ТОЧНО ТАКА :
еве едно сосем правилно мислење за овој случај.Вчера кој беа таму,можат истото да го потврдат,иако беа сосем малку гости (скоро ич),т.с.да имаше повеќе можеби немаше ни да не забележат,но немаше бевме скоро сами,еден млад пар на лежелки и уште една или две маси гости и овие гореспомнати,сопственици на 2џ (џипови и џукели)
И баш поради тоа бевме избркани,да не се налути гостинот,ако се буричкаат тука цел ден мојте внуци ќе неможе на раат да го тренира црното Џукела створење во пливање,кое и не излезе од вода додека бевме таму.
Дури сега мислам погрешив,не требаше да напуштам,требаше да барам објаснување чија е плажата и водата,да сето тоа го снимам или да повикам полиција или друг надлежен за тоа.
Јас знам дека има „Елитни“ хотели и на елитни места и знам кој може и кој оди и престојува во нив.Не ни помислувам ниту можам да ги носам внуците таму.Но Велешкото езеро не е од тие и таа категорија,да јас како граѓанин на таа општина или оваа држава да не можам да се капам,т.с.тоа ми е ограничено од некои гости најчесто туѓи (се гледа тоа по таблиците на џиповите) кој дошле тука на поминување со својте страшни „ Џукели“.И дали смее тие СКАПИ џукели да се капат таму.
И оваа плажа на Велешкото езеро,беше и првата плажа и пред 30-40год.
Овој хотел е од поново време,а дали ја има купено плажата и водата незнам,по ново како се вика „да стопанисува со неа“.
Во Скопје по паркот веќе ни по трева не смее да гази куче-милениче,се знаа се води на врвка-синџир,почнаа некоја култура и тука за нив.Така и треба па тие серат сегде кај што деца играат- НЕ-култура.
Па колку толку сум одел и бил на други езера и мориња,но вакви случаи не сум видел.Водата е на повеќе места за сите,а кој сака може да земе лежалка,чадор или сладолед,дури и швалерка по порачка во соба.Ама кој нема или несака ќе може да се избања и тоа без друштво на некоја страшна црна Џукела-ова е само кај нас.Се разбира дека знам и за хотели од затворен тип со сопствени плажи и таму немам пристап знам.