Сталкерот
Резидентен космонаут
- Член од
- 5 јуни 2012
- Мислења
- 5.762
- Поени од реакции
- 7.594
Ок е ова до некаде, кога не го бара пазарот она што го нудиш, ќе треба да се задоволи човек со нешто друго. Или да го смени пазарот(географски аспект).Ова беше дел од поголема вест:
Економија
Кога нема работни места, удри по невработените
Владата предлага закон со кој на невработените подолго од две години може да им се понуди каква било работа, без разлика на образованието.
Според предлогот за изменување и дополнување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, што е во собраниска процедура, на луѓето што бараат работа подолго од една година, Агенцијата за вработување може да им понуди работа за која се бара образование за еден степен пониско од тоа што го имаат. На оние кои се невработени подолго од две години може да им се понуди каква било работа. Понуденото работното место може да е оддалечено најмногу два часа возење со јавен превоз или превоз организиран од работодавачот од местото на живеење до местото на работа и назад. Ако невработените одбијат ваква работа, ќе се бришат од евиденцијата и нема да може да се пријават како невработени една година.
Или во превод, ако сте магистер или доктор на науки и ви речат да одите да таксирате, чистите или да правите хамбургери, морате да прифатите. Квалификацијата не ви вреди ни 5 пари
Цел текст:
http://www.makdenes.org/content/article/24620000.html
[edit]
ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ!