Александар Качаниклиќ имаше одлично деби за англискиот чемпионшиплигаш Ватфорд каде е позајмен од премиерлигашот Фулам.
20-годишниот Качаниклиќ, кој е роден во Хелсинборг, Шведска, но е со македонско потекло, неодамна од Фулам се пресели на позајмица во Ватфорд па веднаш дебитираше на извонреден начин во новиот дрес. Беше асистент на двата гола за Ватфорд во победата над Милвол од 2-0.
„Качаниклиќ имаше главна улога во победата на Ватфорд учествувајќи во двете акции за головите. Факт е дека Ватфорд доби квалитетно засилување на средниот ред“ - се вели во англиските извештаи за дуелот меѓу Ватфорд и Милвол вo Чемпионшип лигата.
Качаниклиќ своите први фудбалски чекори ги направи во Хелсинборг, од каде на 15-годишна возраст се сели во Ливерпул. Во фудбалската академија на Ливерпул минува три години по што потпишува договор со Фулам.
Настапува како организатор на играта во средниот ред, но и на левокрилната позиција, места кои се чини се болна точка и во македонската сениорска репрезентација.
Пред една година Александар Качаниклиќ истакна дека нема ништо против да настапува во македонскиот дрес, се разбира доколку добие повик. Пречка за тоа нема со оглед на тоа што досега нема повик и настап за националниот тим на Шведска.
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=5245