Проблемот со овие е што се неменливи.
Во што е проблемот со неменливоста од догмите?
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 12:28 ---
. Без оглед колку е очигледно дека една догма е погрешна,.
Ајде, наведи ми една догма а веднаш по тоа, наведи ја нејзината очигледна погршеност.
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 12:29 ---
таа нема да се промени, поради тоа што менувањето на догмата ќе го растури целиот систем на односната религија..
Сакаш да кажеш дека, ако една единствена догма се промени, само заради една променета догма, би се распаднало вкупното вероучение?
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 12:36 ---
Пример за тоа е христијанството со своите повеќе од 38.000 (триесетиосумилјади) деноминации.
Во нашево „опипливо„ време, може да постојат 38 ‘илјадарки, но во некоја согледлива иднина, може таа цифра да се покачи...
Е па, кога во текот од првиот милениум, Светите Оци на вселенските собори ги одредуваа догмите од катихизисот, тие Светии се впуштија во одредување на догмите токму ради опасноста од од појава на некои „нови дечки„, кои, почнувајќи од Лутер па до ден-денешен, измислуваат свои заедници, кои, ради убедливост, ги именуваат како „цркви„.
Догмите го чуваат и штитат учењето од Црквата од сите новокомпонирани „цркви.„, кои внесуваат раздор меѓу луѓето.
Првите промени во учењето, кои се случија уште во 8-от век во римската Црква, со нарушувањето на догматите, беа причина за појавата на сите денешни самоименувани заедници, наречени „цркви„, кои, пак заради убедливост, измислуваат свои симболи на верата, свои, за Црквата, нови и непознати учења и новотарии...