Стефус-Рефус
Jesus Loves Macedonia
- Член од
- 30 август 2009
- Мислења
- 3.452
- Поени од реакции
- 1.210
Евроцентар: Македонските граѓани се финансиски неписмени
Финансиската писменост кај македонските граѓани се уште е на ниско ниво. Неопходно е да се посвети поголемо внимание на информираноста за управување со личните финансии заради големото значење на финансиската писменост за целата економија. Тоа го покажале истражувањата спроведени за потребите на проектот Финансиска писменост за возрасни и младии што ќе го спроведува Фондацијата Евроцентарр.
- Само 6% од македонските граѓани ги планираат своите приходи и трошоци на долг рок од една година. Доколку станува збор за период од 10 години тука имаме нула резултати - изјави Климентина Поповска, професор на Економскиот институт.
Финансиската писменост, укажа, не е рецепт како подобро да се менаџира со парите, туку да се има повеќе знаење и информации кои ќе помогнат мудро да се носат вистински финансиски одлуки во вистинско време.
-Тоа би значело граѓаните да знаат дали треба да земат кредит за купување автомобил или стан. Овој вид писменост е значаен и за банките кои би сакале да имаат подобро едуцирани клиенти бидејќи на тој начин ќе имаат помал процент на кредити кои не се враќаат - истакна Поповска. Според неа, инвестициските фондови би имале повеќе работа со оглед дека клиентите ќе знаат оти можат подобро да штедат, ќе се зголеми и штедењето за пензија, како и животното осигурување кое што во Македонија е само 2%, наспроти просекот во ЕУ каде изнесува 40%.