Македонска некултура на дело на „Велешко езеро“

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Вчера сефте годинава ги однесов внуците на Велешкото езеро,каде секоја година одиме по
неколку пати.Избегавам тоа да биде за викенд поради поголемата гужва тие денови.Прво што забележав кај браната езерото беше полно-преполно со вода,што не било случај изминативе десетина години.Незнам на што се должи тоа.Веднаш отидовме на најблиската плажа од тука,
а таа е пред мотел-„романтик“.Деца не им се чека ни минут,трчат право за во вода,ама овој пат
и „Стравот“е тука,па ме чекат мене.Ајде им велам со мене не се плашете,тоа „стравот“е паметен.
И влегуваме „Стравот“ го оставаме подалеку од нас. Но по кратко време.јас не ги ни намокрив
гаќите,еден недокастрен млад господин со една половина празна црпка,нешто се дере и мафта
да дојдам-(излезам) кај него. Ај јас ги повлекувам децата малку назад во ептен плитко и правам себап на недокастрениот и излегувам пред него на рапорт,се си мислам е нешто за „Стравот“
- Оваа плажа е на „романтик“, не може тука да се бањате-вели 1/2 пополнета глава со нешто.
Се приближува и сопругата и таа по женска линија да чуе нешто а и да каже ако е потребно.
Додека пак во меѓувреме тоа „Стравот“,излегува од вода со полна уста,налик на младо печено прасе со јаболка во чурилката,ставено пред кумот, и пак се враќа назад.По јаболката овој пат тениско топче,кое еден доста некултурен поточно многу некултурен господин во бела кошула,му го фрла далеку во водата.А тоа „Стравот“,страв да те вати,како магаре голем,црн,со голема глава,
голем сурат,голема уста а богами и големи заби ич не се плаши ни од нас ни од водата.

- А ова кучињава може да се бањаат во езерово,ние не можеме-вели сопругата.
- Тие се на гостите. (од хотелот,или на поминување ) ако не им го дозволиме тоа
може да се налутат па да не доаѓаат повеќе.
Мојата култура не ми дозволува повеќе да го слушам-празноглавецот,па веднаш си заминавме.
Ги собрав внуците со нивно негодување, деца што се разбират од К У Л Т У Р А ,или како да им објаснам дека тие не смеат тука да се капат-само поради едно сретство.Наречено. Пари.
А за тоа да го реализираме требало да бидеме нивни гости.А тоа пак значи.Пари.
Минатата година никогаш,не ни рекле дека не сме за нив „неблагонадежни“.А ова со џукеливе го има повеќе години.Тие газдите со џиповите,ги оставаат тука и на чување по ден два,за тоа има направено и куќи,за џукели - благонадежни џукели,чии сопственици се со ниска КУЛТУРА, Ама длабок џеб.Длабок џеб од работничкиот труд,како што и мојот но недостоен,во овој случај и недоволен за да седнам на маса и да земам по еден сладолед бар на внуците,што ќе биде и како карта за влез во оваа вода наречено вештачко езеро „Младост“

Го продолживме денот на првата плажа после „Бродот“.Се распославме како што знае македонче да се распостели.Децата повторно иста песна право во вода.Јас прво малку да посредам,за да може сопругата да намести плачките и јадењето на колку -толку,почисто.
Но се гледат остатоците од синоќешните-ноќните младешки авантури,и со стапче ги собирам.Ама и нашите КУЛТУРНО стегнати кесиња со се и сешто на секое ќоше во околината.За пластични шишиња и смоки кесиња да не ви арчам муабет,но ги собрав и нив и се на еден куп во близина,се мислев што,па ај ги запалив да не ги носи ветерот наоколу,цело време собирајќи уште по нешто.
Имаше неколку групи на млади,дојдени со скутери и беа очевидци на ова КУЛТУРА ,за нив сигурно несвојствена,но бар останаа КУЛТУРНИ,не ми ометаа во работата и не коментираа.
Денот полека изминуваше.Водата беше задоволително чиста.Ми текна малку да појдам покрај езерото до другите плажи под викенд-шатор населбата.Тргнав,камо да не тргнев. На само неколку чекори покрај брегот и понатаму не се може од,да ми извините гомна.Нема кај да згазиш,а некаде водата го покрила патот,па врвиш низ трева со остатоци од нашата Цврста КУЛТУРА, чиј лепенки ќе си однесе секој дома на чевлите или влечките.Па зар и јас не сум истиот,сега или попосле кога ќе ме стегне - каде, нема да го држам во себе,ќе го истурам тука во тревата,па некој друг нега однесе дома од мојта НЕКУЛТУРА, кога веќе и јас носам нечија и тоа со јака арома,па мувите не се одалечуваат од мојте влечки и ме пратат како сенка. А за нашата Течна КУЛТУРА, е тука сме на високо КУЛТУРНО ниво и никој не ни може ништо. И сме единствени поточно едноумни.кога ќе треба да ја истуриме таа КУЛТУРА одиме во вода и да не ни се оди,па во екот на шпицот на туристичката сезона на ова езеро водата е налик на морска а велат и лековита.
Почнале да се полнат и крајбрежните куќички и оние во боровата шума над патот,тоа се приметува и по запалените КУЛТУРНИ огништа пред секоја од нив.А веќе и крчка водата во тенџерињата,донесена верувале или не од езерото,во шишиња кој ги полнат мажите наутро нешто понатаму од брегот.А ќе се фати и некое рипче за во тава или на скара.Како што лани лето карши правеа едни млади,и ја запалија КУЛТУРНО цела таа страна,и веднаш потоа НЕКУЛТУРНО избегаа,а последиците се гледаат и сега,многи исушени борови,елки и другу дрва.
Денот се првршуваше,но ајде уште по едно капење и по оставање белег од нашата КУЛТУРА да се знае дека сме биле тука и обележале местото за другиот пат кога ќе дојдеме како што праат дивите животни по африканските прерии.
Ајде деца слушнавте,немој да сопирам по пат заради вашата НЕКУЛТУРА,истресетеја тука.
Но и како што направиле овие млади велешани што беа околу мене со скутери и веќе заминале.Се знае точно што јаделе,што пиеле,што пушеле,и со што си ја бришеле дундата велешка,се оставиле така небаре биле на гробишта за задушница,море уште полошо,многу полошо - НЕКУЛТУРНО.
А само пред неколку години колку се радувавав,на таблите со ваквао соопштение,поставени на повеќе места околу езерото и патот.

„Чистотатата е благодет на КУЛТУРАТА, а нечистотијата ги боде и е болест за очите“
Народе заборавивте ли на КУЛТУРА, ...или поточно сега е време на НЕ -КУЛТУРА.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.755
Поени од реакции
8.772
Па ако хотелот ја има закупено плажата, би требало да наплаќа за нејзино користење. Ништо ново.
А мојата ,,џукела,, како и до сега, и понатаму ќе ја носам на места каде што е дозволено смештај за ,,џукели,,.
И не, не возам џип.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Јас мислам дека во државава си прави кој што сака , курчењето им е главна особина за да си ги исчистат фрустрациите од малограѓанството како на тој што ти излегол така и на тој концесионер или што и да е со ресторанот таму .А ке кажам и општо понашањето на граѓаниве е сведено на нула се гледа дека Македонецот е човек со нкакви вредности зборам од сите свери на животот дали било обичен граѓанин дали бизнисмен го немаме ние она благородничкото во нас пред се џентламентско однесување кон другите ...јбг ова е балкан и затоа постои она варварското уште во нас.:(
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Па ако хотелот ја има закупено плажата, би требало да наплаќа за нејзино користење. Ништо ново.
А мојата ,,џукела,, како и до сега, и понатаму ќе ја носам на места каде што е дозволено смештај за ,,џукели,,.
И не, не возам џип.
Арно рече чичо Анчо длабок џеб,плиток мозок :confused:
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Ај на кратко некој да ми прераскаже што е некултурата...
Ги бањале џукелите во езерото?
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Па ако хотелот ја има закупено плажата, би требало да наплаќа за нејзино користење. Ништо ново.
А мојата ,,џукела,, како и до сега, и понатаму ќе ја носам на места каде што е дозволено смештај за ,,џукели,,.
И не, не возам џип.
мислам дека anco намерно нагласи за она “џукелите“ од проста причина што човекот е изреволтиран што е третиран подолу од куче од некој си таму дегенерик кој си зел за право да го истера од плажата, а за разлика од него - тој истиот дозволил кучиња да се брчкаат у водата само затоа што сопствениците на кучињата биле негови гости
кој е во случајов подобро и почовечки истретиран?
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Мене па највеќе ме нервира кога ги носат на чешмичките да пијат.
Ај некако ок да земеш од рака да му дадеш да пие, ама па ова песот зема ја лиже цела цефка па уште тој идиотот ти вика ништо не е, тече водата.... ебате ненормалните.
Ако нив дома не им смета да ги вкусат лигите на својот миленик на многу други им смета, да не кажувам дека тоа чудо се митарио кај стигне, поготово во лето.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Мене па највеќе ме нервира кога ги носат на чешмичките да пијат.
Ај некако ок да земеш од рака да му дадеш да пие, ама па ова песот зема ја лиже цела цефка па уште тој идиотот ти вика ништо не е, тече водата.... ебате ненормалните.
Ако нив дома не им смета да ги вкусат лигите на својот миленик на многу други им смета, да не кажувам дека тоа чудо се митарио кај стигне, поготово во лето.
сосема си во право
ако мене ми е миленик и му дозволувам се’ и сешто- тоа не значи дека и ти треба да паѓаш у несвест по него и да замижуваш на она за кое сметаш дека не е во ред( ко погоре посочениот пример)
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Уфффффффффф богаташите од Лас Велес,ги знам ептен чакрлии се,пораснав на тоа езеро го знам секое камче таму..а он ке ми кажува како да се бањам......требало минимум 2 сокчиња да пиеш вака требало нака требало поминуваш пливајки одкај таа плажа те тераат да испаѓаш,оти ? Требало сокче да се напиеш..
Иди бегајте бе:tapp:
 
Член од
20 мај 2010
Мислења
78
Поени од реакции
78
Јас колку што знам, ако хотелот ја има закупено плажата го нема закупено езерото. Па и со новиот закон за плажи (знам дека важи за Охрид, би требало да важи и за другите места) плажата можат да ја користат сите луѓе во мк, исто како и езерото зошто им припаѓаат на сите граѓани.... можат да ти забранат да го користиш она што тие го направиле на плажата ама во никој случај не смеат да ти забранат да ја користиш плажата и езерото (како што е и секаде во светов)... Знам дека јас никогаш не би им кажала да си одат... луѓето дошле на плажа со внуците, не знам колку треба да си лаком за пари...
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Тоа со закуп на плажа уште неможам да го сфатам. Уствари сите банални работи за кои даваме пари неможам да ги сфатам.
Дали таа плажа државата и приватникот ја изградил ? Дали тоа езеро тој го наполнил ?
Преку курот. Ќе зеам една рампа ќе клам пред куќа кај мене, ела помини да те видам со колата.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
мислам дека anco намерно нагласи за она “џукелите“ од проста причина што човекот е изреволтиран што е третиран подолу од куче од некој си таму дегенерик кој си зел за право да го истера од плажата, а за разлика од него - тој истиот дозволил кучиња да се брчкаат у водата само затоа што сопствениците на кучињата биле негови гости
кој е во случајов подобро и почовечки истретиран?
ТОЧНО ТАКА :
еве едно сосем правилно мислење за овој случај.Вчера кој беа таму,можат истото да го потврдат,иако беа сосем малку гости (скоро ич),т.с.да имаше повеќе можеби немаше ни да не забележат,но немаше бевме скоро сами,еден млад пар на лежелки и уште една или две маси гости и овие гореспомнати,сопственици на 2џ (џипови и џукели)
И баш поради тоа бевме избркани,да не се налути гостинот,ако се буричкаат тука цел ден мојте внуци ќе неможе на раат да го тренира црното Џукела створење во пливање,кое и не излезе од вода додека бевме таму.
Дури сега мислам погрешив,не требаше да напуштам,требаше да барам објаснување чија е плажата и водата,да сето тоа го снимам или да повикам полиција или друг надлежен за тоа.
Јас знам дека има „Елитни“ хотели и на елитни места и знам кој може и кој оди и престојува во нив.Не ни помислувам ниту можам да ги носам внуците таму.Но Велешкото езеро не е од тие и таа категорија,да јас како граѓанин на таа општина или оваа држава да не можам да се капам,т.с.тоа ми е ограничено од некои гости најчесто туѓи (се гледа тоа по таблиците на џиповите) кој дошле тука на поминување со својте страшни „ Џукели“.И дали смее тие СКАПИ џукели да се капат таму.
И оваа плажа на Велешкото езеро,беше и првата плажа и пред 30-40год.
Овој хотел е од поново време,а дали ја има купено плажата и водата незнам,по ново како се вика „да стопанисува со неа“.
Во Скопје по паркот веќе ни по трева не смее да гази куче-милениче,се знаа се води на врвка-синџир,почнаа некоја култура и тука за нив.Така и треба па тие серат сегде кај што деца играат- НЕ-култура.
Па колку толку сум одел и бил на други езера и мориња,но вакви случаи не сум видел.Водата е на повеќе места за сите,а кој сака може да земе лежалка,чадор или сладолед,дури и швалерка по порачка во соба.Ама кој нема или несака ќе може да се избања и тоа без друштво на некоја страшна црна Џукела-ова е само кај нас.Се разбира дека знам и за хотели од затворен тип со сопствени плажи и таму немам пристап знам.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Тоа ти е најдобриот аргумент?
Против ШТО всушност?
А ти против што си бе Пумо?

Слушна некој навредува кучиња и одма да лаеш и ти по темава.
Дај олабавете, кога ве нарекуваат активисти за животински права навистина било така, активни станавте по сите теми на форумов освен во живо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom