Факти за компјутерските делови и мали совети за шопинг

  • Креатор на темата Креатор на темата Sephiroth
  • Време на започнување Време на започнување
Со него играв година дена заедно во ENTiTY ама тој се откажа во декември додека јас уште играм. Сега ретко се гледаме :)

Поздрави го многу :D

Извинете за офтопик момци.
 
Знам дека CRT се многу подобри за тоа што ми треба но искрено одамна сум на LCD, навикнат сум на 22'' и немам многу простор за CRT од друга страна кога одиме на турнири кантер секаде се LCD (обично до 75hz ретко 120hz (нема толку голема инвестиција во играчниците :)), додека скоро сите CRT можеш до 120hz) и убаво ми е да сум навикнат уште од дома на таков монитор.
Друга работа е што CRT можеш да начекаш само на старо:cautious:. Во ред е што одредени технологии зедоа замав и ги надминаа постарите, но без врска ми е потполното отсуство на CRT монитори на it пазарот, истото го мислам и за lcd мониторите со 4:3 или 16:10 формати. И нив ќе ги снема наскоро.
 
Можеби е офтопик но моментално имам Samsung T220 монитор и доколку го земам BenQ-то, овој ќе го продадам па ме интересира за колку би можел да го продадам? 500? 1000? 2000? Едноставно ќе треба да се ослободам од него бидејќи нема да ми треба за ништо. Стар е 3-4 години.
 
Ако е добро сочуван и ако нема мртви пиксели, комотно можеш за 3к да го продадеш.
 
Ако е добро сочуван и ако нема мртви пиксели, комотно можеш за 3к да го продадеш.
Па добро е сочуван, нема никакви проблеми а за мртви пиксели може има 1 или 2.
 
Па добро е сочуван, нема никакви проблеми а за мртви пиксели може има 1 или 2.

1,2 не е ништо за 3-4 години стар монитор.3000ден комотно можеш да го продадеш, убави монитори се тие, атрактивни.
 
Квалитетна матична?

Другарче зима нов компјутер, јаки компоненти, па некоја матична од Гигабајт од 100 евра му правела проблеми со рамот, процесорот не го примала баш тој модел...

Гледал некоја од Asus од 200 евра, не се замарав во детали зашто одамна не сум ги разгледувал матичниве. Па, предложете нешто. :)
 
Зависи дали му се брза, и за кој чипсет му треба.
 
Нормално дека процесорот не е AMD, зар некој сеуште ги купува? :D

:D Ок тоа, ама имаш многу разни чипсети на Intel, кој процесор го има другар ти?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom