bungee
Jedi Master
- Член од
- 2 декември 2005
- Мислења
- 75
- Поени од реакции
- 67
Трајно е, само што тие објекти се градат кога се останато во државата ти е средено, повеќето граѓани се задовлни, образование и здраство е средено. Кажи ми како социјалецот ќе добие нешто со тоа што ќе се изгради музеј, или по училиштава по некои општини што се греат на ќумбе на дрва ќе добие нешто од музејот на македонска борба, ма ајде молим те. Најлошиот дел од Е-75 е во Македонија, нема ни една асална болница во ниту еден град освен во Скопје. Оди на бит-пазар - криминал на кило. И се тоа не е битно, ама битно е музеј имаш. Епа може браќата од другата страна ќе одат во музејот и ќе ја засакаат Македонија па се ќе биде подобро. И ајде да преминеме преку сите ПОБИТНИ проблеми на државата, ќе речете комуњариве ги создале, па ако се толку паметни овие нека ги средат по ред, а не од најнебитните и оние каде најлесно се краде. А иначе јас не сум СДСМ ниту ВМРО, и прв пат кога се кандидираа гласав за ВМРО со Грујо, ама не знаев дека ќе забегаат до волку па сега да ми е срам што сум го сторил тоа. А за стиловите уште сто пати ќе повторам, неможе на вмро или на сдсм ова им се допаѓа па вака ќе се гради, па нема везе како сакаме ќе градиме, како и во се во животот и тука има правила, стандарди и нормативи, КЛАСИЦИЗАМ И БАРОК СЕ ЗАВРШЕНИ СТИЛОВИ. СЕГА Е ПЕРИОД НА МОДЕРНАТА АРХИТЕКТУРА НА 21ВЕК.А вредно и трајно не се новите објекти на археолошки музеј,на музеј за македонската борба,народен театар,на македонска филхармонија ??? Тоа не е трајно,или само тоа што ти одговара го кажуваш.
--- надополнето: 13 јуни 2012 во 14:27 ---
Точно дека се гледа спој, само спојот треба да се прави кога веќе постои нешто со векови па ти му додаваш нешто ново, кое соодветсвува со истото, а не од еднава страна ми се гради модерно, па така ќе го правам, ама ај од другава ќе градам барокно, зошто мене топ ми изгледа... знаеш ли по светов колку интернационални конкурси се објавуваат за проекти од ваков тип, а не некои скулптори од 25 години да се вежбаат на нешто што ние ќе го гледаме уште долго време... а за квалитетот да не зборуваме, за Ченто на трупче што е потпрен или споменикот до Соборна што го заваруваа 1 месец по поставувањето...Иначе на овие две слики се гледа дека има добар спој помеѓу класичното и модерното.. судот и стакленикот на екс народна банка..само голема замерка имам за тањирот горе на екс народна.. без него ќе беше многу поубава зграда,плус со висина ќе беше со екс Типо зградата...ама пуст криминал,се гледа максимално да се искористи секој сантиметар,па макар на ништо неличело.