Кој е Исус (нека е Божјиот мир над него) и која е Марија (нека е Божјиот мир над неа) според Коранот..
Исус е роден од Св. Дева Марија пред околу 2000 години, додека БОЖЈОТО вечно Слово (БОЖЈИОТ Логос) - Тоа е БОЖЈАТА првородена Мудрост Која што Единствениот Вистински и Совршен БОГ за спасение на сите Ја отелотвори во Исус - преку Светиот Дух БОЖЈИ произлегло од БОГА, како што детето произлегува од мајката, пред сите времиња, ангели и сите други останати творби!
Шалом .
п.с. Светиот Дух во Еврејскиот јазик е во женски род! .
И потсетисе на Марија кога таа се оддалечи од семејството свое на едно место кон исток
.И постави, тогаш, завеса меѓу нив и меѓу неа и Ние го испративме Нашиот Габриел и се претстави како човек, еднакво!
(Марија) Рече: “Јас се склонувам од тебе кон Милостивиот ако си богобојазлив.”
Тој (Габриел) рече: “Јас сум, навистина, пратеник од Господарот твој. Да, ќе ти подарам чисто дете.
”Таа рече: “И како ќе имам дете кога не ме допре ниеден човек, а јас не сум нечесна?”
Тој рече: “Ова е завршена работа. Господарот твој рече: “Тоа е лесно за Господарот твој. Ќе определам тоа дете да биде знамение за луѓето и милост од Наша страна. Таа работа веќе е решена.
”И тогаш таа остана бремена и се оддалечи во едно место далечно.И породилните болки ја присилија да дојде до едно стебло од урма, и рече: “Тешко мене! Зошто не си умрев пред ова и за секојпат да бидам заборавена?”
И ја повика глас под неа: “Не се грижи, Господарот твој, одреди под тебе да потече извор,и стреси од урмината гранка, ќе попаѓаат врз тебе свежи урми.Па, јади, пиј и биди радосна!
Ако здогледаш некого, кажи: “Да, јас ветив да постам за Милостивиот, и денеска со никого нема да разговарам!”
Потоа таа дојде кај народот свој, носејќи го детето. И рекоа: “О Марија, ти направи нешто, секако, невидено! О сестро Харунова, твојот татко не беше лош, а и мајката твоја не беше нечесна!” И таа даде ишарет кон него. Оние рекоа: “Како ќе зборуваме со дете кое е в крошна.”
(Исус) Рече: “Јас сум, навистина, роб Аллахов; ми даде Книга и ме одреди за пророк! И направи да бидам благословен и каде било да сум, и ми го заповеда намазот и зекатот сe додека сум жив,да бидам учтив кон родителите мои, и да не бидам дрзок и строг.
Нека е мирот над мене и на денот во кој сум роден, на денот кога ќе умрам и на денот во кој ќе бидам оживеан.
”Ете, тоа е Исус синот на Марија, Зборот на вистината, врз кого оние лага фрлаат.
На Аллах не му доликува да има дете. Возвишен е Он! Кога ќе реши за нешто само ќе рече: “Биди!” - и тоа, токму, ќе биде!
(МАРИЈА, 16-35)