Македонија - Доминиканска Република | Квалификации за ОИ, Лондон - 1/4 финале [петок 23:30 ч.]

Статус
Затворена за нови мислења.

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Хаха може ако си оптимист по природа..
--- надополнето: 6 јули 2012 во 19:30 ---
Ме фаќа страв малку .....Се ме плашат тие офанзивни
скокови у пм...
Можда затоа што ич не ме привлекуваат натпревариве. Ниеднаш не се изнервирав на првите две утакмици:unsure:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.925
Поени од реакции
16.209
Можда затоа што ич не ме привлекуваат натпревариве. Ниеднаш не се изнервирав на првите две утакмици:unsure:
Реално и ја нема таа еуфорија како од ЕП, не знам оти е тоа така.. ама ете јас барем како што глеам, ептен некако е работата „што бидне нека бидне“ ..
 
P

PewDiePie

Гостин
Па нема еуфорија.......да се пласираа ракометарите сега во несвест ќе паѓавме и кошаркарите да го сторат истото,мене лично ми се скрши филм,така да помалку се напнувам за квалификацииве.
Секако дека навивам да се пласираме....
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.238
Поени од реакции
14.529
Реално и ја нема таа еуфорија како од ЕП, не знам оти е тоа така.. ама ете јас барем како што глеам, ептен некако е работата „што бидне нека бидне“ ..
Друго е кога се работи за едно големо натрепварување, а друго е кога се работи за квалификации за (многу) големо натпреваување. Колку и да се важни овие квалификации, не можат да го имаат шмекот на ЕП. :)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.925
Поени од реакции
16.209
Друго е кога се работи за едно големо натрепварување, а друго е кога се работи за квалификации за (многу) големо натпреваување. Колку и да се важни овие квалификации, не можат да го имаат шмекот на ЕП. :)
Ама ако избориме пласман на ОИ, ќе го имаат шмекот нели?
 
H

HoT IcE

Гостин
Вечерва сакам само да изиграме машки без страв и респект за противникот. Се надевам дека Лазовски и екипа ја средиле одбраната и неколкуте минуси во нашата игра со цел да се победи Доминикана. Се надевам дека Антиќ и Самарџиски ќе бидат на ниво и ќе го задржат Хорфорд, од нив најмногу зависи, како и од Мекелеб со неговиот мачка стил и летење низ терен, бидејќи Доминканциве се све освен брзи.
Со среќа нека ни е вечер, и дај боже да славиме цела вечер до бесвест !
3281711360.jpg
Покажи му на Хорфорд кој е главен, и кој ќе решета низ НБА следните сезони ! АЈДЕ ЦАРЕ !
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.238
Поени од реакции
14.529
Ама ако избориме пласман на ОИ, ќе го имаат шмекот нели?
Да ОИ ќе го имаат шмекот, но тоа ништо не менува во мојот претходен пост.

За ОИ во Пекинг, мислам дека квалификациите се играа во Атина, Хрватите изборија пласман, а никој во Хрватска не го ни пренесуваше турнирот (знам дека тогаш се водеше полемика кај нив за тоа).

Поентата ми е, овој турнир е екстремно значаен, но нема толку голема атрактивност. Едно е да се натпреваруваш да бидеш најдобар во Европа, а друго е да се натпреваруваш да отидеш на натпреварување каде треба повторно да се натпреваруваш да бидеш најдобар. :)
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
1.899
Поени од реакции
717
Да не знае некој случајно од претходниве натпревари дали имаше Live Stream на некоја страна?Треба да и пратам на една другарка од странство па неможе од web.maxtv ни од зулу да гледа а сака...?
 
Тоа ти е исто како на пример, Македонија изборила преку квалификации бараж за настап на ЕП во фудбал и како да нема никаква еуфорија.
Додуша еуфоријата кај тие вистинските фанови секогаш ќе ја има, мене ми е чудно овие пролазните оти не се во толкав голем број како што беа за ЕП...
Башка Сител не се толку попалени.:D
Мислам дека се сфативме.
--- надополнето: 6 јули 2012 во 20:32 ---
Да не знае некој случајно од претходниве натпревари дали имаше Live Stream на некоја страна?Треба да и пратам на една другарка од странство па неможе од web.maxtv ни од зулу да гледа а сака...?
http://www.balkansport.info/threads/2301006-BalkanSport-13 би требало вечер тука да го има мечот.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Да ОИ ќе го имаат шмекот, но тоа ништо не менува во мојот претходен пост.

За ОИ во Пекинг, мислам дека квалификациите се играа во Атина, Хрватите изборија пласман, а никој во Хрватска не го ни пренесуваше турнирот (знам дека тогаш се водеше полемика кај нив за тоа).

Поентата ми е, овој турнир е екстремно значаен, но нема толку голема атрактивност. Едно е да се натпреваруваш да бидеш најдобар во Европа, а друго е да се натпреваруваш да отидеш на натпреварување каде треба повторно да се натпреваруваш да бидеш најдобар. :)
Да бевме земја со 100 спортисти на ОИ ќе се согласев. Но не сме. Ниту еден не избори директно учество на ОИ. Ќе имаме 2-3 спортисти и повеќе доктори и тренери кога ќе излезат на церемонијата. И единствени што можат да ни го обелат образот и да не спасат од срам се кошаркарите, да заличиме на вистинска земја со повеќе од 2-3 спортисти. Сао Томе и Принципе ќе имаат повеќе луѓе во делегација ако не се пласираат кошаркарите на ОИ. Самиот пласман е огромен успех за нас - ќе гледаш како играат против САД, Шпанија, Аргентина...во спротивност нема ни да приметиш дека има ОИ во Лондон. Тие со картите што влегоа на ОИ ќе испаднат во првите квалификациски рунди последни или претпоследни и целата презентација на Македонија на ОИ ќе се сведе на видео од 10 секунди.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Се гледа кој се бавел со спорт а кој не се бавел со спорт. АЛОООО, нема ништо поубаво од тоа да си легнеш вечерта знаејќи дека си ОЛИМПИСКИ ПОБЕДНИК со златото од Олимп на градите! Од таму почнал да се шири победничкиот дух на спортот.

Кажете му на било кој Американец дека не е атрактивна олимпијадава и нема некое значење, поготово па кошаркарскиот дел, ќе видите каков возвратен поглед ќе добиете.
 
Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853
Јас сум убеден дека ќе победиме и ќе се пласираме во полуфинале ...
Па кај 1:00 ќе славиме по дискотекиве :)
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Значењето на квалификации, од медиумски аспект, е секако помала од самата Олимпијада.
Но ако гледаме од натпреварувачки аспект, каде што на овие квалификации учествуваат редовни учесници на СП, Олимпијада и најдобрите од континенталните натпреварувања, е многу силна конкуренција. Според мене, ова е еден вид на мини-светско првенство и уживам во натпреварите како Македонија да учествува на такво нешто. До сега сме во првите 20 репрезентации во свет (12 до сега квалификувани на Олимпијада и овие 8 што се сега во четвтфинале) и тоа е огромен успех. А може и повеќе, и тоа многу.
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Еееее малце го иступевте на темава, ко божем на секоја Олимпијада имаме по миљон спортисти, па ова сега не било еуфорично. (n) Мене ми скршивте филм со муабетиве...(n) Ко Игор и неговото коментирање последниве два натпревари сте... Депресивни.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom