Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
30 декември 2007
Мислења
792
Поени од реакции
327
Кромберг и Шуберт има 15.000 вработени во целиот свет па многу нелогично звучи тоа дека кај нас ќе имало 2.500 вработување. Веројатно и ова ќе остани на 300-400 лица.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.865
Поени од реакции
23.249
Кромберг и Шуберт има 15.000 вработени во целиот свет па многу нелогично звучи тоа дека кај нас ќе имало 2.500 вработување. Веројатно и ова ќе остани на 300-400 лица.
400 400 кој ти дава. поќе од ич.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Кромберг и Шуберт има 15.000 вработени во целиот свет па многу нелогично звучи тоа дека кај нас ќе имало 2.500 вработување. Веројатно и ова ќе остани на 300-400 лица.
А зашто нелогично?, кога доагаа тука да инвестираатдогаат тука за си ги скратат трошоци, за тебе нелогично е да инвестираат негде кај што ке имаат помали трошоци и 2500 вработени од 15 000 е ништо има компании кој се преселуваат од една земја во друга земја и речиси 100% го преселуваат производството. Економијата разбира само профит а со условите што ги нуди Рм во европа има една од најповолните услови за СДИ!
 
M

macgowan

Гостин
Кромберг и Шуберт има 15.000 вработени во целиот свет па многу нелогично звучи тоа дека кај нас ќе имало 2.500 вработување. Веројатно и ова ќе остани на 300-400 лица.
Се плашев само да не има 2500 вработувања во наредните 20 години.
Ама повеќе од ништо не се плашам, поготово од кога разбрав дека градиме цивилизациски мостови со славен Казахстан.

Назарбаев е на власт таму последниот па...половина век*вклучувајќи го и СССР периодот) и е добар пример за инсталирање демократија во непријателско окружување и пример за однесување и реакција на неконструктивни делувања на опозицицијата и шалабајзерско понашање на економски упропастениот комшилук. Браво!
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Германци ќе градат фабрика за био-дизел кај велешко Оризари

Категорија:​
(нема гласови)​
Објавено: јуни 6, 2012 во 20:25​
Вкупно: 49 прегледи​
Германски инвеститори се заинтересирани за градење на фабрика за производство на био-дизел гориво во индустриската зона кај велешкото село Оризари. Мено Мулер, еден од двајцата германски инвеститори потенцираше дека нема да произведуваат штетни гасови и нема да се загадува животната средина.
„Ние работиме со зелена еколошка технологија, која подразбира потполно чист производствен процес со заштита на животната средина според европски стандарди“, рече Мулер. На прес-конференцијата беше истакнато дека тие очекуваат за месец до два да ги добијат потребните документи и да почнат да ја градат постројката која би требало да биде готова за шест месеци, а нејзината вредност се проценува на 12 милиони евра. Од инвеститорите беше истакнато дека постапката за пренамена на земјоделското земјиште во градежно е во тек и за тоа веќе разговарале со надлежните во општина Велес од каде ја добиле првичната поддршка за изградба на фабриката.
„Имавме информативни средби и со граѓаните на Велес, со жителите на селото Оризари и населбата Превалец и ја очекуваме нивната поддршка“, потенцира вториот инвеститор, Антон Корчак, кој вели дека инвестира во Македонија затоа што неговите корени се од велешко. Со отварањето на оваа фабрика првично ќе се отворат 30 работни места, но постои и можност за зголемување на вработените.

http://www.time.mk/read/d028f641ef/f6683b693c/index.html
Германска и македонска компанија во „војна“ за градежна парцела во Велес

Во Велес германски инвеститор и домашна компанија водат институционална војна за сопственоста над градежна парцела од 7 илјади метри квадратни. Германците сакаат да изградат фабрика за производство на биодизел гориво. Домашната компанија сака да гради туристички објекти. Постапката дополнително ја комплицира и стравот на велешани од евентуалното загадување на животната средина што може да го предизвика производството на биодизел горивото.​
Германски инвеститор и домашна компанија водат институционална војна за сопственоста над една градежна парцела од 7 илјади метри квадратни во Велес. Германците сакаат да изградат фабрика за производство на биодизел гориво, а домашната компанија да гради туристички објекти. Постапката дополнително ја комплицира и сензитивноста на велешани кон евентуалното загадување на животната средина што може да го предизвика производството на биодизел горивото.

За оваа парцела од 7 илјади метри квадратни на локација пред велешка Свилара, институционална војна водат странски инвеститор и домашна компанија. На неа германската фирма Град екологија сака да гради фабрика за производство на биодизел гориво додека сопственикот на комплексот Свилара, Дидо груп ја планира за комплекс од туристички објекти. Тие денеска на презентацијата на државната планска документација, од страна на Министерството за транспорт и врски, се натпреваруваа да докажат кој може да оствари право на сопственост врз парцелата. Домашната компанија за сојузници ги има фирмите кои работат во комплексот Свилара и месното население уплашени од загадувањето што би го предизвикало производството за биодизел горивото.

Но на страната на странскиот инвеститор застанаа екологистите од Грин Пауер. Тие сметаат дека фабриката за биодизел гориво нема да ја загадувала животната средина.

Инвеститорите денеска не сакаа да дадат официјална изјава. Кусо коментираа државата да одлучела што било пополезно да се гради на парцелата која и едните и другите сакаат да ја добијат.​
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Моментално пратам собраниски канал, и слушам и не верувам, 4 фирми со 1 вработен по фирма, оствариле приходи од 200 милиони евра за увоз на струја. Дајте да се здружиме тројца, да направиме инвестициски бум во Македонија :D
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.441
Поени од реакции
18.425
Моментално пратам собраниски канал, и слушам и не верувам, 4 фирми со 1 вработен по фирма, оствариле приходи од 200 милиони евра за увоз на струја. Дајте да се здружиме тројца, да направиме инвестициски бум во Македонија :D

Ете гледате, ОСМЕЛИ СЕ, си се осмелиле си направиле бизнис и ете паричка.

Пак вие седете пред монитори, абе земете работете...
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.865
Поени од реакции
23.249
Моментално пратам собраниски канал, и слушам и не верувам, 4 фирми со 1 вработен по фирма, оствариле приходи од 200 милиони евра за увоз на струја. Дајте да се здружиме тројца, да направиме инвестициски бум во Македонија :D
За жал не играме во иста лига, тие се прва лига , ние на мали голчиња пред зграда. Ете толку сме далеку ние од нив.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
Се плашев само да не има 2500 вработувања во наредните 20 години.
Ама повеќе од ништо не се плашам, поготово од кога разбрав дека градиме цивилизациски мостови со славен Казахстан.

Назарбаев е на власт таму последниот па...половина век*вклучувајќи го и СССР периодот) и е добар пример за инсталирање демократија во непријателско окружување и пример за однесување и реакција на неконструктивни делувања на опозицицијата и шалабајзерско понашање на економски упропастениот комшилук. Браво!
супер,изгледа Македонија се спрема да вложи во напредна ракетна програма :facepalm:
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Инвестиција од 23 мил. евра на „Империјал тобако“

Британската групација „Империал Тобако“ инвестира 23 милиони евра во Тутунскиот комбинат – Скопје. Парите ќе бидат насочени во модернизација и набавка на модерни машини, односно зголемување на продукцијата на цигари, а ќе биде подобрена и енергетската ефикасност на фабриката и заштедата на енергија.

Сите градежни активности треба да завршат до крајот на 2012-та. Производството од сегашните 7 ќе биде зголемено на над 10 милијарди цигари. Ќе се зголеми извозот во регионот и тој треба да надмине 7 милијарди цигари. „Империал Тобако“ е четврт најголем светски производител на цигари и поседува 55 производни капацитети во поголем број земји. Во Македонија Групацијата има 70% пазарен удел и се вбројува меѓу 15-те најголеми извозници.

„Со оваа инвестиција фабриката во Скопје ќе биде на ниво на најдобрите фабрики на Империјал тобако во светот” - изјави Ричард Парат, генерален директор на „Империјал Тобако ТКС“ за Јужен Балкан.

„Освен за зголемување на продукцијата на цигари ме радува што најголем дел од инвестицијата е насочен кон подобрување на условите за работа“ - вели Никола Коларовски, директор на фабриката на Империал Тобако ТКС во Скопје.

„Империјал тобако е присутен во земјава 10 години и сега ја зголемува првобитната инвестиција за дополнителни 23 милиони евра, што е најдобар показател за квалитетот на бизнис климата во земјава” - смета министерот за странски инвестиции Веле Самак.

„Империјал тобако“ се вбројува меѓу најмоќните тутунски компании во светот и лани во земјава откупила 3000 тони ориентален тутун, што се дистрибуира во сите фабрики на групацијата, а на земјоделците им исплатила 12 милиони долари. Империал Тобако е меѓу најголемите даночни обврзници и лани неговата контрибуција во буџетот надминала 76 милиони евра.
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ekonomija/54663/investicija_od_23_mil__evra_na_„imperijal_tobako“.aspx
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.754
Поени од реакции
12.216
И на Марс со лента и ножици ќе се слика само да покаже дека Македонија инвестирала во ...дурбин со кој ќе се гледа Марс

Овие инвестиции се редовни кај Империал тобако, а тие го имаат Тутунски цела деценија... Тогаш вложија во нови машини, линии кои чинеа големи милиони. Затоа, да...ова се инвестиции, но не благодарение на нашата влада него самата фирма си вложува во производството.
Кога ќе престанат еднашка да се сликаат дур и ако прдне некој странец?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Самак и на Марс со лента и ножици ќе се слика само да покаже дека Македонија инвестирала во ...дурбин со кој ќе се гледа Марс

Овие инвестиции се редовни кај Империал тобако, а тие го имаат Тутунски цела деценија...кога Веле Самак немал врска со министерување. Тогаш вложија во нови машини, линии кои чинеа големи милиони. Затоа, да...ова се инвестиции, но не благодарение на нашата влада него самата фирма си вложува во производството.
Кога ќе престанат еднашка да се сликаат дур и ако прдне некој странец?
Остај ги нека трипуваат малце.

На Македонија и' требаат гринфилд инвестиции кои отвараат нови работни места, ова е само реинвестиција во постоечка фирма. Баш ме интересира колку нови работни места ќе отвори оваа реинвестиција?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.754
Поени од реакции
12.216
Според информацијата од весник мислам дека нема да има има нови вработувања...не знам точно какви линии ќе купуваат па само шпекулирам. Знам дека кога го купија (отпрвин го купи Тобачна), зедоа нови машини и отпуштија дел од работниците.Додуша го подобрија квалитетот на финалниот производ и модернизираа производство.
Само нови преработувачки капацитети ќе го зголемат земјоделското производство

Тој потенцира дека потребни се големи инвестиции во македонските фарми, бидејќи во моментов многу малку ги задоволуваат европските стандарди.
„Државата треба да даде поголема поддршка за фармерите, зголемени субвенции за квалитет и за инвестиции во фармите за да можат да се сносат со новонастанатата состојба“, вели Анакиев.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
„ЗДРАВЈЕ РАДОВО“ ГО ПРОШИРИ ПРОИЗВОДСТВОТО СО ФАБРИКА ЗА СОКОВИ
Со сируп на растворање до европските пазари
Со асептична амбалажа и специјален начин на обработка се постигнува долготрајноста на сирупот, која кај други вакви производи се обезбедува со употреба на конзерванси
Млекарницата „Здравје Радово“ деновиве на пазарот лансира прв сируп на растворање во светот во асептична картонска амбалажа на „Тетрапак“. „Многу овошје во чаша“ е слоганот на кампањата за соковите „Натурана“, сирупи со врвен квалитет, кои наместо шеќер, вода, вештачки ароми и боја, нудат висок процент овошје, вели првиот човек на компанијата Јован Дабевски. Во првиот месец е планирано производство на околу 700.000 литри сируп, кој покрај во Македонија, ќе се консумира и во шест земји од регионот. Kомпанијата очекува во погонот на поранешната „Миа бевериџис“ со современа технологија во наредниот период да произведува три пати повеќе сокови и наскоро овие производи да го освојат и европскиот пазар.

- Во прва фаза е планирано нашето производство да оди и во регионот, каде и сега сме присутни - во Србија, Босна, Хрватска, Црна Гора, Kосово и во Албанија. Kога ќе помине првата фаза, значи Македонија плус шесте земји, ќе одиме на следна фаза - надвор од регионот, односно во Европа и земјите каде потрошувачката на сирупи е поголема, а производствените капацитети може да ја поддржат експанзијата. Значи 90 проценти од производството е наменето за извоз - вели Дабевски.

Специфика за производите е тоа што се произведуваат по нова технологија патентирана на светско ниво.

- Произведовме прв сируп во асептична амбалажа, со особено се гордееме. Досега не постои ниеден сируп во ваква амбалажа. Главната придобивка од оваа амбалажа е што во сирупот не се додаваат конзерванси. Досегашните сирупи без исклучок се работеа на принцип на пастеризација и за да се овозможи долготрајност на производот, содржат конзерванси. Нашиот начин на подготвување сокови подразбира пастеризација и дополнителни повисоки стандарди, односно со процес на асептичност се постигнуваат безбедност и трајност на производот - објаснува тој.

Освен производот со премиум квалитет, силниот маркетинг ќе биде основната алатка на компанијата, која ќе се обиде производите што кај нас речиси се исфрлени од употреба, односно се сметаат за демоде, да ги врати на пазарот.

- Откако ги направивме анализите на индивидуалните пазари и на потрошувачките навики во регионот и во Европа, дојдовме до сознанија дека сирупите помалку се консумираат во сиромашните земји, а повеќе во побогатите. На просторот на поранешна СФРЈ сирупите најмногу се консумираат во Словенија. Од европските земји најмногу се употребуваат во побогатите, како Англија и Германија, што е доказ дека ова не е „социјален” производ наменет за сиромашните. Подлабоката анализа покажа дека во посиромашните земји формулата за сируп е шеќер, вода и боја. За разлика од нив, сирупите што се користат во Словенија или во Хрватска имаат 3 до 5 отсто овошје. Затоа одлучивме во нашите сирупи да додадеме многу овошје, а таква е и медиумската кампања. Значи, од еден литар сируп се добиваат 7 литри сок, кои содржат од 14 до 25 отсто овошје во секоја растворена чаша. Односно, секоја чаша има минимум 5 пати повеќе овошје отколку сите други сирупи. Единствено не можеме да им конкурираме на соковите со 100 проценти овошје - вели Дабевски.

Тој смета дека ќе успеат да ги вратат навиките на населението да консумираат сирупи.

- Математиката покажува дека за 12-13 денари се добива еден литар квалитетен сок, а на пазарот нема квалитетен сок за тие пари. Свесни сме дека стандардот на граѓаните опаѓа и дека секој денар е битен и затоа и сметаме дека производот ќе биде консумиран. Знаеме и дека навиките не се менуваат преку ноќ, но веруваме дека секој што ќе го проба еднаш нема да се откаже од сирупот, бидејќи за малку пари добива безбедно пакување и врвен квалитет без конзерванси - вели тој.

Сите активности на компанијата од Нова година наваму биле насочени да се добијат квалитетни производи за што биле направени над 3.000 тестирања на разни групи испитаници, кои дале одлични резултати.

Брендот „Натурана“ е заштитен на светско ниво, како и самата технологија на производство. Има пет вкуса на сирупи - јаболко, лимон, боровница, портокал и мултивитамин, а наскоро се подготвуваат и нови вкусови. Иако откако ја купија поранешна „Ино спектар“ од млекарницата најавија производство на мешавини од сокови и млеко, идејата останува да се реализира во некоја од наредните фази.
Ме радуват вакви инвестиции. Прво се рестартира Битолската пивара, сега инвестицијата на Здравје Радово, кој мислам дека ја рестартират поранешната ИНО СПЕКТАР. Добро е што, нешто затворено повторно проработува. Со среќа нека им е и на газдите и на вработените.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom