Македонија - Доминиканска Република | Квалификации за ОИ, Лондон - 1/4 финале [петок 23:30 ч.]

Статус
Затворена за нови мислења.

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351


Петок (спрема сабота) е денот кога Македонија игра уште еден да се биде или не натпревар на овој турнир. Ама ние веќе се навикнавме на вакви мечеви. Играме со Доминиканска република.Репрезентација која што се изнамачи со Кореа да стигне до пласман во 1/4 финалево. Ама тоа не е причина за потценување бидејќи ние во нашиот прв меч.....уствари ај подобро да не се потсетиме на тој меч.

Нашите имаат еден ден повеќе за одмор од Доминиканците. Се надеваме дека нашата репрезентација на чело со Лазовски го искористила тој ден максимално. Ако се учи од грешките тогаш нашите имаат неколку лекции за учење.

Тие имаат НБА ѕвезда во името на Хорфорд ама затоа ние ги имаме Бо,Перо,Предраг,Владо,Ѓорѓи,Тодор,Дамјан,Владо и пред се лавовско срце






Се надевам дека поракава е пренесена кон кошаркарите и дека тоа ќе ги мотивира максимално и дека ќе ги потсети дека и ако физички не сме присутни во земјата на Хуго Чавез сепак сите со мислите сме во Венецуела.

Се надевам оваа порака ќе има можност да стигне до нашите најголеми херои во Венецуела. Во името на секој жител во Македонија, сакам да ви се заблагодарам за се она што го давате за нас, продолжете да се борите со лавовското срце кое го носите во вас, притисокот што го чувствувате претворете го во позитивна енергија, бидејќи ние секогаш ќе ве славиме. Македонското срце кое го носите во градите ќе ве издигне над напорната сезона што ја имавте, ќе ве издигне и над Русија или Доминикана сеедно. Следува дуел за вечност, победете и добивате бесмртност. Цела Македонија дише заедно за секој постигнат поен, цела Македонија го остава срцето во одбрана на нашиот кош заедно со вас, цела Македонија е неверојатно горда на вас, цела Македонија дише за вас. Момци, фрлете не уште еднаш во солзи радосници, покажете што значи да се биде Македонец. Капетане Перо Антиќ, држете го правецот, ќе помине оваа бура, никој не може да го потоне бродот наречен ’Македонија’. Два милиони патници се во тој брод и заедно ќе поминеме низ се. Ве сакаме, ве бодриме, и ќе ве славиме без разлика на се
Игорче е тука,Симо е тука,сите сме тука за кошаркарите.Терминот за мечот ќе биде објавен утре ама без разлика во колку часот ќе играме едно нешто е сигурно,а тоа е дека ќе славиме цела вечер и цел ден.

За мечот со Нов Зеланд Симо ни донесе среќа. Бидејќи ова е 1/4 финале на помош го повикувам и Игорче покрај Симо :)


Секирата рже од што е наострена.Само останува да дојде Петок и да сечеме Доминиканци и да кинеме Доминканки

 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.137
Поени од реакции
8.098
нас 1/4 дуели ни одат(ја поебавме литванија)
сега на ред се овие Домениканциве
не се резбирам многу од кошарка..ама знам дека ако тепат нема да се спие цела ноќ
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Што ќе направиме? Ќе победиме, ама...

Прво еуфоријата секогаш кај нас е предвреме, да ја оставиме за после мечот.
Се надевам дека ќе влеземе во мечов со ладни глави, притисокот е огромен со оглед на значењето на мечот. И се надевам дека нема да влеземе во бркотница со овие. Видовте Русите колку искусно под кош ги растурија со проигрување, без притоа да ги навлечат наконтри. И секако скоковите кои се важен фактор. Ако ова заедно со агресивната одбрана функционира можеме да се сметаме за полуфиналисти на чекор пред Лондон. Во спротивно со брза кошарка и премногу шутеви а три го губиме мечот. Овие не се наивни, близу им е Америка имаат таму по некое искуство собрано :D
Напред Македонија!
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Ја сакавме Доминиканска република еве ни ја со сe своите Нба играчи ( Гарсија и Хорфорд), со двајцата универзитетски играчи, со своите победи во подготвителниот период...

Ние имаме искуство, квалитет, тактика... Очекувам агресивна одбрана, конечно да ни тргне шутот и уше милион вакви потези:


СРЦЕ НА ТЕРЕН МОМЦИ, ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА Е СО ВАС!

ОДИМЕ НА ПОБЕДА!

563346_3383204382131_725160776_n.jpg
 

sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.231
Поени од реакции
337
Реално тешко да победиме играат многу брза кошарка која едноставно ке не умори и скрши, дај боже да грешам ама според мене толку ни е силата јеботе.
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.224
Поени од реакции
7.307
dragonsky пиши си таму во титула профи отварач на теми. те бива!
 
Член од
5 август 2008
Мислења
558
Поени од реакции
180
Од колку саат се игра според македонско време? Не можев да најдам никаде на интернет.
 

V1kTo.Or

Талкач
Член од
16 август 2011
Мислења
504
Поени од реакции
304
Да не биде како против Ангола , онака наивно како да играме против некоја европска репрезентација .
Мора храбро цврсто , Перо и Самарџиски скоковите барем на тој меч да се во наша корист .
Авторитетот да биде на тренерот , да не толерира грешки денес Blatt како ги средуваше за секоја грешка русите :cuc: .
Со среќа во петок Македонијооооооо:vozbud: и да кој термин ќе играме или уште не е одредено o_O?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Инаку Дом.Реп. изигра пријателски турнир во Венецуела со цел подобро да ја осети салата.

Овие им беа резултатите: (иако се само пријателски мечеви и ништо не значат сепак би било добро ако нашите ги проучат тие мечеви)

-Изгубија од Ангола 72-67

-Го победија Јордан 89-80

-Ја победија Венецуела 88-84


Во пријателските мечеви се мачеа со каде каде послаби екипи. На турниров се мачеа со Кореа.

Реално мислам дека имаме добра шанса да ги елиминираме
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Нека гледа Лазовски статистикава тие скокови може да бидат крај за нас мора да се подобриме денес ги натскокаа највисоките играчи Русите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom