Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
Од септември сум бруцош и се надевам на ФИНКИ во Скопје. Во кој студенски би ме советувале да одам и кога треба да поднесам документи за во студенски?

Гоце ти е најбиску
А за пријавување ќе кажат
 
Од септември сум бруцош и се надевам на ФИНКИ во Скопје. Во кој студенски би ме советувале да одам и кога треба да поднесам документи за во студенски?

Гоце, 20-30 мин ќе ти е пешки до факултет, а и супер е за живеење.
 
Деновиве треба да се испрати електронска пријава за студентски, така?
Барав информации на mon.gov.mk ама ништо не можам да најдам за студентски. Помош може?
 
Прво, се извинувам, нов член сум, не можев цела тема да ја исчитам барајќи одговор на прашањава.
Седел некој во студентскиот дом во Битола?
Како е, каква е состојбата?
Од септември сум бруцош,....
Ми се исплаќа да седам таму или стан да барам?

Ја седам во студентскиот во Битола. Состојбата е добра, чист е студентскиот, единствениот недостаток е тоа што има едно WC за цел спрат. Храната е одлична, кујната е отворена два пати на ден 12-14 45 и 18 - 19 45.
сеа и станот си има свои предности :) али за тие пари студентскиот е супер
 
Jaс лани живеев, добра е состојбата, плус годинава видов, подновен е не е како што беше. Е сега зависи во кој блок си сместен, во Д бев јас, таму ако сака некој мислам дека му е најдобро, на долниот спрат неколку соби за машки, горе сето женски:) и зато е тивко. Во Б мислам, таму се индијанците :P секој ден трешти музика, т.е трештеше, малку понемирно беше. Е сега малку неморални работи се случуваат али навика е :) ако некој сака таков живот че се прероди, јас го пребродив...........
 
Од септември сум бруцош.... . Кој студентски дом е најблиску до факултетот за Туризам и менаџмент - Скопје.?

Или, гледав огласи, цените за во стан со цимери, се од 70 евра до 100...... ама незнам што е опфатено во таа цена..
 
Гоце ти е на 10 минути пешки
 
Деновиве треба да се испрати електронска пријава за студентски, така?
Барав информации на mon.gov.mk ама ништо не можам да најдам за студентски. Помош може?
Ако бараш за бруцоши лани беше од 22ри до 28ми Август електронското пријавување.
И оваа година тие шо ги прашав ми рекоја исто, после уписите на факултет ќе се пријавувањата.
 
Од септември сум бруцош и се надевам на ФИНКИ во Скопје. Во кој студенски би ме советувале да одам и кога треба да поднесам документи за во студенски?

вака имаш 3 опции
1) пелагонија.. среден колку толку.. посебно ВЦ за секоја соба (~20 квадрати).. во соба по четвторица (имаш кревет шкаф.. една трпезариска маса - а и толку е местото) до Финки имаш редовно гратска линија 4, 24 што веднаш поминува до пелагонија (1000 во месец за слободна)
негативна страна (за мене не е баш,ама сите така велат) има многу албанци.. така да малку ќе припазуваш на некои изрази како смрт за ........... , а и упраникот е албанец
2)гоце... не е баш среден.. многу спратови (ако немаш став од лифтови ок тогаш)... собите се различни има апсолвентски (околу 5 кв за 1 човек) мали (~10 тина квадрати мислам за 3 дека се)... до дуплекси-две соби (~25 квадрати и нагоре, ама тие се веќе издадени уште пред да почне годината) може секаква да ти се падне......
има неколку блока..во некои блокови имаш ВЦ посебно во секоја соба... а во другите посебна „кујна“ за секоја соба (чешма лабаво и неколку висачи + екста штејкери за ако си донесиш фрижидерче).. нема албанци... има многу од источна мак така да се пија на мртво
3)стив според мене најдобра опција за машко...
гланц нова зграда за машки.... се е ново....собите се околу 15 - 20 квад за четворица... посебно ВЦ за секоја соба (се е ново внатре).. мислам дека има редовна линија 19 до финки... има малку албанци али 90 % од студентите ти се од источна мак.. така да ќе се изнаживееш студентски живот ако појдиш таму (мислам на секојдневни пијанчења, клец*ње... ова она) е сеа негативно е тоа што е едниствен студентски без читална, а ти пошто си на технички факс баш тоа ти треба..

твој е изборот
 
Прашањево нема врска со студентски дом.. ама ќе прашам.:X3:
3 - јца цимери ако земеме заеднички стан, по колку отприлика ќе ни дојде месечно, со се струја, вода, парно, интернет.. се што е потребно?
 
Гоце 14 спрата, 4 згради(блока) две згради со веце во соба, две со веце на спрат.
- 1-12 собите се сите исти за по двајца. Квадратурата околу 10-12 е. И не се издадени однапред
- 13-14 апсолвентски соби квадратурата ја погоди оприлика, но до нив потешко се стигнува
- Приземје брачни соби
- Се пие колку секаде

Стив квадратурата не е повеќе од 20.
Машките соби за по тројца се, а апсолвентските се 3 квадрати.
Автобус за до финки/феит број 2

Студентски живот има секаде ако си го прави сам да му е убаво
--- надополнето: 6 јули 2012 во 11:46 ---
Прашањево нема врска со студентски дом.. ама ќе прашам.:X3:
3 - јца цимери ако земеме заеднички стан, по колку отприлика ќе ни дојде месечно, со се струја, вода, парно, интернет.. се што е потребно?

Зависи колку е киријата за станот и квадратурата
Киријата 200-300 евра
Сметки за струја 2000-3000
Вода 500
Интернет 600
Парно 3000
цениве се отрилика ама секако вкупните трошоци за еден ќе ти се од 100 евра нагоре.
 
Ај некој нека каже за бруцоши процедурата, кога треба електронски да се аплицира и кога треба да се поднесат документи и што документи треба?
 
Овие денови треба да излезе конкурс за сместување на студентите од 2ра година па нагоре. Да помине тоа аплицирање па ќе има и за бруцоши. Мислам дека беше околу крај на август.

Аплицирањето е преку www.smestuvanje.mon.gov.mk. Tука имаш и листа на потребни документи - http://www.smestuvanje.mon.gov.mk/PotrebniDokumenti.aspx
 
Има ли соби само за 1 во било кој студентски,и дали само со врски се добива таква соба ? чисто информативно :)
 
Некој знај кога ке биди електронското аплицирање за небруцошите? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom