Нов закон за сметководство

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Ако сите наплатуваат исто , што мислиш каде ќе одат клиентите кај тој што е квалитетен или некој психолог кој е сметководител( овие ќе се елиминираат со лиценците).
И најважно ретко кој ќе може сам да биде сметководител бидејќи има големи трошоци , овој закон ќе доведе до окрупнување на постоечките друштва за сметководствени работи.

Конечно нема да има психолози и геодети кои водат сметководство за 800 или 1000 ден.:eek:

Ова е директно потценување на професијата економист.
Многу економисти да завршеа за инжињери сигурен сум ќе беа подобри од 50% од електрашите. Сега има и зголемени квоти кај нив , кој стигна се запиша .

Е сега тие инжинерите кој викаш дека подобро научиле сметководство нема да можат сами да водат сметководство.

Нека одат кај економистите и нека си платат дебело. :D
--- надополнето: 22 јуни 2012 во 15:00 ---

Нема да можеш сам да си водиш сметководство , мора некој друг да ти води , тоа е законска одредба :D
Ќе се елиминира конкуренција, ќе рипнат цените, ќе има само големи сметководсвени куќи со напумпани цени. А квалитетот ист.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.651
Ако сите наплатуваат исто , што мислиш каде ќе одат клиентите кај тој што е квалитетен или некој психолог кој е сметководител( овие ќе се елиминираат со лиценците).
И најважно ретко кој ќе може сам да биде сметководител бидејќи има големи трошоци , овој закон ќе доведе до окрупнување на постоечките друштва за сметководствени работи.

Конечно нема да има психолози и геодети кои водат сметководство за 800 или 1000 ден.:eek:
---------------------------
Нема да можеш сам да си водиш сметководство , мора некој друг да ти води , тоа е законска одредба :D
За првиот дел...
Во тој случај најдобрите нема да можат се да постигнат и ќе мора да одбиваат клиенти... Не смее цената да биде иста, ќе се изгуби на квалитет, верувај. Тоа што некој бил геодет, не значи дека не знае да води сметководство :) Инаку не верувам дека во Скопје има некој што работи сметководство за помалце од 50 евра по фирма... Сум имал прилика да гледам рачно пополнувани заклучни листови и конта па фирмите им плаќале по 4.000 денари за тоа... :pos:
За вториот дел, не сум којзнае колку запознат со законот, ама ако имаш лиценца нема да можеш да водиш самиот сметководство?
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Ако сите наплатуваат исто , што мислиш каде ќе одат клиентите кај тој што е квалитетен или некој психолог кој е сметководител( овие ќе се елиминираат со лиценците).
И најважно ретко кој ќе може сам да биде сметководител бидејќи има големи трошоци , овој закон ќе доведе до окрупнување на постоечките друштва за сметководствени работи.

Конечно нема да има психолози и геодети кои водат сметководство за 800 или 1000 ден.:eek:

Ова е директно потценување на професијата економист.
Многу економисти да завршеа за инжињери сигурен сум ќе беа подобри од 50% од електрашите. Сега има и зголемени квоти кај нив , кој стигна се запиша .

Е сега тие инжинерите кој викаш дека подобро научиле сметководство нема да можат сами да водат сметководство.

Нека одат кај економистите и нека си платат дебело. :D
--- надополнето: 22 јуни 2012 во 15:00 ---

Нема да можеш сам да си водиш сметководство , мора некој друг да ти води , тоа е законска одредба :D
Неможе законски да ми наложи кое лице ќе се грижи за моите финансии. Луѓе, дајте ве молам, еве ако знаете посочете некои примери каде сопствениците на компаниите се обврзани да вработуваат сметководители. Јас не познавам таква земја, барем не некоја која има развиена економија. Многу земји имаат тела за сертификација на сметководители, но тие сертификати и членството во нив значат дека носителите на сертификатите смеат јавно да ги даваат тие услуги на пазарот, а не и дека никој не смее сам да го води своето сметководство.
Лиценцата не значи квалитетна услуга, лиценцата е доказ дека оној кој ја поседува има познавања или исполнува минимални услови во областа за која истата му се издава. Едно со друго нема никаква врска, ама баш никаква. Пример за правилна примена на лиценци е јавниот превоз. Јавните превозници поседуваат соодветни документи врз основа на кои ја вршат дејноста, но тоа не не обврзува сами да управуваме со сопствено возило.
Ако веќе се буткаме на рака, тогаш ок, нека се воведе лиценцата и тоа со максимални ограничувања, но да се воведе лиценца и за програмери, хардвераши и сл. Незнам кој потоа би наплатил најдебело кога економистот нема да смее да инсталира ни апдејт за антивирус ни калкулатор без помош од сертифициран администратор. Нека се воведат и сертификати/лиценци и за психолози, па да не смее никој да даде некаков совет ако нема лиценца.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Во УК може сам да си го водиш сметководството, а сметководителите со лиценца ја добиваат лиценцата од овластено независно тело.
Не ми е јасно сега, ако мала фирма или лице во МКД неможе да одвои средства за лиценциран сметководител и сам си ги средува сметките, што тогаш?
Казна, затвор, што?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.430

Не ми се верува дека нема да можеш сам да водиш сметководство.

Нема врска ако некој завршил економски факултет дека само тој може да води сметкводство.

Ова е исто како да воведат лиценци за програмери, само тие што имаат завршено информатика да може да програмираат.

Од пријателиве што ги имам НАЈДОБРИТЕ програмери, ама стварно топ и работат во добри фирми, немаат завршено факултет.
 
R

Rigel Kent

Гостин
За првиот дел...
Во тој случај најдобрите нема да можат се да постигнат и ќе мора да одбиваат клиенти... Не смее цената да биде иста, ќе се изгуби на квалитет, верувај. Тоа што некој бил геодет, не значи дека не знае да води сметководство :) Инаку не верувам дека во Скопје има некој што работи сметководство за помалце од 50 евра по фирма... Сум имал прилика да гледам рачно пополнувани заклучни листови и конта па фирмите им плаќале по 4.000 денари за тоа... :pos:
За вториот дел, не сум којзнае колку запознат со законот, ама ако имаш лиценца нема да можеш да водиш самиот сметководство?
Ако имаш лиценца можеш да водиш само туѓи фирми , но сопствената не може :)

(4) За вршење на сметководствени работи обврзникот за водење сметководство може да вработи сметководител и/или овластен сметководител или со договор за вршење на сметководствени работи да ангажира трговец поединец – сметководител, трговец-поединец овластен сметководител или друштво за вршење на сметководствени работи.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571

Ме мрзи да барам, има негде во законот каде што пишува дека не можеш сам да си водиш сметководство? (под претпоставка дека си сметководител)
 
R

Rigel Kent

Гостин
(2)Сметководствени работи не може да врши:
1)сметководител односно овластен сметководител кој е член на орган на управување или акционер односно вложувач кај обврзникот за водење сметководство,
2)трговец поединец-сметководител, трговец поединец-овластен сметководител односно друштво за вршење сметководствени работи кој е акционер или вложувач кај обврзникот за водење сметководство,
3)трговец поединец-сметководител, трговец поединец-овластен сметководител односно друштво за вршење сметководствени работи во кој обврзникот за водење сметководство е акционер, вложувач или основач.
--- надополнето: 22 јуни 2012 во 17:54 ---
Ме мрзи да барам, има негде во законот каде што пишува дека не можеш сам да си водиш сметководство? (под претпоставка дека си сметководител)
Само што постирав:D
--- надополнето: 22 јуни 2012 во 17:58 ---
Неможе законски да ми наложи кое лице ќе се грижи за моите финансии. Луѓе, дајте ве молам, еве ако знаете посочете некои примери каде сопствениците на компаниите се обврзани да вработуваат сметководители. Јас не познавам таква земја, барем не некоја која има развиена економија. Многу земји имаат тела за сертификација на сметководители, но тие сертификати и членството во нив значат дека носителите на сертификатите смеат јавно да ги даваат тие услуги на пазарот, а не и дека никој не смее сам да го води своето сметководство.
Лиценцата не значи квалитетна услуга, лиценцата е доказ дека оној кој ја поседува има познавања или исполнува минимални услови во областа за која истата му се издава. Едно со друго нема никаква врска, ама баш никаква. Пример за правилна примена на лиценци е јавниот превоз. Јавните превозници поседуваат соодветни документи врз основа на кои ја вршат дејноста, но тоа не не обврзува сами да управуваме со сопствено возило.
Ако веќе се буткаме на рака, тогаш ок, нека се воведе лиценцата и тоа со максимални ограничувања, но да се воведе лиценца и за програмери, хардвераши и сл. Незнам кој потоа би наплатил најдебело кога економистот нема да смее да инсталира ни апдејт за антивирус ни калкулатор без помош од сертифициран администратор. Нека се воведат и сертификати/лиценци и за психолози, па да не смее никој да даде некаков совет ако нема лиценца.
За совети секој може да даде ;) но кога се работи за професија тогасш мора да има некој ред
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
^Мислам дека на психијатрите им се издава лиценца, и тоа е професија.
 
R

Rigel Kent

Гостин
^Мислам дека на психијатрите им се издава лиценца, и тоа е професија.

Даааа точно не ми текна :)
Замисли се запознавам и се претставувам :'' Здраво јас сум психијатар со лиценца '':icon_lol: лудило
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Ако сите наплатуваат исто , што мислиш каде ќе одат клиентите кај тој што е квалитетен или некој психолог кој е сметководител( овие ќе се елиминираат со лиценците).
И најважно ретко кој ќе може сам да биде сметководител бидејќи има големи трошоци , овој закон ќе доведе до окрупнување на постоечките друштва за сметководствени работи.

Конечно нема да има психолози и геодети кои водат сметководство за 800 или 1000 ден.:eek:

--- надополнето: 22 јуни 2012 во 15:00 ---
Нема да можеш сам да си водиш сметководство , мора некој друг да ти води , тоа е законска одредба :D
Ова за геодетите така од ракав ти ојде или како егзотична професија втори ти дојдоа на памет ? Всушност тие се меѓу првите лиценцирани професии од 2004-2005 мислам , затоа барај си некои други за подсмевање!
Како не можеш сам да си водиш сметководство ? Ако си сметководител и за тебе ли важи тоа?
А всушност ова со лиценцирањето повеке ми личи на рекетирање одколку на воведување ред , не само за сметководителите , општо .
Само да си бидеме искрени од нешто и од некаде мора да се почне за да се подигне квалитетот на услугите , нормално првите 10 тина години ке има стани-падни и секакви ситуации ама пополека се ке си дојде на место . Се разбира со нормални контроли , испекции и потполно владеење на правото . Ако ова последното изостане џабе лиценцирање .
 
Au ne mi bese cel da potcenam ili ismevam necija profesija, tuku opsto deka nekvalifikuvani vodat smetkovodstvo :)

Inaku za site vazi toa deka ne mozat da si vodat smetkovodstvo na svojata firma , pa i smetkovoditelite.

Inaku zakonot go procitav i ima predvideno kontrola od Institutot koj treba da se oformi i ima kazneni merki za razlicni prekrsoci.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Има снимка на собраниски канал од втората(мислам) седница на комисијата за овој закон...
 
Член од
16 јуни 2012
Мислења
3
Поени од реакции
2
http://www.libertas.mk/vest/27591/Po-novinarite-vlasta-sega-im-stava-jamka-okolu-vratot-i-na-smetkovoditelite

По новинарите, власта сега им става јамка околу вратот и на сметководителите

Сподели со твоите пријатели!
64

Новиот предлог-закон за смеководство им наметнува задолжително осигурување на сметководителите во износи од илјадници евра секоја година, нова камшик-институција која треба да ги контролира и лиценцира и која треба да им зема пари за обуки, исто, секоја година.
Датум: 14.06.2012 10:50 | Прочитано: 608

Откако во новинарската професија и наметна казни за клевети (до 2 илјади евра за новинарите, до 10 илјади евра за главните уредници и до 15 илјади евра за газдите), власта сега со новиот предлог-закон за сметководство нешто слично подготвува и во сметководството. Отсега сметководителите ќе мора да се осигуруваат од штета на износи од 2 илјади евра, овластените смеководители од 5 илјади евра, а сметководствените фирми на износи од 20 илјади евра и тоа секоја година.
Но, она што е најважно е тоа што професијата се затвора. Ќе станува се потешко во неа да влезат нови лица, ќе бидат потребни лиценци, а се воведува и институција-камшик под името Институт за смеководители и овластени сметководители која ќе има огромно влијание врз работата на сметководствената професија. Покрај тоа, оваа институција, која ќе биде финансирана од самите сметководители, ќе влезе и на пазарот на нивната едукација и ќе ги истисне или барем ќе им ја загрози позицијата на бројните приватни фирми кои нудат деловна едукација од најразлични видови, зашто обуките на овој Инситут ќе бидат обврзувачки. Според овој предлог-закон, сметководителите ќе мора посетуваат обука од 90 часа во период од 3 години, а овластените смеководители 120 часа исто во период од 3 години. Обуките ќе ги врши новиот Институт, кој ја има таа слобода ова да го прави во соработка со други институции, но само ако сака парите од обуките да ги подели со нив.
За тоа колкава ќе биде моќта на овој Институт, кој всушност, би требало да ја контролира професијата за сметка на државата, што во случајот на Македонија значи и власта и партијата на власт, покажува и одредбата според која на сметководителите и овластените сметководители ќе им бидат изрекувани опомени, а потоа и казни во износ од една плата, дури и ако не присуствуваат „на седниците на органите на подружницата на Институтот и/или на седниците на органите на Институтот без писмено оправдание или претходна најава,“ исто како децата во училиште.
Вџашувачко е образложението на овој закон каде што, всушност, се вели дека директорите на фирмите, кои досега беа одговорни за обезбедување на квалитетно сметководство, со други зборови, биле неспособни за таа работа и дека со ова досега се придонесувало „за неизвесен развој и унапредување на оваа професија.“ Па, така, власта се одлучува и сметководството, како и многу други професии, да ги стави во административни пранги и да си обезбеди начин за влијание во оваа професија, како и во многу други. Токму поради ваквата засилена пракса на регулирање и затворање на редица професии, лани, на пример, увозниците на врати (да, увозниците на врати) побараа воведување „стандарди во професијата“, веројатно нешто слично како што сега се прави и со сметководството (лиценци за увозници на врати?), а се со цел да се заштитат од другите учесници на пазарот кои увезуваат евтини врати од Кина. Следно што може да се очекува е фирмите кои проектираат и изведуваат електрични инсталации во новоизградени објеки исто да побараат да се регулира и нивната професија, за што има најави од етаблираните фирми во оваа гранка, и таа да се „воедначи со европските стандарди“ и можеби и таму да почнат да воведуваат лиценци.
Главен претставник на овој закон е, се разбира, потпретседателот на Владата и министер за финансии, Зоран Ставрески, кој многу често се залага за слобода на претприемништвото и се фали со економските слободи во земјава од една страна, а од друга става лисици на рацете на цела една професија. Вреди да се напомене дека ни по банкротот на „Енрон“ во 2002 година, американска компанија за трговија со електрична енергија, банкрот кој е еден од најголемите во историјата на САД, а за кој едни од главните виновници беа сметководителите од тогаш една од 5-те најголеми сметководствени фирми на светот „Артур Андерсен“, односно нејзината подружница во градот Далас, во Тексас, за која се откри дека ги прикривала загубите на „Енрон,“ на американските власти не им падна на памет на ваков начин да се справуваат со сметководствената професија во оваа земја. „Антур Андерсен“ заради 15 свои сметководители во Далас банкротираше и илјадиници сметководители од компанијата ширум светот мораа да бараат нова работа со што беше казнет виновникот, но никој не и стави јамка на целата професија.
Владимир Петрески
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Има снимка на собраниски канал од втората(мислам) седница на комисијата за овој закон...
Од тоа што го проследив вчера, сите амандмани им ги одбија, никаква соработка на владините претставници со опозицијата или луѓето од професијата... Мислев дека ќе бидат малце поотворени кога се работи за вака сериозен закон, они сами креваа рачиња...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom