Ете така.
Ова со судииве го спомнав прво, оти тоа беше клучниот дел, пресвртот. Не уништија што не уништија, но ние НЕМАВМЕ тренер кој ќе ја смири играта, ќе уфрли џокер, ќе смени нешто у одбраната.
Лазовски имаше одлична почетна тактика, но само толку. Само таа една тактика. И таа беше игра со две остирици. Зошто !? Затоа што игравме ракометна формација, одредени играчи само одбрана, одредени само напад!
Перо беше насочен целосно кон одбрана! И тој ОДЛИЧНО си ја заврши работата! Не се брукајте со коментарите дека играл слабо! Го остави Хорфорд на НУЛА поени! Али го утепаа личните, го утепаа!
И од кога почна да ни се руши концепцијата, се сруши и тоа што најмалку требаше, скоковите! Повторно почнавме по старо !!!
Пази, Доминикана офанзивни скокови 20, Македонија вкупно скокови 29 !!! Шта речи !?
Самарџиски цар, ЦАР !!! Момчето конечно пораснало, конечно е маж од два и кусур метри !!!
Ама Гече и Чековски толку можат бе! Гечевски пак само еден скок, но нема многу да го кривам оти толку може. Толку може и Чековски со својата висина и тежина!
Кога веќе Перо беше осакатен со личните, и со негово излегување од игра губевме ЦЕЛОСНО на скоковите, МОРАШЕ да го уфрли Николовски! Мораше зошто виде дека со Гец и Станко неможеме да им се спротиставиме, и дека Самарџиски неможе да има 30 скока сам, против Хорфорд и Мартинез !!!
Друго, близнаците. И тие како Перо целосно посветени на одбрана !!! И ова мислам дека е вина на Лазовски и негови инструкции. Па неможе бе двајцата да имаат само ЧЕТИРИ упатени удари. Четири ејјј !!! Тоа е ко у напад да игравме само со 4 играчи а не со 5. Игравме без крило цело време !!!
Селекторот на Доминикана не пие нафта, не за џабе е у Кентаки. Увиде на полувремето кај чкрипи, смени, до душа доби јака помош и од судиите ама ја среди играта и направи пресврт! Му се поклопија и нему картите, иако скокаше како мајмунче у прво полувреме! Пола среќа пола знаење, тоа е!
Е сега, нејќам Докузовски да испадне светец после сево ова, оти и он испадна пич*а и избега, изгледа се уплаши од предизвикот и од вакво сценарио. Епа води го Лукоил шо да ти речам и тебе.
Штета, штета, ваква шанса наскоро тешко дека ќе имаме... толку блиску а толку далеку, по којзнае кој пат истата реченица важи за нас!