и ако според ва не можеш да сватиш зошто сум божјо чедо проблем имаш
Еве во што е проблемот... и тоа го спориме цело време со било кој овде што ќе се дрзне да критикува „атеист“ или човек што не верува.
Тоа е она, што Ѓурѓо не може да го сфати. а и таквите ко него, гледам и ти се залетуваш..
1. Немам никаков проблем со твојата вера, односно со начинот на кој што ја изразуваш, манифестираш и практикуваш. Што се однесува до мене, верувај ако сакаш и во Бритни Спирс! Тоа е твоја одлука - каква и да е!
2. Проблемот овде настанува токму во односот, еве ќе те цитирам „
и ако според ва не можеш да сватиш зошто сум божјо чедо, проблем имаш“, т.е. не во тоа што ти веруваш, туку во начинот на кој што ти одбрамбено ја прифаќаш сопствената верба. Значи, ме наведуваш мене да мислам дека она што го браниш, не е Бог, односно смислата за Бог, која што дефакто денес е еден општествен комплексен проблем, туку во сопственото уверување и убедување на истиот (правење претстава) и сопственото двоумење и страв околу тоа. Двоумење и страв од неприфатеност. Веројатно и имаш несигурност околу тоа ( и немој да негираш, знам дека тоа е така, но не те критикувам, само ти објаснувам што е тука проблемот, а ти сигурно не си проблемот!). Оттука и твојата реченица од прееска (не замерувај ако не те цитирам правилно) „
која е поентата на концептот верување и неверување, ако не постои бог, и така сите сме само луѓе!“. Па така оттука ме наведува, да помислам да во суштина тој концепт на отфрлање, ти го издигнуавш на ниво на „Божја работа - творба“, па и заради тоа твоето сфаќање за Бог е лично твое и субјективно (затоа одби да расправаш за твоето уверување, да не забегаме од темата).
и
3. Имајќи го в предвид тоа погоре, апсурдно е тогаш да се води муабет, зошто сум јас атеист, иако реално ти го кажав мојот став (колку и да ти звучи нихилистички). Па и оттука и да го негираш некого затоа што е атеист, односно, да му контрираш, а при тоа да тврдиш „
која е поентата на концептот верување и неверување, ако не постои бог, и така сите сме само луѓе!“ ? Што сакаш да кажеш со тоа?
Ако мислиш дека атеистите, односно луѓето што не веруваат, дали во коцептот за Бог, или било што, се закана по твојата верба, не гледам причина зошто ти би се бранел неосновано, само заради тоа што такви луѓе постојат? Кој ти забранува да веруваш во она што веруваш? Е сеа, ако поставуваш прашања, на атеист, во врска со Бог, религија и верата, што очекуваш да ти каже? Па после тоа, пу пу, вие не сфаќате, вие сте злобни, а од друга страна, имаш изјава како онаа погоре.
Значи, и тоа како твојата вера - верба, е сведена на релативизам. Ти денес или утре, може ќе го смениш твоето мислење (за што мислам дека е природно и нормално), но она новото исто така цврсто ќе го браниш, заради твоето
лично убедување.
Не знам како би ти објаснил, но ете зошто сум атеист. Не заради инат од Бога, туку затоа што да тој не постои, но и заради фактот што секое наредно ИДОЛОПОКЛОНСТВО сведено на теистичка формула, ме наведува да го критикувам затоа што истото е ништо друго освен чиста ИЛУЗИЈА!