Не ја научија истата грешка од претходните подготовки, дека противници не треба да се бараат на лице место, туку треба уште од овде да си направат целосен распоред...
Здравје, подготовки како подготовки, се надевам бар се спремиле кондициони. Незнам само што се чека на прашањето за напаѓач. Ете го првиот меч ен за 2 недели, требаше да имаат некого во план веќе...
Или па може има некој на подготовки а нашиве медиуми ги нема да известат. Мада и на самата страна на ФКВ треба јасно да се каже кои играчи се на проба а не да дознаваме од разно разни портали. Што ако се открие, божем некој друг ќе ни ги лапне тие играчи
Друга работа, од последните два меча можам да забележам дека одбранава на БАТЕ иако мислев дека им е најсилен дел, ми изгледа како Швајцарско сирење. Па голманот е жива смешка, прима голови од 30 метри, а на претходниот меч скоро од корнер му го бапнаа. Тотално негова вина, беше подизлезен очекуваше нафрлување, и овој по земја од мртов агол му го здена...
Изгледа слабо им оди кога треба они да напаѓаат, а во контри на противникот катастрофално се трансформираат во одбрана. Бековите бркаат по средина, и се остава голем простор...
Како и што напоменав според мене најголемата опасност доаѓа од средњаците ренан Брешан и Дмитри Баха. Овој вториов го искинаа на претпоследниот меч, си помислив ќе паузира, ама ете го настапувал и против Динамо Минск...
Мислам дека во Минск треба да излеземе со позатворена формација, со 4 во одбрана, плус еден пивот...
Нешто отприлика вака би излегол јас да бев тренер
ЗАХОВ
ИЛИЕВСКИ ТАНЕВСКИ БОЈОВИЌ/ВАЈС АЛЕЧЕНВУ/ЦИКАРСКИ
ОСА
ПЕТРОВ РАНЃЕЛОВИЌ ГЕОРГИЕВ
СТОЈАКОВИЌ
КОСТОВСКИ
со тоа што Петров и Георгиев почесто би оделе во напад...