Ромеу имаше повреда на колено, а како се повреди веруј дека никој не знае. Се работи за доста стаклен играч кој често се повредува.
Но има доста потенцијал во него, одличен е во дефанзива и има добра пас игра, но затоа што игра на позиција на која игра Микел тешко дека ќе дојде до израз освен за ротација, затоа што Микел е две класи подобар во дефанзива и читање на игра.
Конкретно споредбата на Гоки со Меирелеш е тиња, затоа што се два различни типа на играчи, а Раул се покажа како многу квалитетен играч во средина кој може да игра било каде, играч кој игра за тимот и кој беше клучна алка на тимот против Барселона во читање на играта на Барселона и креирање на контра напади преку нафрлени топки. Да не биде дека само го фалам Раул, тој имаше страшни денови во Челзи, некад неможе два паса да сврзе, но генерално е многу квалитетен играч кој мора да остане и следната сезона за ротација, кој има извонреден шут од далечина кој не однесе во полуфинале од ЛШ.
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 16:42 ---
Прегледај го приврзокот 45399