- Член од
- 21 март 2012
- Мислења
- 3.277
- Поени од реакции
- 3.055
Ти ја стави статистиката Дарданија на друга тема.Во Скопје имало само околу 2000 туристи повеќе годинава отколку 2009 во месец мај.Или тогаш имало 9000+ сега има 11 000 +.Од кој туристи 90% се од балканот а под 800 се од странство.И највеќето се само на едно преноќување.Со парите од спомениците ќе се изградат 7 км автопат. И кај ќе има поголем ќар, од 200,000 нови туристи во Скопје секоја година или од 200,000 странци кои ќе транзитираат низ Македонскиот автопат од 7 км за да стигнат до Грција? Малку треба да ја уклучиме и логиката. Холанѓаните кои авионски доаѓаа само до Охрид, сега гледам редовна маршута им е и Скопје, чисто ги интересира гледам споменикот на Аце и Чудото од Св. Димитрија. Ако од една тура од 150 туристи, секој барем јаде и пие во Скопје, ќе потроши дневно минимум 10 евра.
Не сум видел дека некој е неухранет во МКД и дека трпи за леб.
За отварање нови работни места, во капитализмов власта единствено што може да направи е да ја подобри бизнис климата и да ги направи условите за водење бизнис најдобро што може, со ниски даноци и придонеси. Тоа веќе е направено, а дали Македонија ќе биде интересна бизнис дестинација, дали некој ќе сака да инвестира во држава без морско пристаниште и далеку од главниот западноевропски пазар, времето ќе покаже. Еве во Србија сите инвестиции идат само во северна Војводина, а ништо на југ. Не можам да сватам како сите очекуваат државата да отвара општествени фирми/фабрики, кога со законот за трансформација на општествените претпријатија од 1993 г. не може повеќе да опстојуваат такви претпријатијата.
--- надополнето: 16 јуни 2012 во 10:04 ---
Јас всушност не сум член ниту на една партија, ниту некогаш сум бил. Немам личен интерес од ниту една политичка партија, меѓутоа секогаш ќе гласам за помалото зло, ако ме разбираш
Со инвестиција од 400 милиони + камати на кредити за таа инвестиција + цени на одржување на тие згради ( последните 2 не можам да ги додадам дека не знам колку се ) само со еве да кажеме и 15 000 во просек месечно ( 180 000 на годишно ниво),секој да остави во просек по 100 евра во Скопје тоа се 18 милиони евра од туризам.Тоа значи дека за отприлика 20 ГОДИНИ ЌЕ ГИ ВРАТИМЕ ПАРИТЕ .
И ова е најпозитивната проценка што може да се земе.Ако се земе реалната најверојатно би било 5 или 6 декади додека да ги вратиме зошто во проценката за туристи требаше да ја земам само разликата во дојдени туристи пред да се гради и сега или 2000 туристи а јас ја земав вкупната.
Знаеш ли што ќе ти рече инвеститор да му речеш дај ми 400 милиони ќе ти ги вратам за 20 или 50 години? Ќе ти се изнасмее во фаца.Да влезеш во бизнисот на продавање палома марамици на пазар побрзо ќе ги свртиш тие 400 милиони.
Патем ја Спомна Србија и Југот/Ниш, во Србија сите инвестииции идат во Воводина а не во Ниш зошто државата последните 10 години има инвестирано скоро ништо во југот додека сите патишта,целата железница ја обнови во Нови Сад и Београд.Ист случај како Скопје и Крива Паланка да кажеме.Иако регионот околу Ниш е позициониран далеку подобро од Војводина да стане економски центар они се вложуваат во Војводина.