Книги кои би ги препорачале

Член од
30 мај 2012
Мислења
50
Поени од реакции
30
Калуѓерот што го продаде своето ферари - Робин Шарма
Затоа што те љубам,А Потоа - Гијам Мисо
и сите од Достоевски :)
Затоа што те љубам,А Потоа - Гијам Мисо
http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=1675
Калуѓерот што го продаде своето ферари - Робин Шарма
http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=41

КАЛУЃЕРОТ ШТО ГО ПРОДАДЕ СВОЕТО ФЕРАРИ од Робин Шарма
и
АНГЕЛОТ ЧУВАР - Пауло Коелјо
АНГЕЛОТ ЧУВАР - Пауло Коелјо
http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=7
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Мојата најомилена Оркански Висови - Емили Бронте
  • Beyond Good and Evil - Ниче
  • The Notebook of Leonardo Da Vinci - преведено од Jean Paul Richter
И се разбира се од руската литература :P
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Куранот и вселената

АВТОР:

дипл. проф по географија Елена Тренчевска

Шеријатска рецензија:
дипломиран теолог Али Шабани

Стручни соработници:
Бранко Прља
Лектор:
Љупка Тасевска-Латиќ

206 стр. 32 колор ; тврди корици
контакт: povikkonvistinata@gmail.com;
Цена:450 мкд
Книгата е достапна сега за сега во Скопје: Табернакул(Рекорд); Магор (Буњаковец); Икона(Рамстор приземје) и наскоро ќе ја има и во други градови.


Во Куранот се третирани многу важни теми за кои се заинтересирани научниците, било да се работи за земски или за небесни феномени, или за прашањата што се однесуваат на човекот. За секоја од тие теми се дадени цитати од Куранот. Постојат голем број на цитати кои говорат за научни феномени и нивниот број е над илјада. Во книгава се извадени околу 300 цитати кои се однесуваат директно на создавањето на небото и земјата, но поради обемноста овде ќе бидат разгледани најбитните.
Освен цитати кои посебно го опишуваат создавањето, четириесетина други цитатиза астрономијата донесуваат прецизни податоци кои се комплетирани со овие податоци наведени овде. Некои од нив се само размислување за славата на Создателот и на Организаторот на сите ѕвездени и планетарни системи, за кои знаеме дека се распоредени во рамнотежа чие одржување Њутнго објаснил со помош на законот за меѓусебното привлекување на телата. За да се разбере потполно тааследственост иприказот која ни го нуди Куранот, ќе оставиме самиот Куран да си го каже своето. За таа цел, секој цитат од Куранотво врска со небото или универзумотпосебно е обработен и е направен обидда му го дадеме своето вистинско значење и да гиповрзавме модерните аспекти на науката со традиционалниот начин на толкување на Куранот.
Во оваа книга направен е обид да се приближи на читателот додлабочината и важностакоја ни ја нуди Куранот. Поглавјата кои се обработени се:

1. Почеток на создавањето
2. Големина и состав на Вселената
3. Небесни тела
4. Планетата Земја и нејзините феномени
5. Космички закони и феномени
6. Освојување на Вселената
7. Крај на светот

Презентационо видео на книгата.
 

KilerBee

Русалка
Член од
13 април 2011
Мислења
57
Поени од реакции
85
"За љубовта и другите демони" , "Сто години самотија"- Г. Маркез, "Митологика" - Вилијам Батлер Јејтс, " Генетика на кучињата" - Венко Андоновски, " Историја на светот во 10 ипол поглавја" - Барнс, и СЕ од Шекспир ама на англиски :icon_mrgr:
 
Член од
2 август 2011
Мислења
383
Поени од реакции
653
Можеби ке делувам кич, но мислам дека сите треба да имаат прочитано барем едно дело на Ден Браун. Од најдобрите би ги издвоила:
„Кодот на Да Винчи“
„Ангели и демони“
„Загубениот симбол“
„Точка на измама“
„Дигитална тврдина“
 
Член од
27 мај 2012
Мислења
186
Поени од реакции
112
Моќта на креативното мислење - Норман Винсент Пол.
Братучетка ми почна да ја чита и ми кажа дека навистина оваа книга и помогнала да мисли позитивно, да се надева и да има верба во Бога. Иначе книгата има 4 изданија од кој едниот е ''Животот може да биде полн со радост''. Овие денови ќе одам да го земам ова издание и ова лето ќе ја прочитам, зашто сигурен сум дека и мене ќе ми помогне :).
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.198
Поени од реакции
5.373
Заговорот Моцарт од Скот Маријани ... една од подобрите кои сум ги читал до сега ... едноставно романот не те остава рамнодушен се додека не го прочиташ...
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Ако го почитувате Достоевски ви ја препорачувам - Таткоубиството на Достоевски од Сигмунд Фројд.
Моментално го читам Фројд, зедов три книги, гореспоменатата, Мојсеј на Микеланџело и Еден спомен од детството на Леонардо да Винчи. За првите две имате препорака, третава ќе ја почнам деновиве...
Болдираните на една книга да не се двете? (На Ѓурѓа)
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
Бертранд Расел - „Мудроста на западот

Кратка историја на филозофијата (~~околу 400 стр.). Општо ниедна историја на филозофијата неможе да го замени читањето на оригиналните дела на филозофите. Но тука Расел на генијален начин дава ретроспектива на развитокот на западната цивилизација од првите филозофи во Јонија па се до идеите на XX-от век. Скалило погоре за секој оној што ја прочитал „Светот на Софија“ на Гордер. Ја препорачувам на сите љубители на филозофијата и историјата.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.967
„Снег“ - Максанс Фермин

Книгава е pure poetry. Јапонска приказна раскажана преку мудроста на хаикуто, исполнета со белина, свежина и блескавост. Снежност... Ќе ја прочитате за максимум половина час бидејќи е мало, кусо романче што не ве остава мирни додека не го завршите.
Како да читате бајка. Уметност и чисти чувства. Роман бел, како студена снегулка што ви паѓа на дланката и долго потоа ја чувствувате нејзината свежина. Такво е чувството по прочитот за доживувањата на Јуко Акита.

Стилот на Фермин е споредуван со оној на Барико. За сите што сакаат поезија и чисти реченици, топла препорака. И еден цитат:

Снегот има пет главни одлики.
Бел е.
Ја замрзнува и заштитува природата.
Постојано се менува.
Лизгава површина е.
Се претвора во вода.

Додека ова му го говореше на неговиот татко, овој во тоа ги гледаше само негативните аспекти, небаре толку чудната страст на неговиот син за снегот му ја направи зимата уште позастрашувачка.
- Бел е. Значи дека е невидлив и оти не заслужува да постои.
Ја замрзнува и ја заштитува природата. Горделивко низаеден, што ли се замислува, скаменувајќи го светот?
Постојано се менува. Значи дека е непостојан.
Лизгава површина е. Значи, кој би можел да ужива во лизгањето на снег?
Се претвора во вода. Тоа е за да нè поплавува уште повеќе во периодот на неговото топење.

Јуко, пак, во тоа гледаше други пет особини, што беа сосем доволни за неговата уметничка надареност.
- Бел е. Значи, тој е поезија. Поезија со голема чистина.
Ја замрзнува и ја заштитува природата. Тоа е сликарство. Најпрефинето сликарство на зимата.
Постојано се менува. Тоа е калиграфија. Постојат две илјади начини да се напише зборот снег.
Лизгава површина е. Тоа е танц. На снегот секој човек може да се замислува дека е танчар на јаже.
Се претвора во вода. Тоа е музика. Напролет, снегот ги претвора реките и планинските потоци во симфонии од бели ноти.
 

MakeLOVEnoTwar

Љуби без оглед на се’
Член од
10 декември 2010
Мислења
213
Поени од реакции
114
има многу книги кои би ги препорачал (дури и ги заборавив некои од нив :D :D :D) ама овие сигурно ќе ја збогатат вашата душа, знаење и интелект . . . уживајте читајќи (се разбира во книгите кои ви прават ќеф ;) )

“Пилешка супа за душа“ - Џек К. и М.В.Хансен, - и.к.Матица

“Сидарта“ - Херман Хесе - ја имаат издадено повеќе изадавачки куќи

“Уметноста на Љубовта“ - Ерих Фром - и.к.Ѓурѓа

“Цел Универзум во еден Атом“ - Далај Лама - и.к.Табернакул

“Во прегратка на светлината“ - Бети Џ. Иди - и.к.Матица

“Седумте големи тајни на Космосот“ - Николај Рерих - и.к.Мартина

“Целестинското Пророштво“ - Џејмс Редфилд - и.к.Матица

“Десеттиот Увид“ - Џејмс Редфилд - и.к.Матица

“Тајната на Шамбала“ - Џејмс Редфилд - и.к.Матица

“Тибетска Книга на Животот и Смртта“ - Согјал Ринпоче - и.к.Три
 

Kajgana Shop

На врв Bottom