Wi-Fi рутери (препораки, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата JaaMajkata
  • Време на започнување Време на започнување
Некој Linksys, или ако може да се добереш до Buffalo Nfinity n300.
 
за рутер се знае... циско.. линксис ова се врв и појако нема. ако не си при пари можеш Д линк да си бараш ( докажани се кој што сака нека јаде бурек )... ако си за нешто поефтина варијанта можда би завршил работа и со ТП линк...

едно ке ти кажам - гембирд да не ти падне ни на памет !!!
 
Денеска разгледував и втора варијанта а тоа е рутерот да го поставам во дневната соба, па blueray плеерот да го поврзам со кабел на рутерот на 100Mbps порт а за почеток да стримовам само преку компјутер и wi-fi. Во ваков случај кои брзини може реално да ги очекувам? Предпоставувам дека во ваков случај сите 150 или 300Mbps од wi-fi брзината ќе се користат за испраќање а blueray плеерот ќе добива по 100Мbps преку кабел.

Уште една недоумица имам со рутерот. Утрово гледав некој TP-Link TL-WR842ND кој имал USB 2.0 и вграден медиа сервер со поддршка за PS3 (предпоставувам дека не ми имало проблеми ни со Sony BDP-390 кој планирам да го земам), па така би можел да приклучам USB хард диск а рутерот да ја стримова содржината. Повторно, која брзина би можел да ја очекувам кога би се снимало и читало од овој хард диск?
 
Ako imas pari Linksys WRT54GL
Ako nemas pari TP-Link 740N
The End
 
јас како корисник на ТП Линк сакам да прашам следното: како да го средам проблемот, зошто поврзувањето на мрежата е мнооооооооогу бавно, чекам по 4-5 минути дури да се конектира. се јавува дури и порака: „Поврзувањето трае подолго од очекуваното“ се јавив во ОНЕ, демек модемот не чинел, ми дадоја друг, и пак истото, тие куртите ништо незнат!
 
Мој личен избор е Netgear и неможам да се пожалам, јас го користам DGN3500 што е модем+рутер препорачливо ако имаш адсл или адсл+ интернет. Бежична брзина (теоретски) е до 300Mbps, а жична до 1 гигабајт,имаат и други варијанти на рутери.​

Ако сакаш да дознаеш повеке еве ти лик, па прочитај ја конфигурацијата:
http://www.netgear.com/home/products/wirelessrouters/work-and-play/DGN3500.aspx
 
TP LINK нс оддалеченост од 10 метри и 3 ѕида ете и пинг и брзина :D
1914828519.png
 
Ми треба совет за тоа каков рутер да си купам :)
Да биде квалитетен, на 15-20 метри да ја има истата јачина на сигналот како преку кабел,
и да не биде многу скап :)

Ви благодарам
 
За мене се добри овие од TP LINK серијата, провери на нет. Плус мислам дека ги даваат во уан со секој склучен договор, само шо таму ти го даваат најефтиниот, а од оваа серија имаш многу појаки шо даваат одличен сигнал. И тоа шо го бараш да ја имаш истата јачина како и на кабел мислам дека не би можел да го добиеш со ниту еден рутер на таа далечина, да не зборуваме ако оваа далечина не е во празен воздушен простор (да има ѕидови и други зезанции)
 
Ми треба совет за тоа каков рутер да си купам :)
Да биде квалитетен, на 15-20 метри да ја има истата јачина на сигналот како преку кабел,
и да не биде многу скап :)

Ви благодарам
“Сакам да е скап ама да не е скап“ работава.
 
За мене се добри овие од TP LINK серијата, провери на нет. Плус мислам дека ги даваат во уан со секој склучен договор, само шо таму ти го даваат најефтиниот, а од оваа серија имаш многу појаки шо даваат одличен сигнал. И тоа шо го бараш да ја имаш истата јачина како и на кабел мислам дека не би можел да го добиеш со ниту еден рутер на таа далечина, да не зборуваме ако оваа далечина не е во празен воздушен простор (да има ѕидови и други зезанции)
Да де, сакав да кажам да е добар сигналот. А иначе , имаш искуство со некој TP LINK рутерите, задоволен ?
--- надополнето: 22 јуни 2012 во 01:35 ---
“Сакам да е скап ама да не е скап“ работава.
Е сега, разбери ме ти. Најдобро што може за помалку пари. Мислев да не е некој од скапите какo Lynksys, ... :)
 
До колку би одвоил за рутер?
 
Speedport,со засилувачи 30 метра ако мислиш на ваерлес интернет :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom