- Член од
- 11 мај 2008
- Мислења
- 3.358
- Поени од реакции
- 7.343
РК Вардар ПРО ќе учествува на меѓународниот ТВ турнир на шампионите „Добој 2012“. Учесници на турнирот, покрај Вардар, ќе бидат и Барселона и Адемар од Шпанија, ПИК Сегедин од Унгарија, Чеховски Медведи од Русија, Динамо од Белорусија, Цимос од Словенија, како и домаќинот, добојска Слога.
Инаку покрај турниров во Добој, во план е екипата, после базичните подготовки во Златибот, да замине на тренинг камп во Германија, поточно во Гумерсбах, каде ќе ги одмери силите со 4 бундеслигаши. Исто така е планиран еден дуел и со француски Гренобл. Според ова, се планираат подготовки на високо ниво што е најава за големите амбиции во новата сезона. Сите се надеваме конечно на симнување на Металург од тронот.