Jane
Кајганџија
- Член од
- 5 февруари 2006
- Мислења
- 3.394
- Поени од реакции
- 114
Така фино, не постои мислам дека за скоро сите технички факултети важи истото. Мислам дека и на машински нема вонреден/редовен.Како е можно тоа? Па кај секој факултет има режим на редовност, освен ако стуудиите не се вонредни. Не разбирам како може да биде и едно и друго.
Пријателот не може да посетува настава, сака само испитите да ги положи кога ќе дојде време, и да добие диплома - затоа прашав дали има вонредна настава.
Едноставно ако си способен и работи и студирај. Твое е како ќе комбинираш.
Гледам ти ги спомнаа лабораториските вежби... Не можеш баш да гледаш дека се еднаш неделно по секој предмет. Како прво некои предмети се секоја недела, други се преку една, трети имаат само 2-4 вежби за цел семестар (полугодие на средношколски). Друга работа е што не сите почнуваат од одма со вежби, треба да се насобере материјал, па обично знае да поминат 3-4 недели додека да се почне со првите вежби...
Сакам да кажам воопшто не се пречка лабораториските. Многу не ги ни идат, па на крајот ги обработуваат тие што им се пропуштени, или ќе заглават цел ден од сабалје до вечер ќе обработуваат колку што има термини, или па ако се пократки вежбите работат 2 вежби во 1 термин... Не е страшно во секој случај. Кај дел од професорите ни тие не се задолжителни, викаат дека се, ама на крај и на тие што не иделе им даваат потписи, али во секој случај носат поени, отприлика една цела оценка (10 поени од 100).