Нов закон за сметководство

  • Креатор на темата Креатор на темата beneamata
  • Време на започнување Време на започнување
Не е толку проблем законот, па и лиценцата... ама кој ќе им даде 20.000 евра гаранција на некое мало сметководствено биро со 2-3 вработени и речиси без никаков имот.
 
Цените на сметководствените услуги во Скопје колку толку се добри, но во внатрешноста дали 1500 денари се земаат, и тоа одозгора им е многу на лицата да платат.
Сметководство не е продуктивна дејност. Сметководство е само администрација ништо не произведуваат. Така да што помалку пари во таа гранка тоа повеќе пари за реалниот сектор. Е.ати економијата ако се се сведува на сметководители, нотари и адвокати.
 
исто и фјучерсите и опциите...
 
На собранискиот канал ја има седницата на комисијата за оваа тема.
 
Како што разбрав, ќе има некои корекции во законот. Испадна дека најпогодени би биле „малите“ сметководствени канцеларии со по 2-3ца вработени, кои да кажеме едвај вадат за плата.
 
Не го фатив јас многу убаво имав нешто работа, али го проследив поголемиот дел. Ова е прво читање, така да сигурно ќе има измени, не верувам дека и по донесувањето ќе бидат сите желби исполнети од страна на сметководителите и другите лица од професијата.
 
Не е толку проблем законот, па и лиценцата... ама кој ќе им даде 20.000 евра гаранција на некое мало сметководствено биро со 2-3 вработени и речиси без никаков имот.
Не се тоа пари во кеш , кои треба да ги вложи фирмата , туку на толкава сума треба да има обезбедено осигурување .
Поедноставно , вадиш полиса за осигурување од одговорност при вршење на дејноста во вредност од 20 000 евра во осигурителна компанија , во зависност од делот со кој ја прифаќаш одговорноста 10% или 0% ке платиш премија одприлика 10 000 денари годишно и точка.
 
Лиценци ставија на се, само да прават пари. Прв пат во мојот живот да се согласам со Борис, како е можно некој да е постручен од искусен сметководител? Па сметководителот ти ја држи фирмата.
И овие од СДСМ органски не ги поднесувам, затоа гвујо сто години ќе биде на власт оти сте такви пички превртливи и апашки чудо едно. Воздржано ќе гласале кретени. 20 000 евра гаранција вие ќе им дадете на сметководителите.

ова со лиценците е ОК само ако е ограничен бројот на издадени лиценци во било кој бизнис,исто така да задоволуваат одредени критериуми

инаку кој ефект од лиценците - дека државата собира некој денар + без никаква ефективност на оној кој му е издадена

далеку сме од нешто здраво и јако........
 
Има една нелогичност овде колку што можев да видам.

Кон барањето за полагање на испит за стекнување уверение за
сметководител задолжително се доставува:
1) доказ (уверение) за завршено средно економско образование

(3) Кон барањето за полагање на испит за стекнување уверение за овластен

1) уверение за завршено високо образование од областа на економијата или
бизнисот,
2) потврда од Агенцијата за вработување за работен стаж,
3) потврда од работодавач за најмалку три години работно искуство во
вршење на сметководствени работи

Значи сметководител може да биде некој што завршил средно економско а не може да биде некој што има Економски факултет а завршил гимназија на пример.
За овластен сметководител треба да имаш 3 години искуство , а како ќе стекнеш право на полагање кога не е дефиниран приправнички статус.
 
Ти предлагаш затворен систем? Од страна нема, кој си земал си земал, другите плачете :icon_lol:Ограничување на конкуренција е бесилка.
 
Никакво ограничување не смее да има, не во оваа професија зашто вештачки ќе се подигне цената на услугите.
Ефектот е тоа што може да му биде одземена ако не работи во согласност со законот и не ги применува сметководствените принципи и кодексот на етика. (мислам дека ова ќе биде една од причините за одземање на лиценцата, шпекулирам, зашто не пишува во законот како ќе биде одземена лиценцата)
Далеку сме, но ова е само почеток.
едит: Државата не собира пари од лиценците, Институтот собира, така ќе се финансира(више и не знам дали е вака, не го памтам целосно предлог законот)
Има една нелогичност овде колку што можев да видам.

Кон барањето за полагање на испит за стекнување уверение за
сметководител задолжително се доставува:
1) доказ (уверение) за завршено средно економско образование

(3) Кон барањето за полагање на испит за стекнување уверение за овластен
сметководител задолжително се доставува:
1) уверение за завршено високо образование од областа на економијата или
бизнисот,
2) потврда од Агенцијата за вработување за работен стаж,
3) потврда од работодавач за најмалку три години работно искуство во
вршење на сметководствени работи

Значи сметководител може да биде некој што завршил средно економско а не може да биде некој што има Економски факултет а завршил гимназија на пример.
За овластен сметководител треба да имаш 3 години искуство , а како ќе стекнеш право на полагање кога не е дефиниран приправнички статус.
1. Мислам дека со тоа што имаш факултет ќе нема да важи условот за средно економско образование, али добра забелешка.
2. Бегај бе, каков приправнички статус, уште тоа фали, 3 години искористување на лицата за една шака пари. Со тоа што ќе бидеш вработен во сметководственото биро/друштво/итн.. се води како да имаш искуство за што ќе потврди работодавецот, а истовремено ќе има и податоци од Агенцијата за вработување за работен стаж во истата таа фирма.

Простор за манипулации постојат(бидејќи знам некој спомна нешто слично, или ќе спомне), но кое фајде го има работодавецот да му издаде потврда за искуство на вработениот кога тој фактички го нема, а и да го положи се гледа на терен дали знае или не знае личноста.
 
Ти предлагаш затворен систем? Од страна нема, кој си земал си земал, другите плачете :icon_lol:Ограничување на конкуренција е бесилка.

за мене е најприфатливо кога некој ќе изгласа закон за издавање на лиценци во секој бизнис според потребите во тоа населено место......скоро сите помали бизниси се презаситени и вака е многу потешко за сите.....зошто ми се на секој чекор сендвичари,кафичи,супермаркети,сметководители,таксисти,хотели итн

кога би се издавале дозволи за работа во секој сектор според потребите на секое населено место процентуално по глава на жител,сите полесно би си го нашле своето место под сонцето,а не вака се лажиме и скокаме од гранче на гранче и замисли само на потенко наидуваме.....
 
Во оваа луда држава семкар ќе биде кој, а нотар кој? :icon_lol:
 
Никакво ограничување не смее да има, не во оваа професија зашто вештачки ќе се подигне цената на услугите.
.
тебе конкрентно цената на услугата или услугата те интересира ?! денес имаш сметководители на секој чекор,не знаеш со какви си фаќаш работа,имаше доста испоказнети заради грешки на сметководителите откога се воведоа европските закони......тебе ти треба сметководител кој ќе гарантира за својата работа
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 22:25 ---
Во оваа луда држава семкар ќе биде кој, а нотар кој? :icon_lol:

а како гледаш а станиме еднаш држава ?! со педагози со лопати да ги риниш,исто економисти и правници......

талкаме само со слаба да не речам мизерна заработка благодарејќи на овој систем,значи нешто мора да се менува
 
Вака гледам, прво парите кои ги крадат и перат да ги вратат назад во каса. Второ да се укине парламент, џабе ги раниме. Трето покоси ја администрација на 50%. Четврто направи улици, водовод, струја насекаде. Петто укини го задолжително средно и факултетите ограничи ги на квоти кога веќе Латас е професор изгуби смисла се. И дај му на народот да учи занаети, на сите дај им по некоја пара за да почнат со работа со занаетот што го научиле. На тие што ќе се здружат во поголема организација дај им бенефиции. Окрупни го земјоделството. Продај и ги спомениците на Бугарија, распредели ги парите на болните. Забрани увоз на прехрамбени продукти, стимулирај домашна економија. Симни нафтени деривати.
И на крај ако не не биде, земи зоља и уби си го населението, значи до нас е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom