Заинтересиран сум да купам акции на македонската берза, меѓутоа немам доволно информации и знаење за да започнам, а ризикот е голем, посебно кога станува збор за нашата берза. Имам одреден капитал кој го имам тргнато на страна токму за таа намена. Ја читав темава од почетокот, истражував за да дознаам нешто повеќе за нашата берза и за тоа како фунционираат работите, но тоа не ми беше доволно. Потребно ми е некој со искуство околу тргувањето со акции да ми објасни некои работи. Затоа тука ќе поставам неколку прашања кои се надевам дека некој од вас ќе може да ми ги одговори бесплатно
:
1. Колкав најмал капитал е доволен како за почеток да се почне со тргување на берзата и да се направи портфолио од акции? (Да речеме дали би биле доволни 1000 евра како за почеток?)
2. Чии акции според вас моментално се најповолни за да се инвестира во нив? Алкалоид по излезот на американскиот пазар? Топлификација со шпекулациите за негово преземање? Комерцијална Банка? Макпетрол? Рж услуги? Бетон? Гранит? Фершпед? Макстил?... Какво ви е искуството со овие компании?
3. Кога би бил најповолен период да се започне со инвестирање во акции на берзата иако не постои такво правило? Имам читано дека можеби најповолен период за купување е ноември-февруари кога акциите го достигнуваат најниското ниво, а во периодот февруари-мај е најповолен период за продавање кога цените се највисоки.
4. Ќе можете ли да ми препорачате литература, сајтови (освен mse.mk) кои ќе ми помогнат да ги откријам тајните на тргувањето со акции на берзата (освен она што го добиваме како основа од учебниците на економски факултет)? До сега ми ја имаат препорачано "Интелегентен инвеститор" од Benjamin Graham како добра основа...
5. Дали би можел да тргувам на берзата сам, да не биде брокерот тој кој ќе го прави тоа во мое име? Како да го направам тоа? Дали тоа се одвива единствено електронски?
6. Дали имате заработено добра пара преку тргувањето на берзата? Колкав беше вашиот почетен капитал?
Се што сакам е со мене да го споделите вашето искуство и така да ме охрабрите да излезам на берзата кога за тоа ќе дојде време. Вака неинформиран ни на крај памет не ми доаѓа да ризикувам со парите. Се надевам дека не претерувам со прашањата и ќе можете да ми помогнете. Ви благодарам.