БДП-то ни отиде во минус (-1,4%)

Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Со парите од спомениците ќе се изградат 7 км автопат. И кај ќе има поголем ќар, од 200,000 нови туристи во Скопје секоја година или од 200,000 странци кои ќе транзитираат низ Македонскиот автопат од 7 км за да стигнат до Грција? Малку треба да ја уклучиме и логиката. Холанѓаните кои авионски доаѓаа само до Охрид, сега гледам редовна маршута им е и Скопје, чисто ги интересира гледам споменикот на Аце и Чудото од Св. Димитрија. Ако од една тура од 150 туристи, секој барем јаде и пие во Скопје, ќе потроши дневно минимум 10 евра.

Не сум видел дека некој е неухранет во МКД и дека трпи за леб.

За отварање нови работни места, во капитализмов власта единствено што може да направи е да ја подобри бизнис климата и да ги направи условите за водење бизнис најдобро што може, со ниски даноци и придонеси. Тоа веќе е направено, а дали Македонија ќе биде интересна бизнис дестинација, дали некој ќе сака да инвестира во држава без морско пристаниште и далеку од главниот западноевропски пазар, времето ќе покаже. Еве во Србија сите инвестиции идат само во северна Војводина, а ништо на југ. Не можам да сватам како сите очекуваат државата да отвара општествени фирми/фабрики, кога со законот за трансформација на општествените претпријатија од 1993 г. не може повеќе да опстојуваат такви претпријатијата.

--- надополнето: 16 јуни 2012 во 10:04 ---


Јас всушност не сум член ниту на една партија, ниту некогаш сум бил. Немам личен интерес од ниту една политичка партија, меѓутоа секогаш ќе гласам за помалото зло, ако ме разбираш ;)
Ти ја стави статистиката Дарданија на друга тема.Во Скопје имало само околу 2000 туристи повеќе годинава отколку 2009 во месец мај.Или тогаш имало 9000+ сега има 11 000 +.Од кој туристи 90% се од балканот а под 800 се од странство.И највеќето се само на едно преноќување.

Со инвестиција од 400 милиони + камати на кредити за таа инвестиција + цени на одржување на тие згради ( последните 2 не можам да ги додадам дека не знам колку се ) само со еве да кажеме и 15 000 во просек месечно ( 180 000 на годишно ниво),секој да остави во просек по 100 евра во Скопје тоа се 18 милиони евра од туризам.Тоа значи дека за отприлика 20 ГОДИНИ ЌЕ ГИ ВРАТИМЕ ПАРИТЕ .

И ова е најпозитивната проценка што може да се земе.Ако се земе реалната најверојатно би било 5 или 6 декади додека да ги вратиме зошто во проценката за туристи требаше да ја земам само разликата во дојдени туристи пред да се гради и сега или 2000 туристи а јас ја земав вкупната.

Знаеш ли што ќе ти рече инвеститор да му речеш дај ми 400 милиони ќе ти ги вратам за 20 или 50 години? Ќе ти се изнасмее во фаца.Да влезеш во бизнисот на продавање палома марамици на пазар побрзо ќе ги свртиш тие 400 милиони.

Патем ја Спомна Србија и Југот/Ниш, во Србија сите инвестииции идат во Воводина а не во Ниш зошто државата последните 10 години има инвестирано скоро ништо во југот додека сите патишта,целата железница ја обнови во Нови Сад и Београд.Ист случај како Скопје и Крива Паланка да кажеме.Иако регионот околу Ниш е позициониран далеку подобро од Војводина да стане економски центар они се вложуваат во Војводина.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Благодарение на фудбалот, деновиве гледам дневник на МТВ, и да ви кажам искрено, блазе си ни, си живееме подобро и од некоја провинција на Катар. Тоа нели секако додека не го исклучиш телевизорот. Најинтересно е кога ударна вест е како некој милијардер ќе ја посетел државава, и тука одма улетуваат слики од цела влада сликана со типот кој се чуди што го снашло.
Ама ни вестите не се веќе тоа што беа, порано задолжително идеше тој и тој ЌЕ инвестира, сега е заменето со ЗАИНТЕРЕСИРАН е да инвестира :icon_lol:*
*ако не си се смеевме на маката, одамна ќе изумревме.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Со парите од спомениците ќе се изградат 7 км автопат. И кај ќе има поголем ќар, од 200,000 нови туристи во Скопје секоја година или од 200,000 странци кои ќе транзитираат низ Македонскиот автопат од 7 км за да стигнат до Грција? Малку треба да ја уклучиме и логиката. Холанѓаните кои авионски доаѓаа само до Охрид, сега гледам редовна маршута им е и Скопје, чисто ги интересира гледам споменикот на Аце и Чудото од Св. Димитрија. Ако од една тура од 150 туристи, секој барем јаде и пие во Скопје, ќе потроши дневно минимум 10 евра.
Битушанец , дај докажи ги тие +200.000 туристи , пошто јас кој редовно ги следам тие работи не ги наоѓам.

Добрата инфраструктура повлекува инвестиции бе човече , една силна инвестиција е еднакво на сите туристи што оставиле пари последните 10 години.

Кај ќе инвестираш во Македонија кога немаш автопатско поврзување со соседите , а ни железничко.

Со ниедна земја немаме добро поврзување (а да , со Србија сме имале , за 3 и кусур години едвај завршија со неколку км автопат , проширување Куманово-Тавановце).
А овие автопатишта што ги имаме од Титово време , треба да се крпат , но и за тоа немаме пари.

Сега ќе ја земам како пример Албанија (пошто за оваа земја пратам повеќе) не дека нема посветли примери од други земји (Хрватска , Бугарија, Црна Гора...).
Вчера во Албанија се заврши најголемата Хидроцентрала , странска инвестиција од Австрија , вредност на проектот 200.000.000 евра , ќе можат да снабдуваат со струја 100.000 семејства.

Во Албанија последните години не памтам да е изграден ниеден споменик (не дека немаат историја) , но сепак врие од туристи од сите страни , последната година имаше историски рекод по бројот на туристи.

Кажи ми ти мене , колку споменици имаше во 2000та во Македонија ? Пошто по бројот на туристи бевме приближно исти како што сме сега.
Какви споменици имавме во 1987ма кога имавме 1,2 милиони туристи , двојно повеќе од сега.

Споменици ДА , но кога све останато ти е на место , и ај сега да разубавиме малце.

Деталите-украсувањето секогаш одат на крај.

Негде рече дека патриотизмот треба да се врати и затоа се спомениците.
А јас ти велам дека патриотизам со празен стомак не бива , ти го е*е патриотизмот првиот сосед , со еден пасош што ќе ти го нуди за да излезеш во Европа.


За отварање нови работни места, во капитализмов власта единствено што може да направи е да ја подобри бизнис климата и да ги направи условите за водење бизнис најдобро што може, со ниски даноци и придонеси.
Инфраструктура исто така не заборавај. А спомениците се најневажниот дел за привлекување инвестиции.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.361
Поени од реакции
4.170
Смешно е кога се споредуваме со некои земји од ЕУ и извлекуваме заклучок дека нашата економија била подобра од нивната оти ние сме имале пад од 1,5% а тие 3,5%. Тоа ти е исто да речеш дека куќната економија ти е подобра од таа на комшијата оти ти овие три месеци си земал по 197 евра за разлика од лани кога си земал по 200 евра што значи имаш ,,само,, 1,5% пад а додека комшијата е за никаде и каде и да е ке пропадне оти тој овие три месеци прави бизнис од по 96.500,00 евра што е за 3,5% помалку од ланските 100.000,00 евра....
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Не се секирајте за БТП-то, сега ќе си дојдат печалбарите. :)
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.537
Поени од реакции
2.229
Бдп во минус, но сепак "најдобри сме во регионот!, Потрошувачката кошница во македонија поголема од американската" - сител муабети, жими к*ров
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
БДП.
А кога ќе дојдат ќе свиткаат џам.
Фала на корекцијата. Не беше намерна грешка.
Сепак мислам дека парите од печалбарите се од голема улога за БДП.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Фала на корекцијата. Не беше намерна грешка.
Сепак мислам дека парите од печалбарите се од голема улога за БДП.
Огромна кога ќе дојдат овде со празни џебови. Најмногу пари носеа Албанските иселеници, кои на секое идење дигаа по една куќа во Западна Македонија. Мојот пријател вели пред 5 години кога иделе се граделе по 3 куќи, сега нема ни една во изградба. Нашиве австралијанци кога си идат со дури 2000долари, парче прават за три месеци :icon_lol:
И од печалбарите веќе нема пари, умре и тоа време. Ги наследија нови генерации, секој си гледа за себе, овде им останаа само второ колено.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Огромна кога ќе дојдат овде со празни џебови. Најмногу пари носеа Албанските иселеници, кои на секое идење дигаа по една куќа во Западна Македонија. Мојот пријател вели пред 5 години кога иделе се граделе по 3 куќи, сега нема ни една во изградба. Нашиве австралијанци кога си идат со дури 2000долари, парче прават за три месеци :icon_lol:
И од печалбарите веќе нема пари, умре и тоа време. Ги наследија нови генерации, секој си гледа за себе, овде им останаа само второ колено.
Не можам да речам дека не си во право. Се што кажа е на свое место. Сепак ке донесат некое евро,долар, кое ќе придонесе економијава да пркне малце.
И еве ти еден интересен податок
ШЕСТ ПАТИ ПОВЕЌЕ ПАРИ ОД ПЕЧАЛБАРИТЕ ОТКОЛКУ ОД СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

http://www.kapital.mk/mk/makedonija/84790/shest_pati_povekje_pari_od_pechalbarite_otkolku_od_stranskite_investitori.aspx

Тоа е суровата Македонска реалност.(n)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не можам да речам дека не си во право. Се што кажа е на свое место. Сепак ке донесат некое евро,долар, кое ќе придонесе економијава да пркне малце.
И еве ти еден интересен податок
ШЕСТ ПАТИ ПОВЕЌЕ ПАРИ ОД ПЕЧАЛБАРИТЕ ОТКОЛКУ ОД СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

http://www.kapital.mk/mk/makedonija/84790/shest_pati_povekje_pari_od_pechalbarite_otkolku_od_stranskite_investitori.aspx

Тоа е суровата Македонска реалност.(n)
Ти како модератор на темата за странски инвестиции во Македонија треба да се убиеш на оваа вест :icon_mrgr:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
BB рејтингот бил ѓубре , нема со тебе што повеќе да дискутирам , можеш слободно да продолжиш да дебатираш на теми за бугарска книжевност и правопис.
Па читаj малце тоа е тоа. Немам jaс кабает, дека не читаш и не признаваш Мудис,S&P, Fitch и така натаму...
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Ти како модератор на темата за странски инвестиции во Македонија треба да се убиеш на оваа вест :icon_mrgr:
Од кај ја сеа модератор, на таа тема. Ма немој да ме ј...ш бе:) Признавам ставам секакви информации, ма да не ја прифаќам етикетата што ми ја залепи. Мислам дека има повеќе заслужни на форумов за тоа, од мене;)
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Не можам да речам дека не си во право. Се што кажа е на свое место. Сепак ке донесат некое евро,долар, кое ќе придонесе економијава да пркне малце.
И еве ти еден интересен податок
ШЕСТ ПАТИ ПОВЕЌЕ ПАРИ ОД ПЕЧАЛБАРИТЕ ОТКОЛКУ ОД СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

http://www.kapital.mk/mk/makedonija/84790/shest_pati_povekje_pari_od_pechalbarite_otkolku_od_stranskite_investitori.aspx

Тоа е суровата Македонска реалност.(n)
Абе видете ова вест може да се протолкува како:"Печалбарите внесуваат огромна(фантастична ) количина девизи во Македонија":pos::pos:
Скроз на скроз си одлепена, во 3 саат сабалје си се расправала со партизани:ROFLMAO:
Те частам лепенка. Или фластер. Или селотејп :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom