Драги членови

  • Креатор на темата Креатор на темата Ķајгана
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 јули 2012
Мислења
1
Поени од реакции
16
Возраст
35
Драги членови,

Се извинувам што толку долго време не сум ви реплицирала, но сум премногу зафатена со обврски и немам време да им вратам на десетици членови кои секој ден се жалат или се фалат. Да можам и да имам време, на сите би ви пишала.

Најпрво, сакам да им се обратам на сите тие што се жалат со нивните љубовни проблеми: МЕ БОЛИ ДАЛИ ПАРТНЕРОТ ВИ РАСКИНАЛ ИЛИ ВЕ ИЗНЕВЕРИЛ. АКО МИ ПЛАЧЕТЕ НЕМА ДА ВИ РОДАМ НОВ ИЛИ ДОБАР ПАРТНЕР. Не ги вреѓајте сите, не се сите исти, што да ви правам кога вие сте го одбрале најлошиот? Како и да е, не можам јас да ви помогнам па затоа не се ни трудете. Пробајте со алкохолот. Тоа секогаш е решение.

Второ, веќе сум стара и ноќниот живот не ми е многу интересен. Знам дека вам ви е интересно да се пофалите каде сте биле и колку сте испиле, но верувајте, после толку години слушање такви приказни веќе ќе ви се здосади. Колку и да сте испиле, колку и да сте пијани додека пишувате, мој пријателски совет е да престанете со алкохолот (освен ако имате љубовни проблеми).

Трето, иако ме привлекуваат луѓе што не одат по социјалните норми и клишеа, не сакам да ги читам секојдневно. Разбирам дека сте интелигентни и дека денешново општество оди само надоле, но не е интересно за читање.

За крај, ве молам одстапете од бескорисните секојдневи извештаи што сте направиле и што планирате да правите. Ова не е фејсбук. Не ме интересира дали ќе одиш на кафе после или планираш да се ладиш дома.


Бладорам за сите писма, многу ми значат и благодарам за поздравите со песни, но никој не ми ги погодил до сега, жалам. Не ја слушам музиката што вие ја слушате.


Засекогаш ваша (за жал),

Кајгана.
 
Драга Кајгана, ај седи матна и крчкај се на жешково !:sneaky:
 
Благодарам што сте искрени , и секако точно е дека општеството оди надолу !
 
Драги дупли јузери,

ЗАМАРАТЕ со вашите обиди за тролување, не сте интересни, ниту духовити, уште помалку смешни во обидите да привлечете внимание.

Искрено,
Останатите членови на Кајгана.
 
Има ли некој член на форумов што не мисли дека the God of trolling?
 
Второ, веќе сум стара и ноќниот живот не ми е многу интересен. Знам дека вам ви е интересно да се пофалите каде сте биле и колку сте испиле, но верувајте, после толку години слушање такви приказни веќе ќе ви се здосади. Колку и да сте испиле, колку и да сте пијани додека пишувате, мој пријателски совет е да престанете со алкохолот (освен ако имате љубовни проблеми).

Не лажи, 7 годинки имаш. Ај допиј го млекото и у кревет. :D
 
Не лажи, 7 годинки имаш. Ај допиј го млекото и у кревет. :D

не биди строга , рано е за у кревет . Сеа нека дреме на ФБ малце , покасно коа ќе залада нека иде да се истрча со другите форумчиња , па после млеко со Несквик па кревет :noze:
 
Back
На врв Bottom