Македонија - Доминиканска Република | Квалификации за ОИ, Лондон - 1/4 финале [петок 23:30 ч.]

Статус
Затворена за нови мислења.

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Од колку саат се игра според македонско време? Не можев да најдам никаде на интернет.
Не се знае уште. Утре ќе објават. :)

Се надевам на победа иако и пораз не би ме изненадил.
Само црврста игра, ништо друго. Ако ги надскокаме под обрачите наши се. ;)
 
Член од
27 мај 2012
Мислења
265
Поени од реакции
124
Скокови, добра одбрана и изградени шутеви. Сигурно го знае ова и Лазовски, би требало да не демантира за досегашните критики. И после дај боже ќе има фештаа до касно во ноќта.

Јас би сакал мечов да е во првите 2 термини (17.30 или 20.00) пошто петок вечерта идам на одмор, а нормално не сакам да го пропуштам мечов. За полуфинале ако биде ќе се снајдеме некако, би требало да има на ТВ во Грчка.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351

PPG = points per game​
RPG = rebounds per game​
ORPG = offensive rebounds per game​
DRPG = defensive rebounds per game​
ASPG = assist per game​
FG2P = field goals per game​
FG3P = 3 points field goals per game​
FT = free throws​
Според статистикава ако овие не се повампират а ние забележиме нормален број на скокови (пошто ова што го вика статистикава значи дека сме под-просечни за скокови) тогаш би требало да ги победиме Доминиканциве

Јас сум оптимиста. Единствено се надевам дека конечно ќе има добар коеф. за победа на МКД :D
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.664
Поени од реакции
35.310
Без разлика на високиот пораз со Русите, чоколадниве се покажаа како незгоден и квалитетен противник, кој во никој случај не смееме да го потцениме и ќе биде пречка на патот кон Лондон за нас.
Доминиканциве играат динамична и брза кошарка во која се инсистира на акции под кошот повеќе отколку на шутирање од дистанца и од полудистанца. Перица и Пеџа треба добро да се испотат.
Доминиканците во неодамнешното финале на Центробаскетот го совладаа Порторико (кој неодамна два пати убедливо не победи) и тоа среде Сан Хуан, но топката е округла и се е возможно.
Ни под разно не смееме да ги потцениме,еуфоријата и притисокот треба да се елиминираат, но со добра, координирана тактика, смирен и изграден напад, цврста одбрана ќе ги имаме во рака.

П.С. Ако славиме победа ставам аватар од Газовски како извинување за неговиот лик и дело :icon_mrgr:
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614

Ова е прв пат да не се сложам со мојата омилена форумџика:D

Мислам дека чоколадниве се најлесниот противник што можевме да го добиеме, од 8 те што се во 1/4 финале.

Ал Хорфорд е моторот на тимот, кој лесно ќе го сопрат.

По она што го има у свое педигре од НБА лигата, лесно паѓа на провокации и малку погруби прекршоци константно направени врз него. А тука е џокерот Чековски, па и Николовски кои ќе прават лични врз него.

Ако Хорфор не игра како што треба, ДОминикана сигурен сум, ќе ја задржиме околу 65 поени, што би требало да донесе сигурна победа.
 
Венецуела,Порто Рико,Ангола се послаби од нив :P
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Венецуела,Порто Рико,Ангола се послаби од нив :P
ПА не би рекол дека Порторико е послаб од нив. Ни покажа убао у припремите.

Венецуела е домаќин, и стално домаќинот е силен противник.

Е јеби га, за жал Ангола не можеме пак да ја добиеме:P
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.664
Поени од реакции
35.310
Ова е прв пат да не се сложам со мојата омилена форумџика:D

Мислам дека чоколадниве се најлесниот противник што можевме да го добиеме, од 8 те што се во 1/4 финале.

Ал Хорфорд е моторот на тимот, кој лесно ќе го сопрат.

По она што го има у свое педигре од НБА лигата, лесно паѓа на провокации и малку погруби прекршоци константно направени врз него. А тука е џокерот Чековски, па и Николовски кои ќе прават лични врз него.

Ако Хорфор не игра како што треба, ДОминикана сигурен сум, ќе ја задржиме околу 65 поени, што би требало да донесе сигурна победа.
Е ај може ќе се сложиме некако :D

Убедена сум дека европската кошарка ни лежи повеќе или можеби тоа се должи на фактот што до сега не сме имале можност да си ги одмеруваме силите со неевропските репрезентации,
Не велам дека се непобедливи, уверена сум дека нашата златна репрезентација има искуство, знаење, капацитет да се носи со било која репрезентација, не за џабе сме 4-ти во Европа;)
Првиот пораз со Ангола ме враќа во Литванија која несреќно изгубивме од Црна Гора, па доживеавме ренесанса и стигнавме во четвртфиналето. Не гледам зошто не би можеле да го повториме тој успех, НО,,,
Хорфорд денес потврди дека е најдобар поединец на чоколадниве и е централна фигура, но не е и единствена опасност во тимот предводен од еден Џон Калипари и некогаш најдобриот тренер во НБА-лигата, Дел Харис.

Што ни преостанува нас,
- да бидеме попаметни од противникот,
- да влеземе во игра со ладни глави
- да играме цврста одбрана
- да не се глупираме со тројки, кој од каде и кој ќе стигне да шутира
- изграден и сигурен напад.:P
-
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.939
Поени од реакции
16.238
На 2 меча до Олимпијада, кој би рекол...
Барем до пред година дена бевме далеку, не ни помислувавме на нешто овакво што сеа ни се случува, само да не испадни сеа блиску, но сепак далеку од Лондон :) Кога веќе сме тука да ја искористиме шансата која ни се нуди.
Ако не бидне, па не е крај на светот, наредна година не чека ЕП во Словенија каде ќе сме далеку по искусни и ќе знаеме како со појаките репрезентации.
 
Член од
19 јануари 2012
Мислења
56
Поени од реакции
37
Освен од Хорфорд според акумулираната статистика на Доминиканциве за првите два меча, треба да се пазиме од Џек Мартинез, има севкупно 37 скокови(наша цела репрезентација=48), ама па затоа процентот за слободни му е очаен, треба да го искористиме тоа.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.664
Поени од реакции
35.310
ПА не би рекол дека Порторико е послаб од нив. Ни покажа убао у припремите.

:P
Доминиканциве во неодамнешното финале на Центробаскетот го совладаа Порторико, на домашен терен среде Сан Хуан:pipi: Истиот оној Порторико кој нас ни го плесна 2 пати и тоа убедливо:cenzura:
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
На 2 меча до Олимпијада, кој би рекол...
Барем до пред година дена бевме далеку, не ни помислувавме на нешто овакво што сеа ни се случува, само да не испадни сеа блиску, но сепак далеку од Лондон :) Кога веќе сме тука да ја искористиме шансата која ни се нуди.
Ако не бидне, па не е крај на светот, наредна година не чека ЕП во Словенија каде ќе сме далеку по искусни и ќе знаеме како со појаките репрезентации.
Јас помислував и зборував дека ако некој помине на Олимпијада тоа ќе бидат кочаркариве на чело со Меккејлеб.

Уште они останаа да играат со срце, без перверзии од типот да игра брат ми или јас не играм.

Сигурен сум дека идеме у Лондон.

Ја добиваме Доминикана, и после тоа имаме две меч топки. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom