da_be_man
Entropy
- Член од
- 17 октомври 2005
- Мислења
- 628
- Поени од реакции
- 126
Дали е толку лошо и ако е тaka ....тешко дека за брзо време ова ќе се промени.
ПартиЈата станува критериум за живот (целиот текст http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0EC739DEA8C54242BDFFB2970B5C95B5)
Ситуацијата е толку алармантна, што ако некој од младите ви каже дека е во мешан брак, тоа повеќе не значи дека партнерите припаѓаат на различна етничка заедница или религија, туку на различна партија
Две познати скопски семејства кои со години биле пријатели, чии деца лани решиле да се венчаат, успеале да им го уништат бракот само затоа што припаѓале на различна политичка партија. Веднаш по регистрацијата, на почетокот на веселбата настанала расправија меѓу сватовите - едните сакале да нарачуваат комитски песни, а другите сакале на свадбата да се пушта српска народна музика. Ситуацијата толку ескалирала, што 24 часа по свадбата бракот бил поништен.
Ова е одличен пример за тоа што прво забележуваат македонските граѓани кај другите и кој е основниот критериум за одлуката кој доктор да н` лекува, со кого ќе влеземе во љубовна врска или брак, како да напредуваме во кариерата, кого да го избереме за партнер во бизнисот?
Најновите социолошки истражувања покажуваат дека тоа е партиската определба. Социолозите и аналитичарите велат дека ситуацијата е толку алармантна, што ако некој од македонските млади ви каже дека е во мешан брак или врска, немојте да се зачудите што тоа повеќе не значи дека партнерите припаѓаат на различна етничка заедница или религија, туку на различна партија.
Партијата сега стана најголемата пукнатина во македонското општество, а партиската припадност на десничарската ВМРО-ДПМНЕ или левичарската СДСМ стана квалитет и вредност која граѓаните ја земаат како клучна и побитна од традиционалните критериуми (пол, возраст, етничка припадност, религија, раса, социјален статус...).
......................
македонското општество го добива Хобсовиот синдром - секој да влегува во војна со секого само за да преживее, што доведува до создавање невредности: шпионажа, подметнување, отуѓување...
Ако до пред некоја година вредносниот систем на македонските граѓани покажуваше дека тие повеќе би се одлучиле да водат заеднички бизнис со маж или, пак, повозрасен и поискусен човек отколку со жена или, пак, некој помлад (значи полот и возраста биле пресудниот критериум), сега за граѓаните не е најзначајна возраста на бизнис-партнерот или пак неговиот пол, туку тој да припаѓа на иста политичка провиниенција. Образложението е дека така бизнис-партнерите подобро ќе се разберат и ќе делат исти вредности, со што и нивното партнерство ќе биде поцврсто.
- Партиската определба станува клучна и во изборот на партерот во љубовна врска, стапување во брак, па дури и во делот на здравјето. Истражувањата покажуваат дека пациентите се чувствуваат посигурни ако ги лекува лекар со партиска книшка иста како нивната. Време да ни се случи морална паника – вели Стојановска.