Ракомет, Лондон 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
17.066
Поени од реакции
16.635
london-2012-rings-small.jpg
Ракометот на Олимписките игри секогаш привлекувал големо внимание, нормално после атлетиката и пливањето, па и кошарката, тој е спортот кој носи големи возбудувања и секогаш полни трибини. За првпат на олимписките игри се појавил далечната 1936 година на игрите во Берлин.

На ракометниот турнир учествуваат 12 репрезентации, поделени во 2 групи од по 6. Во квалификациите за овој олимписки турнир учествуваше и нашата репрезентација, во конкуренција на Шведска, Унгарија и Бразил имавме три порази и не успеавме да се пласираме на турнирот во Лондон, но затоа ќе ги гледаме Шведска и Унгарија кои поминаа понатаму.

Женскиот дел од турнирот
(2 групи од по 6 репрезентации, најдобрите 4 од двете групи продолжуваат во 1/4 финале)

А група:
Русија
Ангола
Хрватска
Бразил
Црна Гора
Велика Британија

Распоред на натпреварите

agroupwomenog.JPG

agroupwomenog1.JPG



Б група :
Норвешка
Шпанија
Данска
Шведска
Јужна Кореа
Франција

Распоред на натпреварите

bgroupwomenog.JPG

bgroupwomenog1.JPG



Tитулата од последните олимписки игри одржани во Пекинг ја брани репрезентацијата на Норвешка која во финалето ја совлада Русија, бронзата ја освои Јужна Кореа, во мечот за трето место беше подобра од Унгарија.

Машкиот дел од турнирот
(2 групи од по 6 репрезентации, најдобрите 4 од двете групи се пласираат во 1/4 финалето)

А група:
Франција
Шведска
Исланд
Велика Британија
Аргентина
Тунис

Распоред на натпреварите

agroupmenog.JPG

agroupmenog1.JPG


Б група:
Шпанија
Хрватска
Унгарија
Србија
Данска
Јужна Кореа

Распоред на натпреварите

bgroupmenog.JPG

bgroupmenog1.JPG


Актуелен олимписки шампион е Франција, среброто на игрите во Пекинг го освои Исланд, а бронзата репрезентацијата на Шпанија.

Натпреварите од групната фаза ќе се одиграат во Купер Бокс
1232304_M02.jpg


А 1/4 финалето, 1/2 финалето, мечот за 3то место и финалето ќе се одиграат во Арената за кошарка
1238483_M02.jpg
 
Ќе има интересни мечеви на олимпискиот ракометен турнир..во женска конкуренција победникот најверојатно ќе се бара меѓу Норвешка, Русија и Данска, а тука може да се смета и на дебитантот на ОИ, Црна Гора, предводени од Бојана Поповиќ...од друга страна во машка конкуренција има силни репрезентации, моја прогноза е дека освојувачот на златниот медал ќе се бара меѓу Франција, Данска и Хрватска, иако во составот кај Хрватите нема да бидат Валчиќ и Шпрем..:)
 
Се е ова во ред но нешто фали........
А да бе, Македонија ја нема.
 
Не пишам во ова тема, ги нема нашите :(
 
Кај жените Норвешка стандард.
Кај мажите мислам дека Шведска ќе дотурка далеку и ќе освои медал. Покрај неа Шпанија, Хрватска, Данска и Франција во борба за медалите.
 
Женскиов ракомет можеби и нема толку да биде интересен, ама од машкиот ракомет очекувам многу. Хрватите ќе бидат ослабнати, ама секогаш се опасни, Франција за мене е број 1 фаворит, Данска фаворит број 2.
Како фаворити од сенка би ги ставил Швеѓаните, ама ќе треба ептен многу да се разиграат за да направат нешто повеќе.
 
Англија и ракомет :facepalm:
женската репрезентација преку оглас била праена..се пријавиле 5-6 стотини девојки и биле донесени стручњаци од Данска за да оценат кој се нај талентирани
 
женската репрезентација преку оглас била праена..се пријавиле 5-6 стотини девојки и биле донесени стручњаци од Данска за да оценат кој се нај талентирани
Значи пак парите го прават спортот. И појма да немаат за 5-6 месеци, со помош на врвни тренери и доктори, барем ќе ги научат правилата и ќе даваат по 15-20 гола на утакмица.
 
Значи пак парите го прават спортот. И појма да немаат за 5-6 месеци, со помош на врвни тренери и доктори, барем ќе ги научат правилата и ќе даваат по 15-20 гола на утакмица.
Британија ќе има женска репрезентација исклучиво за Олимпијадава.
 
Бразилките имаат многу јака опрема:cool: .. моментално играат против Хрватска, 8-8 е, 26 минута од прво полувреме.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom