Си почнав да играм со ВБА. Досега секад со некои такви клубови, и сакам да му покажам на едно другарче дека ќе освојам ЛШ со нив. Не е некој предизвик ко шо сум играл со Бристол Роверс (4та лига), Дроилсден (6та лига), али ај колку да се вратам у форма со играва добро е за почеток. Напраив неколку трансфери, Џош МекЕкеран на позајмица го земав, Ел-Хаџи Диуф на free го земав за да иам поддршка крило некое, и Јаја Саного го лапнав за ефтини пари. Сеа у процес сум на барање некој лев бек за ефтини пари пошто сум слаб у таа област, и едно бекап крило на било која страна, али некако слабо иде па некоја сугестија би била ценета.
Инаку сезоната ја почнав со нерешено дома против Вила, водев се до 89та минута кога (нормално ко што е адетот да ме заебе до даска играва) влезе ХЕСКИ и ми даде гол за изедначување... беден момент во мојата менаџерска кариера... Втората утакмица ми беше на Олд Трафорд кај шо ме пернаа 4-2. Нормално можев на првата да тепам, а на втората некако нерешено да извадам, али Одемвинги си праеше акробации и сеа малце ќе си седи на клупа и ќе напраи место за Шејн Лонг или Јаја Саного.
И да, играм агресивна игра со цел мојот тим да го диктира темпото, крената дефанзивна линија, офсајд стапица и слично, па на сите играчи им накачувам tackling skill за сите полесно да одземаат топки низ теренот. Нема лабаво...