Документарец за македонски гејмер

  • Креатор на темата Креатор на темата HoT IcE
  • Време на започнување Време на започнување
Документарецот ко документарец е океј.
И приказната за измамничката е потресна, жална.
Ама тоа што некој, било кој, би спичкал 2-3-4-5 години, по 8-9 саати на игра поради некои проблеми наместо да земе да ги решава проблемите практично, не можам никако да го разберам.
Што знам, јас не би можел да живеам така.
Не сме сите исти, некој се справуваат со проблемите на еден, некој на друг начин. Дечково од видеово, го одбрал начинот прегу гејминг да направи некој динар за да испадне од неговата ситуација. Тука има многу бенефиции, немаш работно време, дома си, со девојката/пријателите си постојано, немаш шеф кој може да те избрка од работа и да те направи да се чувствуваш полошо.. Многу убави пари се прават онлајн од игри, ти кажувам од искуство. + се канализира целата негативна енергија, убивајки виртуални човечиња...
Послено време се повеке се актуелизира гејмерстворо како начин на заработување, како на пример со Диабло 3, каде што можеш да заработиш убави пари на легален начин. Истото се спрема и со World of Warcraft. Не знам колку си запознаен со тоа.
Има многу народ што се посветени на гејмингот, зошто тоа да не се исползува за да се заработи некоја пара?
П.с.: Гејмерството ствара тешка завист, тешко се искоренува.
 
Стварно добар документарец за тие што имале колку толку искуство со гејминг самите , а иначе за парите гејмингот е една многу флексибилна , интересна и профитабилна економска зона што допрва ќе се развива. Дури сега ако малце повеќе се заангажираш можеш да правиш смешни суми пари како Дуци на пример преку шиткање итеми , голд итн. Преку livestreaming сега лежи многу кеш таму...ако имаш по 400-500 гледачи секој пут ко ќе се пуштиш праиш околу 4-5 илјади долари месечно .... youtube исто лежи добра пара али мислам дека уште неможеме ние македонците да стануеме партнери така да јебига.......итн итн. Дури и сега самите паблишери на игрите прават легално да можеш преку аукција во играта да шиткаш виртуелна валута за реални пари.
 
Дечково од видеово, го одбрал начинот прегу гејминг да направи некој динар за да испадне од неговата ситуација.
Значи муабетот е што првичната замисла на Дуле не беше да заработи пари па да ги плати долговите, туку едноставно ги занемарил и се внесол во гејмингот за да заборави на нив... тек отпосле се појавила шансата за заработка.
Принц сигурно мислеше на ова шо го пишав погоре.
 
Го најдоа исклучокот, а зошто не направат документарец со милионите други деца и возрасни што си го баталуваат цел (социјален) живот заради тој гејминг и ништо не добиваат (освен полошо здравје).

Од гејминг нема добивка, а ако ТИ мислиш дека си тој ислучокот (1 во милион) што ќе заработува од гејминг, слободно, пробај заеби си го животот :D


Инаку филмчето е добро, браво за играчот
 
Интересно... премалце views има, споделуваје сегде. Андријана ми е позната од негде ама не знам од каде...

Дали некој може да ми потврди дека интернет кафето во документарецот е она спроти т.ц. Бисер во Аеродром?
Имаше еднаш дота турнир, 10 саати стоевме на нозе.
Веќе ти одговориле за вториот дел...
А девојкава и мене од негде ми е многу позната, упм.
Инаку доста интересна приказна. :)
 
Да расчистиме само неколку работи пред да продолжи дискусијата.. гејмери (играчи) се сите оние кои редовно играат било какви игри. Редовноста варира од човек до човек: некои играат секој ден, некои само преку викенд; некои играат по 5 саати неделно, некои по 50.

Да, и тие што поминуваат по 10-15+ саати дневно играјќи една игра се играчи, ама и (многу поважно) зависници. Таквите луѓе кои не можат да се одвојат од играта со која се заразиле се многу мал дел од вкупната популација на играчи. Исто толку мал дел сочинуваат оние кои сериозно се стремат кон професионално играње преку кое би правеле пари. Значи: многу малку од тие кои играат игри се зависници од истите или планираат да заработат преку играње (e-спортови, трговија, било како).

Тогаш, зошто постои таа стигма, тој подбив со кој се сретнуваат многу играчи? Ако играат по саат-два на ден, како да прават нешто валкано, како да си го уништуваат животот. А, најчесто тие кои ги фрлаат таквите навреди киснат во обложувалници, пред телевизор или на Facebook... која иронија.

И, дали секој од десетиците (или стотици) милиони луѓе/деца кои секојдневно играат било кој спорт смета дека баш тој е исклучокот од правилото и дека ќе стане професионален спортист? Или едноставно играат со пријатели за забава или колку да им помине времето?
 
Одличен документарец... Секоја чест за Дуле и неговата искреност (y)
Ретко кој би останал здрав и прав после една таква фамилијарна турбуленција.
 
Интересна приказна .. ама некако некои делови ми се ептен глупи ..
пример коа вика дека изгледал ко да е од Етиопија , а имал 85 кг Dafuq ?! ..
Второ коа вика дека се повлекол на подолг период поради грип , грипот брзо се лече ..

Инаку психички , случките кои му се десиле предходно можат да влијаат врз тоа тој да се повлече од социјален живот. И ако е гејмер не значи дека е фрик или пичка оти седел и нишо не превземал се додека не му се јавила шансата.
 
И, дали секој од десетиците (или стотици) милиони луѓе/деца кои секојдневно играат било кој спорт смета дека баш тој е исклучокот од правилото и дека ќе стане професионален спортист? Или едноставно играат со пријатели за забава или колку да им помине времето?
Во близина на зградата во која живеам има кош... Пред 10 - 15 години децата чекаа во редица да играат баскет. Ќе почнат да играат најмалите, ќе дојдат поголеми и ќе ги избркаат ( ај бегајте копиљаци ), потоа ќе дојдат уште поголеми па ќе ги избркаат овие „ копиљаци “. Па потоа уште поголеми ...
Денес околу кошот ретко гледам деца постари од 5-6 години, се е друго на компјутер.
Мислам дека се работи за интересна општествена појава. Тука не се парите главни.
 
Најглупа игра е конкуер на сите времиња.Кога се тепаа по ново лисиче зошто му украл итеми беше врвот.
 
Не го знаев ова за Дуци, чисто за инфо мислам дека сега работи на солидно место во томато продукција, значи успеал во животот и покрај проблемите.
 
И претераното висење на компјутер не чини, во слободно време(после секојдневните обврски)ОК но не претерано ................ сепак човек треба да живее во реалноста и да се бори со своите проблеми, не да се предава и да бега во виртуелните(гејминг)светови, но во секој случај подобро гејминг(т.е.спиење на компјутер), отколку пијанчење, дрогирање, коцкање, кражби, насилство...
 
Го најдоа исклучокот, а зошто не направат документарец со милионите други деца и возрасни што си го баталуваат цел (социјален) живот заради тој гејминг и ништо не добиваат (освен полошо здравје).

Од гејминг нема добивка, а ако ТИ мислиш дека си тој ислучокот (1 во милион) што ќе заработува од гејминг, слободно, пробај заеби си го животот :D


Инаку филмчето е добро, браво за играчот

Иако е предобар документарец, мене ова ми боде во очи откако го изгледав. Навистина се ептен ретки ваквите случаи што заработуваат, повеќето само си го сјебуваат социјалниот живот.

Значи, во вакви радикални рамки гејмингот не може да помогне, освен кај исклучоците. Пишав и на видеото, сумите не требаше да бидат кажани, ќе се попалат деца како млади мајмуни по игриве сега...
 
Живеам во Ново Лисиче и многу ми е познат дечкото. Кец го познав, кљапо шема, но не се сеќавам и на Дуце. Ако некој од НЛ знае нешто повеќе нека пише по ПП за Дуце, многу ми е мило за него. Ме трогна ова што го кажуваше. Жал ми беше за проблемите, но барем сега си го вратил животот во нормала
 
Го изгледав цел филм...
Според мене, тие што играат игри, само го губат здравјето за ништо.
Не ми е јасно, што младите ги тера да бидат „ гејмери “?
Дали е тоа желба да победуваат, да на тој начин се истакнат?
Би замолил некој кој постојано игра, да опише што е тоа што го наведува на тоа. Како се чувствува додека игра ?
Друже се што е со мера е во ред проблемот е кога ќе забегаат во виртуелниот свет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom