Александров е Македонец , секој кој тврди поинаку е заслепен партиски војник.(точка)
И јас мислам дека е Македонец, ама многу контроверзен е.
треба за него сите документи да се извадат на виделина и
еднаш засекогаш да се расчисти. ама еднаш за секогаш.
јас лично мислам дека иако се борел против србите, поише
му идел газот накај Софија отколку за независна Македонија.
ама пак мора да се земат сите документи и факти во предвид.
не сега да ми се закачите вака онака. сум читал некои работи
ама тоа е капка во морето. и гледам тука некои цитати, ама
еден цитат не ја праи комплетна сликата. незнам дали има тема
во Историја за него, ама ако нема нека се отвори таму. Ако не на
државно, барем на ниво на форумов да ја решиме работава.
исто мислам дека сите муабети како „ова учевме, она учевме по
историја“ не се баш на место, затоа што е НЕПОБИТЕН фактот
дека оба што го учевме до 1991 беше под огромно влијание на
Белград. Така да не е ред со глава во ѕид, туку да се има отворен
ум и да се земаат некои работи со резерва.
Ако бил за Македонија бил, ако не, топење и биволица да праиме.