Кој е Исус Христос?

Член од
3 октомври 2008
Мислења
451
Поени од реакции
164
.

Исус е роден од Св. Дева Марија пред околу 2000 години, додека БОЖЈОТО вечно Слово (БОЖЈИОТ Логос) - Тоа е БОЖЈАТА првородена Мудрост Која што Единствениот Вистински и Совршен БОГ за спасение на сите Ја отелотвори во Исус - преку Светиот Дух БОЖЈИ произлегло од БОГА, како што детето произлегува од мајката, пред сите времиња, ангели и сите други останати творби!


Шалом .(y)





п.с. Светиот Дух во Еврејскиот јазик е во женски род! .:)
Кој е Исус (нека е Божјиот мир над него) и која е Марија (нека е Божјиот мир над неа) според Коранот.



И потсетисе на Марија кога таа се оддалечи од семејството свое на едно место кон исток
.И постави, тогаш, завеса меѓу нив и меѓу неа и Ние го испративме Нашиот Габриел и се претстави како човек, еднакво!
(Марија) Рече: “Јас се склонувам од тебе кон Милостивиот ако си богобојазлив.”
Тој (Габриел) рече: “Јас сум, навистина, пратеник од Господарот твој. Да, ќе ти подарам чисто дете.
”Таа рече: “И како ќе имам дете кога не ме допре ниеден човек, а јас не сум нечесна?
Тој рече: “Ова е завршена работа. Господарот твој рече: “Тоа е лесно за Господарот твој. Ќе определам тоа дете да биде знамение за луѓето и милост од Наша страна. Таа работа веќе е решена.

”И тогаш таа остана бремена и се оддалечи во едно место далечно.И породилните болки ја присилија да дојде до едно стебло од урма, и рече: “Тешко мене! Зошто не си умрев пред ова и за секојпат да бидам заборавена?”

И ја повика глас под неа: “Не се грижи, Господарот твој, одреди под тебе да потече извор,и стреси од урмината гранка, ќе попаѓаат врз тебе свежи урми.Па, јади, пиј и биди радосна!
Ако здогледаш некого, кажи: “Да, јас ветив да постам за Милостивиот, и денеска со никого нема да разговарам!”

Потоа таа дојде кај народот свој, носејќи го детето. И рекоа: “О Марија, ти направи нешто, секако, невидено! О сестро Харунова, твојот татко не беше лош, а и мајката твоја не беше нечесна!” И таа даде ишарет кон него. Оние рекоа: “Како ќе зборуваме со дете кое е в крошна.”

(Исус) Рече: “Јас сум, навистина, роб Аллахов; ми даде Книга и ме одреди за пророк! И направи да бидам благословен и каде било да сум, и ми го заповеда намазот и зекатот сe додека сум жив,да бидам учтив кон родителите мои, и да не бидам дрзок и строг.

Нека е мирот над мене и на денот во кој сум роден, на денот кога ќе умрам и на денот во кој ќе бидам оживеан.

”Ете, тоа е Исус синот на Марија, Зборот на вистината, врз кого оние лага фрлаат.

На Аллах не му доликува да има дете. Возвишен е Он! Кога ќе реши за нешто само ќе рече: “Биди!” - и тоа, токму, ќе биде!

(МАРИЈА, 16-35)
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

А бе ќе цркнат од љубомора кураишите зошто Единствениот Вистински и Совршен БОГ (Елоах, Алах) своето Чудесно Слово - наместо земја, машко семе или билокаква поинаква творба - на неспоредлив начин Го отелотвори во Исус под верното срце на Марија Дева, мома Јудејка! .



Вие му се поклонувате на она што не го знаете, а ние се поклонуваме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците.

(Ев. Јован 4:22)



.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
.

А бе ќе цркнат од љубомора кураишите зошто Единствениот Вистински и Совршен БОГ (Елоах, Алах) своето Чудесно Слово - наместо земја, машко семе или билокаква поинаква творба - на неспоредлив начин Го отелотвори во Исус под верното срце на една дева мома еврејка! .


.
Кои се бе тие кураиши Спиро?
Те читам за нив а некако не ми е јасно тоа зборче.:)
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Кои се бе тие кураиши Спиро?
Те читам за нив а некако не ми е јасно тоа зборче.:)
.

Тоа е најтрговското и најгладно за моќ племе во арабија, кои не тргувале само со стока и роба, туку по нивните трговски патувања трагале по духовни приказни и поуки од коишто го склепале поетски најестетското и најпознатото антихристијанско дело: куранот!


.
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
451
Поени од реакции
164
.

А бе ќе цркнат од љубомора кураишите зошто Единствениот Вистински и Совршен БОГ (Елоах, Алах) своето Чудесно Слово - наместо земја, машко семе или билокаква поинаква творба - на неспоредлив начин Го отелотвори во Исус под верното срце на Марија Дева, мома еврејка! .


.

Хехе, пријателе, јас го сакам Исус (нека е Божјиот мир над него). И како што гледам не си го прочитал делот од Коранот каде се опишува како Исус (нека е Божјиот мир над него) е роден.

Исус (нека е Божјиот мир над него) е Божје чудо. Тој нема татко.

Во Ислам Исус не се смета како Израелец, бидејќи тој нема татко, нема крв од ниедна нација, туку директно, преку Ангелот Габриел (нека е Божјиот мир над него), Бога стави дух (душа во него) и тој се роди.

Бог вели: Ќе определам тоа дете да биде знамение за луѓето и милост од Наша страна,

Е на тие што не веруваа и уште не веруваат во Божјата сила, одговорот е во Коран:
Кога (Бог) ќе реши за нешто само ќе рече: “Биди!” - и тоа, токму, ќе биде!


И сега искрено кажи ми каква е таа глупост од твоја страна што велиш дека муслиманите, поточно јас сум љубоморен на Исус (нека е Божјиот мир над него).

Само види каков статус има Исус (нека е Божјиот мир над него) во Ислам.

Да беше Мухаммед лажен пророк и да беше вистина дека тој го напишал Коранот, со сигурност не би го ни спомнал Исус (нека е Божјиот мир над него), а камо ли другите пророци.

Да беше така, Мухаммед (нека е Божјиот мир над него) никогаш не би рекол дека Исус (нека е Божјиот мир над него) е МЕСИЈАТА, спасителот, тој што ќе не спаси од Антихриста (Деџалот).

А јас длабоко верувам во себе дека горенаведените стихови од Коранот не ги оставаат рамнодушни Христијаните, иако тие веруваат дека тоа го напишал Мухаммед (нека е Божјиот мир над него), а не е од Бога.

Замисли што вели Коранот и Исламот за Исус (нека е Божјиот мир над него):
Ќе определам тоа дете да биде знамение за луѓето и милост од Наша страна,

Ова е нешто што Бог не го вели во Коран за никој друг.

Само да знаеш дека СЕКОЈ КРВАВ КУРАИШКИ СЛЕДЕБЕНИК кој не го сака и не го признава Исус (нека е Божјиот мир над него) како пратеник Божји или вели дека тој не е роден на чудесен начин, така како што Бога го опишал во Коран, тој човек се смета за неверник, бидејќи не верувал во Божјиот збор.


ЈАС ГО САКАМ ИСУС (нека е Божјиот мир над него).

Но завршувам со овој цитат од Коранот:

За тебе твојата вера, за мене мојата вера..(Кафирун, 6)

Ти по свое, јас по мое....Вистината?!!!......ИншАлах во Судниот Ден. АМИН!

Селам Алејкум! Бог да те упати во вистината.

Биди поздравен
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.
Вие не сте свестни дека сакате лажен “исус“, “мухамед“ и “куран“!​
.

Кога навистина би Го сакале вистинското отелотворение на Прачистото и Прамудро Слово БОЖЈЕ (Исус), вие засигурно не би се клањале кон каменот, според урнекот и зад задникот на кураишките книжници!

Запомни: за разлика од верзијата на крвавите кураишки книжници, Исус и Неговите вистински следбеници (одкако Го добија Светиот Дух) не пролиле никому никогаш нити една единствена капка крв!

ИншАлах - сиот свет и вие - правовремено да ја увидите Совршената Вистина и на судниот ден да бидете (заедно со сите помилувани чеда БОЖЈИ) на страната на помилуваните

Амин


п.с. Совршената вера и пракса БОЖЈА во Христос, на детето му ја доделува националноста ( и верата) на мајката, но Отецот Небесен го има абсолутно првото, најважно и централно место !

.
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
451
Поени од реакции
164
но Отецот Небесен го има абсолутно првото, најважно и централно место !

.

Е така е....Нема друг освен Него. Никој не му е рамен.

Мојата вера (Исламот = Тотален Покор Кон Бога) познава само едно нешто, само Еден и Единствен Бог.

Мухаммед, Исус, Абрахам и другите (нека е Божјиот мир над нив) немаат никаков статус кај мене освен како избрани, најверни и најсакани слуги на Бога пратени од Него да го упатат човекот кон вистината, ништо повеќе.

Мојата вера е чиста релација ЧОВЕК - БОГ, нема ништо меѓу нив.

Све што навлегува меѓу ЧОВЕКОТ И БОГА, тоа ја расипува верата.

Не ми треба никој да ми посредува. Бога е прв без почеток и последен без крај, апсолутен креатор на све што знаеме ние и не знаеме, на све што постоело, постои и ќе постои. Ние Негови сме и кај Него ќе се вратиме. Тој не гледа, не следи и не слуша во секој момент, па зошто само на Него да не му се молиме?!

Јас си го сакам Бога, Еден и Единствен, без татко, без мајка, без синови, без керќи. Баш така како што му прилега на Бога, кој без сомнение нема потреба да падне толку ниско, да стане човек и да ми дозволи мене да го убијам и масакрирам на крст со цел да ја добие мојата љубов, неееее, тоа не е Бог.

Неговата љубов кон човечкиот род почнува од моментот кога го создаде Адам и од целиот човечки род. Еве каде сме сега, после колку илјади години, после толку гревови, неправди, убивања, крвави војни, верување во статуи, лажни богови, убиени пророци, аморалност, сатанизам, атеизам, сепак сме живи, Бог ни дава рокови и рокови, секој ден.

Постојат луѓе кои што го негираат Неговото постоење. Па нели тоа е најголемата неправда кон Бога. Но сепак Неговата Голема љубов преовладува, кон сите, и верниците и неверниците. Па нели не е голема љубов тоа што Бога му дава рок на секој човек се до последниот здив, да се покае?


Мене персонално ме чуди фактот како многу од христијаните кои ги знам спомнуваат цело време Божја Љубов а никој не му ја возвраќа таа љубов на Него. Задева женски секој метар, ги мењава ко чорапи, лудее по журки, пие, не дава пари на сиромашните, пцуе мајка, иде на молитва само за Велигден, а за Божиќ не (бидејќи тоа е за лудување по дискотеки, музика, ракија и женски) и после све е ОК, вели дека тој е спасен, поради безусловната љубов на Богот Човек Христа и бла бла бла......

Ова за мене е лицемерие.

Љубовта треба да се докаже со дела. Само глуп да си и да не разбереш. Земи прочитај Библија и ќе видиш дека така не се спасува никој. Спасен е само тој што се чува од тоа што Бога забранил а го исполнува тоа што тој наредил.

Да тврдиш само усно да тврдиш дека веруваш во Бога и го сакаш е само почеток, формалност, а да станеш ВЕРЕН на Бога е сосема друго нешто.

Еј драги пријатели, а бе кој е тој будала што не би сакал да се спаси на ваков начин. Прави што сакаш и само верува во Божја Љубов и тадаааамм, директно во Рај.

Не фала, итс то чип.


СЕЛАМ
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
Мене персонално ме чуди фактот како многу од христијаните кои ги знам спомнуваат цело време Божја Љубов а никој не му ја возвраќа таа љубов на Него. Задева женски секој метар, ги мењава ко чорапи, лудее по журки, пие, не дава пари на сиромашните, пцуе мајка, иде на молитва само за Велигден, а за Божиќ не (бидејќи тоа е за лудување по дискотеки, музика, ракија и женски) и после све е ОК, вели дека тој е спасен, поради безусловната љубов на Богот Човек Христа и бла бла бла......

Ова за мене е лицемерие.
И мене да ти кажам ме чуди фактот што многу од муслиманите што се прават најголеми верници покорни, постат само за празниците, а у меѓувреме се убиваат од пиење алкохол, во некои случаи и јадење свинско, девојче кога ќе помине покрај нив дофрлуваат некои зборови што не доликуваат, пцујат, бранат убијци и сакаат смрт за каури

Ова за мене е лицемерие
 

Coldhorror

ESTJ
Член од
4 јуни 2012
Мислења
140
Поени од реакции
107
.
Вие не сте свестни дека сакате лажен “исус“, “мухамед“ и “куран“!​
.

Кога навистина би Го сакале вистинското отелотворение на Прачистото и Прамудро Слово БОЖЈЕ (Исус), вие засигурно не би се клањале кон каменот, според урнекот и зад задникот на кураишките книжници!

Запомни: за разлика од верзијата на крвавите кураишки книжници, Исус и Неговите вистински следбеници (одкако Го добија Светиот Дух) не пролиле никому никогаш нити една единствена капка крв!

ИншАлах - сиот свет и вие - правовремено да ја увидите Совршената Вистина и на судниот ден да бидете (заедно со сите помилувани чеда БОЖЈИ) на страната на помилуваните

Амин


п.с. Совршената вера и пракса БОЖЈА во Христос, на детето му ја доделува националноста ( и верата) на мајката, но Отецот Небесен го има абсолутно првото, најважно и централно место !

.
Дај те молам запри со поезијава за исуси и мухамеди, не за друго може ќе почне некој да верува читајќи те... :facepalm::facepalm::facepalm: Кои се вистинските исусови следбеници? Оние што убивале пагани ако не сакале да станат христијани? Оние што палеле „вештерки“ на клада, само зошто жените имале слободни мислења?
На светов имало само еден христијанин, и тој умре на крстот - Фридрих Ниче
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.476
.
п.с. Совршената вера и пракса БОЖЈА во Христос, на детето му ја доделува националноста ( и верата) на мајката, но Отецот Небесен го има абсолутно првото, најважно и централно место !

.
пракса БОЖЈА?

That's a new one! :)
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
451
Поени од реакции
164
И мене да ти кажам ме чуди фактот што многу од муслиманите што се прават најголеми верници покорни, постат само за празниците, а у меѓувреме се убиваат од пиење алкохол, во некои случаи и јадење свинско, девојче кога ќе помине покрај нив дофрлуваат некои зборови што не доликуваат, пцујат, бранат убијци и сакаат смрт за каури

Ова за мене е лицемерие
Јас зборувам само за тие што ги знам, од мојот круг, познавам многу христијани. Прочитај добро за кои христијани пишував погоре (многу од христијаните кои ги знам).

Не те спомнав ни тебе, ни Спирос и ниту еден христијанин што не го знам. Не го зимам правото да судам за нешто што не знам и не сум го видел.

А од друга страна тие муслимани што јас ги знам, сите се трудат да бидат добри верници, некои од нив можда не се клањат 5 пати на ден, но минимум неколку пати неделно, али постат, алкоол не пијат, не идат по дискотеки, не мењале женски, ни не задевале итн.

А за муслиманите што ти ги знаеш тоа е сосема друго нешто. Ако си ги видел дека така се однесуваат, пијат, јаде свинско, тепа, сакаат смрт за каури, дофрлуваат зборови на девојки, тогаш навистина и тоа е лицемерие т.е. не се добри муслимани:) Сум видел многу такви "муслимани".


Но поентата на целиот мој текст не беше во тоа колку христијаните се верници, туку во тоа дека многу се МАНИПУЛИРА и се ЗЛОУПОТРЕБУВА љубовта Божја.

Поздрав
 
Член од
13 јуни 2012
Мислења
172
Поени од реакции
26
I AM MUSLIM ♥♥
20 godini ja studirav biblata i okolu pravoslavnite i katolicite.
No sekogas vo sebe osekav deka nesto ne ide kako sto treba.
i moeto najloso mislenje bese deka muslimanite se terroristi.
I eden den go zemav Kuranot da go proctiam.
i koga svativ deka muslimanite go sakaat Isus kolku i Muhammed a.s.
svativ deka ova e vistinskata religija...
ELHAMDULILAL JAS DENESKA SUM MISLIMAN.

 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
I AM MUSLIM ♥♥
20 godini ja studirav biblata i okolu pravoslavnite i katolicite.
No sekogas vo sebe osekav deka nesto ne ide kako sto treba.
i moeto najloso mislenje bese deka muslimanite se terroristi.
I eden den go zemav Kuranot da go proctiam.
i koga svativ deka muslimanite go sakaat Isus kolku i Muhammed a.s.
svativ deka ova e vistinskata religija...
ELHAMDULILAL JAS DENESKA SUM MISLIMAN.


Абе се усреќил у пм.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom