Помош: Барам еден филм!

-Rubik-

>>{- _ -}<<
Член од
31 октомври 2009
Мислења
315
Поени од реакции
101
Знам дека не е за тука прашањево,ама незнаев каде да прашам. Дали некој знае дали може да се најде кројач на дами-драмата на нет негде? постара драма е.
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Еј луѓе се надам дека некој го памти филмов :D Значи се работеше за едно дете кое се разбираше во компјутери ептен можда и хакер беше не знам, и имаше женска и играа една игра со женска му каде што се играше меѓу Америка и Русија а уствари „играва“ беше реална бидејќи битката со ракети што се водеше се одвиваше и во живо или така нешто. Па после нешто имаше Дефкон 1,2,3,4,5 ситуации па некој компјутер таму имаше што играше „икс-точка“ што го натера да помисли дека има игри каде што никој не победува или така нешто.

Значи горенаведените факти не се апсолутни и треба да се земат со одредена доза на резерва :D Филмот е пристар :P
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873

WarGames?
 
Член од
18 април 2008
Мислења
876
Поени од реакции
213
Ви текнува за еден филм пред неколку години се вртеше на некоја од телевизиите...
Се дознава дека има повеќе универзуми, и дека во секој од нив живееме ние... еден човек дознава дека една сила е поделена на истиот човек во сите универзуми, и почнува да патува и еден по еден ги убива сите свој `јас`... на крајот остануваат само 2ца со голема сила и секако добриот победува :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237

The One со Џет Ли, така оди приказната.
 
А

Анноун

Гостин
Кој е филмов што оди моментално на Сител 3 ?
- во женски затвор се одвива , строга бабичка ги чува , самици и мачења видов досега .

EDIT : најдено , Iron Jewed Angels 7.3 на ИМДБ . Солидно филмче.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.128
Цртана серија која играше на МТВ1 пред може 7, 8 години. Имаше некое кралство, и кралот имаше убава ќерка. Слугата сакаше да го убие кралот и да се ожени со принцезата, ама секогаш го спречуваше еден син рицар (витез) и неговиот пријател (зелен змеј, кој може да лета). Секогаш кога слугата немаше да успее во своите намери, се нервираше и стануваше жаба. Понекогаш кралството беше напаѓано и од викинзи.
Anyone?
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960

Ќе да е Nez de fer, Le chevalier mystère (или Мистериозниот витез Железен нос). На линков има информации, листа на епизоди и кратки содржини на епизодите, ама на француски е (цртанот е од француско-канадска продукција). Ако не разбираш, а те интересира, кажи ми за да преведам. И тука има краток опис со сликичка (ова го има и на англиски).

Тука има уште слики.

Еве го и почнувањето (од 1:34):
 
Член од
11 ноември 2011
Мислења
555
Поени од реакции
48
Дали може да ми кажете страница од каде што можам да симнувам филмови, како што беше ПиратеБај што веќе не работи.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.128
Ќе да е Nez de fer, Le chevalier mystère (или Мистериозниот витез Железен нос). На линков има информации, листа на епизоди и кратки содржини на епизодите, ама на француски е (цртанот е од француско-канадска продукција). Ако не разбираш, а те интересира, кажи ми за да преведам. И тука има краток опис со сликичка (ова го има и на англиски).

Тука има уште слики.

Еве го и почнувањето (од 1:34):
Фала ти многу, :cuc: иначе ако не ти е тешко, може да ми преведеш и да ми пратиш во порака зашто не сум многу по францускиот. :)
 
Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
Знам дека не е филм туку серија, ама прееска ми текна на поентата на серијата и сега многу ме мачи и + мислам дека е најсоодветна темава, па ќе си прашам тука.

Значи беше со една девојка што ги спасуваше луѓето од смрт. Во текот на денот ќе умре некој и после тоа мртвото тело ќе побара помош од неа, денот ќе се врати назад и она треба да ја открие причината за смрт и да го спаси човекот.

А и еден филм, беше со еден човел што му се уништи лицето поради несреќа, па девојка му рече ќе го напушти ако не си го среди со операција, па овој си го среди, ама од еднаш почнаа да даваат друг развој на дејство, како он зи замислува и незнаеш веќе што е вистина, а што си замислува човекот, на крај испаѓа нешто му направиле па он бил во сон/кома цело време и незнам на крај како заврши, чуден беше филмот,а и не ми текнува скоро ништо, пред можеби 10 години го гледав, а стварно ме интересира кој е.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom