Детектори за откривање на урината во скопските базени

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
Мочковците во базените ќе се обојат во сино!

Трите градски базени подготвени го дочекуваат летото. Во базенот Младост како новина се воведуваат детектори за урина кои ја обојуваат во сино и задолжително носење на капа за пливање, во Олимписки велат дека водата е доста квалитетна, а од Бисер конкурираат со најевтини цени

9E5C6E2A84558A46A12DDA1E44FAAC6B.jpg
Средството со кое се детектира урината во базените и ја бои во сино конечно ќе се користи и кај нас. Тоа пак ќе значи дека граѓаните кои досега мочаа во скопските базени и ги загадуваа ќе мора да научат каде се тоалетите или ќе треба да се справат со срамот што ќе следува откако водата околу нив ќе посини. Сепак вакво средство за прв пат ова лето ќе се користи само во базенот Младост во Карпош, кој работи во склоп на спортскиот центар "Борис Трајковски", додека останатите два Олимписки и базенот Бисер нема да го употребуваат. Од спортскиот центар велат дека со користење на таканаречените детектори за урина ќе се подигне и културата меѓу граѓаните да не ја загадуваат водата во која се бањаат. Освен оваа новина од таму информираат и дека граѓаните што сакаат да се бањаат во него ќе мора задолжително на глава да носат капи за пливање.
- За да се задржи хигиената на базенот задолжително е носење на капа за пливање. Оваа мерка е воведена заради новиот систем на прочистување на водата, бидејќи косата како материја е најтешко распадлива. Исто така во базените има и уринарен детектор кој ќе ја обои водата во сино при вршење на физилошка потреба во водата, а несовесните пливачи ќе бидат отстранети од базенот. Мислам дека нивото на култура на граѓаните е на доволно високо ниво, а превентивна мерка е воведена за да се заштитат пливачите од несовесните исклучоци - вели Ивана Стојановска од секторот за односи со јавност на "Борис Трајковски".
Граѓаните што нема да носат капа со себе ќе може да ја набават во центарот, но таму ќе ве чини 300 денари. Минатата година базенот доби нов ентериер, нов систем за филтрација на водата, тераса со бар и терен за одбојка на песок, реконструиран покрив, сончеви колектори и столчиња на трибината со капацитет за 500 гледачи. Цената за дневниот билет изнесува 200 денари, а месечниот чини 2500 денари.
Пеколните летни температури и оваа година ќе ги натераат граѓаните се почесто да ги посетуваат базените. И останатите два базена - Олимписки и Бисер велат дека се подготвени за летниот шпиц. Првите велат дека водата во базенот е квалитетна, а вторите ќе привлекуваат граѓани со поевтините карти.
- Голем дел од граѓаните постојано прашуваат кога ја менуваме водата, веројатно со желба да не посетат кога таа е најчиста. Но водата не се менува цела, од такво нешто некогаш нема потреба. Таа постојано циркулира низ системот за филтрација кој е најефикасен систем за прочистување на вода со помош на песок, и се менува континуирано во текот на целиот ден. Исто така за чистењето на базенот имаме и роботи кои се особено ефикасни за собирање на косата. Водата постојано се одржува околу 25 степени Целзиусови. Исто така екипи од Заводот за здравствена заштита редовно вршат испитувања на квалитетот на водата и досега немаат забележано никаков проблем - информираат од Олимпискиот базен, каде цената на дневниот билет е 200 денари.
Сепак, како што покажа праксата како единствена алтернатива на отворено базенот Бисер во населбата Аеродром е еден од најпосетуваните во лето. Како причина за поголемата посетеност, освен што е на отворено па скопјани може да се сончаат, е и цената на билетот кој чини само 100 денари и е најевтин во градот. Останува на скопјани да го изберат своето омилено освежувачко прибежиште за да избегаат од летните горештини.
(Гр.З.)
Повелете со коменатарите околу оваа нова појава :D
 
па фала богу редно беше за гнасиве...
 
Оти мислам дека такво нешто не постои?

Не знам дали новинаров го напишал намерно за да се плашат луѓето да мочаат или навистина не знае дека ваква боја не постои. Ама ако беше намерно ќе напишеа дека има ставено во сите базени.
 
Ова треба на Базен Снупи во Велес да се воведе. Иначе добар чекор,конечно нешто да им го дотера пемтчето на народчево.
 
Пооо колку ќе му се измочам.
 
После ова, нека ги реновираат и базените од внатре. Толку мочање така лесно не се чисти.
 
Црвена е бојата, не сина. Некој далтонист го пишувал текстот.

И macedonian.boy123 , мислам дека те опоменав еднаш да припазиш како отвораш теми. Под тоа мислам на наслов со капс лок и со текст лошо форматиран. Научи да отвораш теми, па отворај. Наредниот пат отвори вака тема несредено и ќе одмориш од форумов.
 
Навистина има вакво нешто?

Има бе, јас ти кажувам, цел живот со пливање и спасување по базени се занимавам. Има по сите базени во модерниве држави али таму свеста е на високо ниво, никој не ни ни помислува да се измоча, затоа сме скептици, дека не постои :)
 
Има бе, јас ти кажувам, цел живот со пливање и спасување по базени се занимавам. Има по сите базени во модерниве држави али таму свеста е на високо ниво, никој не ни ни помислува да се измоча, затоа сме скептици, дека не постои :)
А ти си видел да се обои?
 
Ќе има нова клетва за брзо гледам јас од типот "Да даде Госпо мајка ти во сино да го обои базентот во Недела".:D
 
Ќе има нова клетва за брзо гледам јас од типот "Да даде Госпо мајка ти во сино да го обои базентот во Недела".:D
Ти ја измисли,другите ке ја маваат :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom