Користам 3мах пакет, и секој ден во 15-53 и 3-53 ми паѓа интернетот шо значи неам ни тв ни интернет, и потоа за 10 секунди пак се закачува и тера... оти иам динамична ип, мислам да не е до мењавањето, бидејки знам дека т-хоме адресите ги менуваат на 12 часа... али зошто се осеќа тоа, кај сите е така?
Доколку имаш Speedport 503V, а најверојатно имаш:
Oтвори
http://speedport.ip, или
http://192.168.178.1/.
Најави се со лозинката на рутерот, и кликни на ова:
Откако ќе се отвори тоа, оди кај Connection settings, каде што имаш опција рачно да го подесиш времето кога да го направи тоа дисконектирање.
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 18:33 ---
Зошто кога симнувам нешто, рутерот го прави следново? :
- И натаму симнува со фул брзина, но не отвара ниедна страница...
- Му слабее дометот (од 5, наеднаш на 2 црти паѓа, а не сум ни 5 метра од него)
- Пингот е ненормално висок (фул сигнал)
Симнувам со 1.2 мб/с константно (а порано преку истиот рутер симниував дури до 4.8мб/с, али после близу нели ги намали брзините за ЛАН зоните) и кога тоа ќе ми го напраи требам 2 пати да го рестартирам (или да го исклучам на 5 минути па да вклучам). Исто така ненормално се грее
Проблемот со бежичните врски, и причината зошто ги избегнувам се поради тоа што се не-толку предвидливи. Имено, можеш да бидеш на 10 метри од рутер кој зрачи со 100% јачина, и пак да имаш проблеми поради мал милион фактори.
- При симнување со максимална брзина, логично е да имаш проблеми со отварањето на страните, од проста причина што тоа отварање е всушност симнување на податоци, како што сите знаеме. Ама под проблеми, се подразбира бавно отварање, а не воопшто да не се отвараат. Доколку симнуваш податоци преку BitTorrent протоколот, пробај и намали ја брзината со која што симнуваш податоци. Скоро секој BitTorrent клиент ја поддржува таа можност. Намали ја за 20-30 kB (килобајти). Нема да ти смени којзнае колку тоа, а прави огромна разлика при отварањето на страните.
- Што се однесува до варирањето на т.н. црти, тоа може да е до уредот кој го користиш.
Доколку се работи за лаптоп, пробај помрдни го екранот (напред-назад) на лаптопот, оти таму обично ги сместуваат бежичните картички.
Како и да е, не би требало така да се однесува мрежата, ама како што реков, непредвидливи се.
Истотака, такви проблеми може да јават ако имаш некоја пречка измеѓу тебе и рутерот, без разлика дали се работи за стакло, завеса некоја, или маса.
- Латенција е времето кое е потребно за да се прати барање до друг компјутер (сервер) и да се добие одговор од истиот. Е сега, ако каналот на симнување, односно твојата интернет врска е целосно (90-95%) окупирана со симнување на податоци од некој друг извор, високата латенција, како што викаат американците, is a must. Доколку сакаш да играш, дури симнуваш податоци, намали ја брзината на симнување за 30-40%. Ако имаш доволно квалитетна врска, тоа би требало да го среди проблемот.