Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Арената „Филип втори“ меѓу 50-те стадиони кои мора да се посетат
29МАР 201211:00
Националната Арена „Филип втори“ се најде меѓу 50-те стадиони кои фудбалските навивачи мора да ги посетат, објави германската компанија „Стадион Велт“ во својата најнова публикација за 50 фудбалски храмови во Европа на 128 страници.
Арената „Филип втори“ доби место во публикацијата во која се сместени најважните храмови на фудбалските фанатици. За најубавиот македонски стадион ова е второ признание откако неодамна најстариот спортски магазин на Стариот континент, „Гуерин Спортиво“ го прогласи Градски за најубав стадион на Балканот.
„Стадионите се атракција и магнет за туристите. Во публикацијата се стадиони, кои се вистински класици, со пребогата историја. Други се едноставно големи и нездраво скапи, но современи и иновативни. Постојат и градови во Европа, кои го разубавуваат пејсажот на градот, па заслужуваат да се најдат во книгата. Исто така има и мали, неоткриени места, кои се единствени на свој начин“, стои во предговорот на книгата.
„Филип втори“, чија главна фаза заврши минатата година со комплетирањето на четирите трибини, моментно се реновира долу на теренот, со поместување и поставување на нова тревната подлога и атлетска патека, додека третата фаза за илуминација и застаклување треба да го даде конечниот изглед на Арената. Најрепрезентативниот спортски објект во земјава се најде рамо до рамо со вистинските храмови како Вембли, Ноу Камп, Сантијаго Бернабе, Алијанц Арена… Во книгата има и посебен дел за невобичаени стадиони, кои импресионираат според својата местоположба.
Од балканските стадиони покрај „Филип втори“ во книгата се и атинскиот „Спирос Луис“, олимпискиот стадион во грчката престолнија, потоа белградска Маракана, стадионот на Црвена звезда, националниот стадион во Букурешт, двата стадиони во Истанбул, Шукру Сарачоглу и Турк Телеком и сплитската школка „Пољуд“.
За секој стадион, во публикацијата се посочени главните карактеристики на стадионот, посочена е историјата, низ фотографии од минатото, но и актуелни фотографии за изгледот на Арената. Инаку оваа публикација во Германија чини 12 евра.
„Спортвелт“ е компанија, кој се занимава со планирање, изградба и раководење со стадионите, а има и доброразработен портал sportwelt.de, чии публикации се добредојдени за фудбалските навивачи, меѓу кои има посебен дел на туристи, со авантуристички дух, кои имаат една цел – да ги видат сите светски фудбалски храмови.
Така така. Само смирено и со ред,се ќе си дојде на свое место.
Денес стадионот,утре Александар Македонски,задутре Скопје. Нешта што мора да ги посетите.
Крајно време е да почнеме да цицаме пари од странски туристи.
Нека ме поправи некој, ама стадионот во сегашната форма е всушност само довршен онаков каков што бил замислен уште во оригиналниот проект во времето на “црниот“ (или “сивиот“, “бетонскиот“, како сакате) комунизам. Каде се античките столбови и барокната фасада?![]()
Трошењето пари никогаш не било тешко, особено туѓи.Да бе ''црните'' го смислиле,арно ама пусто турско не успеале да го довршат..јбг се немало пара, многу фирми имало,многу директори,ручеци,па секретарки шетања по Макарска,Далмација и сл. конечно еве решија некои неписмени да го завршат.
Трошењето пари никогаш не било тешко, особено туѓи.
Нека ме поправи некој, ама стадионот во сегашната форма е всушност само довршен онаков каков што бил замислен уште во оригиналниот проект во времето на “црниот“ (или “сивиот“, “бетонскиот“, како сакате) комунизам. Каде се античките столбови и барокната фасада?![]()
Иначе дознав дека атлетската патека ќе биде сина..њтф? Како ќе одговара со црвено-жолтите трибини..?![]()