Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
sakas da mi kazes deka biblata lugje ja napisale kako sakale oni so nivniot um koj umee da zgresi, sakas da mi kazes deka ne e sveta kniga od Gospod ispratena koj ne gresi?
epa kako da veruvam jas na kniga koja od covek e napisana, koj moze da se opijanci ili pa nemora da e pijan i da napise sto saka vo nea gluposti od tipot "i gospod stanal, gospod se izmoril, gospod spie, "?
Па и куранот е напишан од луѓе, истите тие луѓе кои што можат да згрешат и да си вметнат нешто свое.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
dali spored biblata gospod spie?
Не. Еве што вели Библијата за тоа:

„Мојата помош е од Господа, Кој ги создаде небото и земјата. Тој нема да остави да се сопне твојата нога и Тој нема да задреме, твојот чувар. Не, не дреме и не спие Тој, Израелевиот чувар.“ (Псалм 121:2-4, Библијата)
--- надополнето: 14 јуни 2012 во 15:34 ---
aaa ok a zosto tuka vo biblata pisuva deka spie?
Затоа што под поимот „Библија“ не се подразбираат исламистички пропагандни броширчиња полни со искасапени стихови и хумористични толкувања. Библијата е сосема друга книга, која што за жал речиси никој од оние муслимани кои што плукаат по неа ја немаат прочитано.

The Lord said: I awoke and looked around. My sleep had been pleasant to me.
Jeremiah 31:26
Ваков стих не постои во Библијата. Можеш да кажеш од кој превод ти е ова? Или пак такво нешто не е наведено во исламистичкиот (антихристијански) материјал? :)
Во македонскиот превод, а сега проверив и во други преводи е исто така, стои:
„Потоа се разбудив и погледнав, и сонот ми беше пријатен.“ (Еремија 31:26, Библијата)

Ова се зборови на пророкот Еремија, кој добил пророштвото од Бог во сон. Значи Еремија бил тој што спиел, а не Бог. И Еремија не е единствениот од Божјите пророци што добил Божјо откровение (пророштво) во сон.

The Lord awoke as from sleep, as a man wakes from the stupor of wine
Psalm 78:65
Вториов стих исто така е човечка илустрација за тоа како Бог одбил да им помогне на Израелците заради нивната непослушност, заради нивното неверие и заради тоа што го искушувале Бог. Дали ти воопшто знаеш што значи фразата „as from sleep“?
Во контекстот се си е толку кристално јасно, но од каде би знаеле муслиманите, од кои повеќето не ни фатиле Библија во рака и не ни можат да го видат контекстот, туку веднаш трчаат по форуми да ги постираат искасапените стихови облеани со хумористични толкувања.
--- надополнето: 14 јуни 2012 во 15:37 ---
Тоа што Бог спие, тоа не значи дека Бог навистина има потреба од сон.
Тоа што твојот бог спие, не значи дека и библискиот Бог спие. Затоа држи си се до твоите ткн. „свети отци“ и православни преданија, а остави на библиските прашања да одговараат оние што ја читаат и проучуваат Библијата.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
se prasuvam kakov e toj bog sto dozvolil da go iskushuvat lugje :O
Еве сеа ја ќе го искушувам Алах:
„Алах, ако навистина постоиш појави се пред мене. Алах, ако навистина постош, направи чудо, нека загрми небото, нека заврне град во моментов сега!“

Ете, јас штотуку го искушував Алах да се појави пред мене и да направи одредени чуда. Очекувано, ништо не се случи. Гром не ме отепа. Ете гледаш дека и твојот Алах дозволува да биде искушуван од луѓе? :D

Does the Lord Sleep? In the Bible

The Lord said: I awoke and looked around. My sleep had been pleasant to me.
....
Psalm 78:65

Then the Lord awoke as from sleep, as a man wakes from the stupor of wine.
Ова е доказ дека ни самиот не си ги читаш копи-пејст спамовите пред да ги постираш, бидејќи повторуваш исти работи што во претходниот коментар ти беа одговорени.

Psalm 44:23

Awake, O Lord! Why do you sleep? Rouse yourself! Do not reject us forever.
Тоа што псалмистот му се обраќа на Бог со зборовите „Разбуди се! Зошто спиеш Господи? Стани! Не отфрлај нè довека!“ тоа воопшто не значи дека Господ спиел и дека бил легнат, па требал да се разбуди и да стане. Едноставно тоа се зборови искажани во длабоки емоции и во нетрпение на псалмистот да добие одговор на својата молитва од Бог. За да веруваме дека Господ навистина лежел и спиел, треба да веруваме дека псалмистот навистина со свои очи го видел Господ како се излежува на некој облак и хрчи.

Туку ај тебе ти е наложено да вршиш исламистичка пропаганда по форумиве, туку ја се чудам што сум фатил муабет да правам со тебе. Ни ме разбираш, ни ме читаш, ни па самиот себе се читаш што пишуваш. Исламистичка класика, веќе 100 пути видена на форумов.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тоа што твојот бог спие, не значи дека и библискиот Бог спие. Затоа држи си се до твоите ткн. „свети отци“ и православни преданија, а остави на библиските прашања да одговараат оние што ја читаат и проучуваат Библијата.
Хмммм, еве, јас сум убеден дека ќе ми посочиш „..библиски цитат..„: кој точно и недвосмислено укажува, т.е. толкува, што означува Божјото „спиење„...

А можеби ќе ми посочиш и „...библиски цитат...„, кој точно покажува што значи и Божјото „доцнење„ или Божјото „чекорење„.

Светите Оци, секако , не знаат ништо...
 
M

Muranyi

Гостин
Што вели Библијата за ангелските и демонските битија во врска со нивното постоење-дали се тие вечни?Дали ќе бидат и тие уништени на Страшниот суд?
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Што вели Библијата за ангелските и демонските битија во врска со нивното постоење-дали се тие вечни?Дали ќе бидат и тие уништени на Страшниот суд?
Библискиот контекст, за све што е создадено подразбира дека е релативно, смртно.
Вечноста се добива само во заедница со Вечниот Бог.
Страшниот суд не е уништување, туку преобразба на распадливото во нераспадливо, на релативното во апсолутно, вечно постоење.
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
451
Поени од реакции
164
Здраво!

Сакав да прашам, колку пати дневно треба еден христијанин да иде на молитва?

Дали постои сличен ритуал како клањање во Христијанството?

Пророкот Мухаммед (нека е Божјиот мир над него) рекол дека сите Пророци, почнувајќи од Аврам (нека е Божјиот мир над него) па се до Исус (нека е Божјиот мир над него), сите го ставале нивното чело на земја кога се молеле на Бога.

Фала однапред:)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Сакав да прашам, колку пати дневно треба еден христијанин да иде на молитва?
Христијанството е многу различна вера од Исламот. Христијанството не е сет на правила и прописи, не е листа со закони, во него нема прописи кои ги уредуваат формите, надворешната побожност и сл.

И друга работа, христијанинот не „иде“ на молитва. Тој нема потреба да отиде во некаков храм за да му се помоли на Господ. Како што нема правило за тоа колку пати јас треба да се слушнам на ден со мојот најдобар другар, со мојата девојка, со моите родители или сл. така нема правило ни за тоа колку пату да Му се обратам на Бог.

Дали постои сличен ритуал како клањање во Христијанството?
Не.

Пророкот Мухаммед (нека е Божјиот мир над него) рекол дека сите Пророци, почнувајќи од Аврам (нека е Божјиот мир над него) па се до Исус (нека е Божјиот мир над него), сите го ставале нивното чело на земја кога се молеле на Бога.
Сеедно. Без навреда, но нас воопшто не нè тангира што рекол Мухамед. Ние не го признаваме него како Божји пратеник и воопшто не ги земаме предвид неговите зборови.
Поздрав!
 
Формата на Богослужение низ историјата се развивало и менувало во зависност од условите како и од развојот на теологијата...
Вака од прилика изгледа:
- Христијанското Богослужение во Црквата е организирано во годишен циклус во зависност од периодот на годината, празничен, потоа со 4 ри големи пости (Божиќен, Велигенски, Петровденски и Богородичен), потоа со неделен, цикличен, осумгласовен систем на Богослужби кој седмично се користи.
Во тек на 24-от циклус(ноќ и ден) се служи Вечерна, Полуноќница, Утринска, Литургија, Часови...
Клањање или поклонување(длабок поклон со допир на челото на земја) се прави во зависност од службата пр: Духовден, Велигенски пост..., а не се прави (само појасно поклонување), Сабота према Недела, во периодот на Педестеница итн.
Поздрав!:)
 
S

Sagan

Гостин
Лично сметам дека средството за чистење и намената беа утнати.
Ова е права ствар
gruevski00000000.jpg

Туку, нема ли формирано научна комисија која испитува, или мпц е скарана со науката, а ја милува лагата?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Туку, нема ли формирано научна комисија која испитува, или мпц е скарана со науката, а ја милува лагата?
МПЦ не е скарана со науката, мислам на правилно заснованите науки, а зашто МПЦ ја милува лагата, то Ти самиот ќе ни‘ објасниш, оти МПЦ или било која помесна Црква, се потпира на од Бога објавените вистини а не на лагите од лукавиот.

Што се тиче научната комисија, која треба(ше) нешто да докаже или побие, очигледно е дека доцни...
--- надополнето: 18 јуни 2012 во 10:09 ---
Што вели Библијата за ангелските и демонските битија во врска со нивното постоење-дали се тие вечни?Дали ќе бидат и тие уништени на Страшниот суд?
Ангелите се вечни, оти се нематеријални и се створени согласно Божјата намера за нивното постоење-да Му служат на Бога и непрестано да Го слават. Познато е дека дел (1/3) од тие ангели, отпадна од близината Божја.

(Патем кажано, се‘ што е од Бога створено, требаше да биде вечно...).

На Страшниот Суд, Христос ќе направи одвојување на праведните од неправедните и нивно упатување на места соодветни на наградата или казната: Рајот или пеколот. Рајот го означува местото за вечен живот на праведниците, во близината Христова, а пеколот не е место за уништување, туку место за трпење вечни маки, наменети за неправеднициите и за демоните.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
48
Поени од реакции
14
Еве сеа ја ќе го искушувам Алах:
„Алах, ако навистина постоиш појави се пред мене. Алах, ако навистина постош, направи чудо, нека загрми небото, нека заврне град во моментов сега!“

Ете, јас штотуку го искушував Алах да се појави пред мене и да направи одредени чуда. Очекувано, ништо не се случи. Гром не ме отепа. Ете гледаш дека и твојот Алах дозволува да биде искушуван од луѓе? :D

Ова е доказ дека ни самиот не си ги читаш копи-пејст спамовите пред да ги постираш, бидејќи повторуваш исти работи што во претходниот коментар ти беа одговорени.
Зашо бе сега вака копиљски се понашаш? Па нели твоите братчина христијани кои го говорат арапскиот јазик во библијата за Господ,Бог, Отецот викаат Аллах, тоа е Тој, они кога ќе кажат Аллах не мислат на некој гуштер, крава или змија, мислат на Креаторот, само има некои разлики како што има и случности. Вие верувате дека Тој може да има дете, муслиманите веруваат дека не Му прилега да има дете, како што не му прилега на Креаторот да врши физички потреби како неговите створенија. Шо се праиш паметен кога не ти фаќа глава? Не те личи за годините батуле.
--- надополнето: 18 јуни 2012 во 14:34 ---
Сеедно. Без навреда, но нас воопшто не нè тангира што рекол Мухамед. Ние не го признаваме него како Божји пратеник и воопшто не ги земаме предвид неговите зборови.
Поздрав!
И демек нема докази во библијата дека пророците се молеле како денес што се молат муслиманите а? Пак и тука се праиш со сила како лукавиот :facepalm: ама на крај да не кажам што ќе испаднеш.
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
451
Поени од реакции
164
Христијанството е многу различна вера од Исламот. Христијанството не е сет на правила и прописи, не е листа со закони, во него нема прописи кои ги уредуваат формите, надворешната побожност и сл.

И друга работа, христијанинот не „иде“ на молитва. Тој нема потреба да отиде во некаков храм за да му се помоли на Господ. Како што нема правило за тоа колку пати јас треба да се слушнам на ден со мојот најдобар другар, со мојата девојка, со моите родители или сл. така нема правило ни за тоа колку пату да Му се обратам на Бог.

Не.

Сеедно. Без навреда, но нас воопшто не нè тангира што рекол Мухамед. Ние не го признаваме него како Божји пратеник и воопшто не ги земаме предвид неговите зборови.
Поздрав!
Пријателе, јас не ни сакав да те тангира ни воопшто да те интересира за тоа што рекол Мухаммед (нека е Божјиот мир над него). Јас само го кажав изворот од каде јас сум слушнал дека сите пророци се клањале кога се молеле, вклучувајќи го и Исус (нека е Божјиот мир е над него). Јас само сакав да знам дали кај вас христијаните се практицира ваков вид на молитва.

Либериј ми даде подетални информации. Во секој случај, благодарам на двајцата;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom