- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Ајде да видиме дали е тоа така. За божественоста на Исус во првиот век пишувале Неговите апостоли и ученици. Но која е моќта и платата што ја добиле овие повеќето сиромашни рибари? Откако нивниот Водач (Исус) бил егзекутиран, тие имале избор, да си се вратат на стариот живот и старата професија или да бидат и тие убиени или прогонети. И токму тоа се случило, повеќето од нив (особено водачите на првите цркви) биле убивани, обезглавени, распнати, запалени на клада, фрлани во арени со лавови. Можеш да читаш на пример во аналите од римскиот историчар Тацит (понезависен извор здравје) за императорот Нерон (54-68 A.D.) кој просто ужувал да ги убива Христовите ученици. Најзабавен дел му било кога ќе ги облечел во јагнешка кожа и потоа ќе ги фрли во арена каде што биле дочекувани од гладни волци, мечки, лавови или тигри. Додека овие диви животни ги раскинувале христијаните, императорот Нерон заедно со неговата придружба просто уживале во овие спектакли. Исто така Тацит пишува и за тоа како Нерон ги палел христијаните на клади и од нив правел светилници во ноќта Слична ваква демонска опседнатост имале и другите римски императори како што се на пример Диоклецијан(284-311), Домицијан (81-96), Марко Аврелиј(161-180), Трајан(98-117), Валериј(253-260), Аврелиј(270-275).Za bozhestvenata priroda na Isus pishuvaat samo zavisni izvori na koi od toa I'm zavisi mokjta I platata.
Ете од тоа „зависеле“ овие како што ти ги нарекуваш „зависни извори“. Тоа била „моќта“ и „платата“ што ја добиле христијаните во првите 3 века.
А тука е добро да се спомне и еден од најголемите проповедник на христијанството во 1от век: апостол Павле. Тој пред да стане христијанин бил угледен римски граѓанин, ученик на Гамалиел. Тој пред да стане христијанин си имал моќ во Римската империја и дури и ја користел таа моќ за да ги годни христијаните (според неговите тогашни сваќања - еретици). Но што се случило откако Павле станал христијанин? Од прогонител, станал самиот прогонет од неговите бивши колеги, го изгубил достоинството во Римската империја и на крајот дури и му ја отсекле главата затоа што одбил да престане да проповеда за воскреснатиот Христос. Ете таква „моќ“ и „плата“ добил Павле - според тебе „зависен извор“.
Да погодам, бидејќи не ги признаваш пишаните документи на Матеј, Марко, Лука, Јован, Петар, Павле, Јуда итн, тогаш според тебе независен извор претставува некој што не верувал во Исус, а најмалку пак во Неговата божествена природа? Па ако е така, тогаш што очекуваш ти некој нехристијанин да пише книга за Христовото воскресение? Па добро бе мајќе му стара, стај прст на глава и размисли, може ли некој да биде сведок на Христовото воскресение, да пишува за него и да остане нехристијанин??? Според тебе изгледа може, зашто ако станел христијанин, тогаш веднаш станува нели „зависен извор“ и оп неговото сведоштво според тебе не важиVo prvite 100 godini po negovoto ragjanje, nitu eden nezavisen nepristrasen izvor ne go spomenuva nitu negovoto ime, a ushte pomalku negovata bozhestvena priroda.
Па и останал длабоко врежан во современиците, затоа и ги напишале евангелијата и писмата, затоа и Неговите современици кои поверувале во Него останале докрај верни на Него што многумина од нив и животот го дале. По длабоко врежување од тоа амин.Chovek kako nego, kakov shto biblijata go opishuva, bi ostanal dlabojo vrezhan vo sekjavanjeto na sovremenicite. Nitu eden od tie sovremenici ne nashol za vazhno da go ovekovechi.
Зарем Христос не е овековечен до сега? Погледни како дури и ти се изразуваш:
Дали знаеш што значат кратенките B.C. и A.D.? Првата значи Before Christ (пред Христос), a втората Anno Domini (Година Господова) Исус е централна личност во човековата историја, Тој ја подели историјата на пред Него и по Него, Личност што извршила најголемо светско влијание, а ти велиш дека не бил овековечен од Неговите современици?Velleius Paterculus (c.19 B.C.-c.A.D. 30)
Исус бил сметан за Бог уште пред првиот вселенски собор. Еве ти докази за тоа (наспроти твоето неаргументирано тврдење т.е. дофрлување, набацање)Mirakulozno, po vselenskite sobori vo 4 vek, Isus stanuva bog. Dobri 300 I kusur godini po svojata smrt.
Околу еден век пред првиот вселенски собор, Ориген за Исус рекол: "Иако (Христос) беше Бог, Тој зема тело, се направи човек, но остана она што беше: Бог." (Ориген, Фундаментални Доктрини 1:0:4)
Неколку години пред него, во 210 година, Тертулијан за Исус рекол: "Самиот Бог е без грев. Единствениот Човек кој е без грев е Христос, затоа што Христос е исто така Бог." (Тертулијан, Душата 41:3)
Уште порано, во 190г. Климент од Александрија за Исус рекол:
"Тој (Христос) Самиот е Бог и Човек, и извор на сите наши добра." (Убедувањето на грците 1:7:1)
"навистина, најизразеното Божество, Тој е еднаков на Господ, бидејќи е Негов Син" (Убедувањето на паганите)
10 години пред тоа, во 180г. Иринеј во своето дело "Против ересите" за Исус вели:
"Наш Господ, наш Бог, и Спасител, и Крал" (Против ересите)
20 години пред тоа, во 170г. Татиан Сиријанецот за Исус рекол:
"Не си играме лудории, вие грци, ниту пак збориме бесмислени работи кога изјавуваме дека Бог се роди во форма на Човек." (Адресирано до грците 21)
Уште порано Јустин за Христос пишува:
"Тој е првосоздаденото Слово Божјо, еднаков е на Бог", "И Бог и Господ над војските" (Јустин, Прва Апологија)
И уште порано, во почетокот на 2-от век, во 110г. Игнатиј Антиохиски за Исус рекол:
"Бидејќи нашиот Бог, Исус Христос, беше..." (Писмо до Ефешаните 4:2)
И уште уште порано, апостол Павле во околу 60тите години на првиот век, напишал:
"чии се и татковците, од кои потекнува и Христос по тело, Кој е Бог над сите, благословен во сите векови! "
(Апостол Павле во писмото до Римјаните 9:5)
"(Христос) Кој, иако е во Божјо обличје, не го сметаше како грабнато - тоа што е еднаков со Бога"
(Апостол Павле, Филипјаните 2:6)
Доволно е?