Гледан ми е филмот, супер е ме бендиса многу приказната, само сакам повторно да го изгледам но..
This video contains content from The Orchard Music and EMI, one or more of whom have blocked it in your country on copyright grounds.
само дали ќе може тој што го прикачил да го постави негде на вимео ил сл, пошто вака неможе да се гледа баш од секоја земја.
Најдобро е на YouTube каналот да му пишеш приватна порака и да го среди ова, јас неможам да помогнам, јас само ја отворив темата овде.
Документарецот ко документарец е океј.
И приказната за измамничката е потресна, жална.
Ама тоа што некој, било кој, би спичкал 2-3-4-5 години, по 8-9 саати на игра поради некои проблеми наместо да земе да ги решава проблемите практично, не можам никако да го разберам.
Што знам, јас не би можел да живеам така.
Види Принц, потполно си во право, се разбираме, но мислам дека не си бил во таква ситуација кога прибежиште ти била игра на која си лечел фрустрации.
Јас потполно го разбирам Редак, и затоа се потресов и од приказната, бидејќи јас пред 4 години бев во иста кожа, имав голем талент за фудбал, и кога требаше да почнам да тренирам професионално во Вардар, се повредив играјќи фудбал во маало, и мојот сон неможеше да се исполни заради докторите кои појма немаа што е работата со коленото, и сета моја нервоза и депресија ја лечев на Кантер Страјк, и ми многу помогна веруј. Сега кога сето тоа е надминато, веќе сум и возрасен, знам дека тоа никогаш повеќе не би го направил тоа, но потполно го разбирам Дуле.
И јас да искоментирам околу приказнава... ја однесов мајка ми на сигурно, и... што станало со мајка му. После тоа му доаѓа како да живее сам, се разболува и е сам, девојката го вика да живее кај нејзе-сам, се преселуваат сите кај него, итн, итн... Ок, можеби е прекраток филмот за детали, ама пак ми боди очи.
Ова е документарец. Не е драма од Холивуд, мене таквите детали воопшто не ми пречат. Приказната е феноменална и многу поучна, респект за сите кои вложиле во документарецот, затоа што ретко се дешава нешто вака квалитетно од аспект на приказна и поука да излезе у МК.
Единствено што ми боде во очи е тоа што го рече Мац, дека не требаше да се спомнат суми, али ајде, тоа е се десило.
Верувам дека видеото многу деца ќе попали да прават пари преку игри, можеби на некој и ќе му успее. Јас лично мислам дека може да се спечали на овој начин, затоа што сите игри што се прават се free2play, а уствари се врти огромен кеш преку продажба на itemi. Многу професионални играчи на metin2, League of Legends, Dota 2, WoW, Team Fortress и не знам уште која таква игра, прават огромни пари на начинот на кој Дуле се извади од проблемот со пари. Но неможе секое дете ова да го прави, ако веќе се решава некој на вакво нешто, тоа би било некој креативен како Дуле во случајов, или некое инвалидизирано лице(нозе, грб, whatelse) кое ќе најде чаре да има занимација и воедно да прави пари.