Европа си ги штити своите пазари, протекционизам или?

Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
Еве здрава тема за сериозни полемики, бујрум.....прочитајте во линкот па навалете...

бтв....памтам пред некое време не укоруваа за кампањата купувајте македонски производи....а сега?

накрај секогаш излева дека се е за пари интерес и кој на кој ке му биде слуга а кој газда....

http://m.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.aspx?vestId=6151281052&r=10&t=n
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Епа тоа е..на нас ни забрануваат кампањи од типот купувајте домашно..за да можат нивните производи да се продаваат кај нас..а наш производ да стигне на нивен пазар треба ѓавол и пол да пројде..триста документи и сертификати..уште па и земјоделските производи не чинеле,прскани биле..ко нивните со млеко да се вадени место вода..
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Во основа Протекционизмот е комбинција на Национализам и Социјализам или скратено Нацизам. :P Духот на Адолф е уште жив во Европа.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Еве здрава тема за сериозни полемики, бујрум.....прочитајте во линкот па навалете...

бтв....памтам пред некое време не укоруваа за кампањата купувајте македонски производи....а сега?

накрај секогаш излева дека се е за пари интерес и кој на кој ке му биде слуга а кој газда....

http://m.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.aspx?vestId=6151281052&r=10&t=n
Ова е почеток на крајот на економската моќ на Еу,поради тоа што нивните компании не се продуктивни и немаат конкурентни цени и пробуваат да игаат на картата на високи царини намалени квоти па дури и антидампинг цени. Нема поголема глупост во пазарната економија да кажете дека цените се под реалните цени кога пазарот е тој што ја опредеува цената а не некој импотетни педери од некоја еврокомунистичка комисија, црна економска иднина и се заканува на Еу, поради многу економски причини, ако Еу и воведат анти дампинг мерки за некој наши производи и Македонија треба со реципроцитет да одговориме со тоа што и ние ке ставиме антидампиншки мерки или ке покачиме царина. Во економска смисла Еу е старец на скапи лекови, кој само заради Германија,Холандија и ,Франција е се уште во живот. Македонија полека треба да го насочува својот извоз кон Брик земјите, земите од поранешниот советски сојуз и земјите од Цефта, и да почне да го зголемува својот извоз во САД кој откако ке ги поминете потребните проверки за стандарди и квалитет е еден од најлибералните пазари на светот, конечно треба Македонија да направи дисперзија на својот извоз, кај нас над 60% од извозот иде во Еу, а речиси целиот остаток од извозот иде во земјите на Цефта(Турција,Србија,Косово,Хрватска,БиХ,Црна Гора. Молдавија).
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Ако не си ги штитат начисто ќе пропаднат ... кинезиве живи ќе ги изедат
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Па после ваква криза, која лесно може да се разлее, нормално е дека ќе си ги штитат пазарите.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Имаше пред некое време на една наша емисија.Француски производители на железо или на кратко металопреработувачи пратиле до ЕУ комисија жалба за нас,Турција и Украина дека сме продавале за цени под нивните и со тоа сме биле нелојална конкуренција па сега нашиве,Турците и Украинците се припремале за пред Европски суд.

И си мислам како може луѓево да се до толку глупи.Тоа ти е како во Македонија да има нафта која за да ја ископаме преработиме и во краен производ бензин да направиме чини на пример 1 долар.Да ни дојде Русија или некоја од арапскиве земји и да почне да ни го продава истиот бензин по 0,5 долари и ние да се жалиме како тоа не е фер и да бараме да прекинат.Патем Украина ние и Турција заедно задоволуваме негде околу 10-15% од ЕУ потребите од кој ние Македонија +- 1%

Или се будали или глумат со сила.И не е само за железо за се е.Не дозволуваат ништо земјоделско ако не е од Франција ( и после фамилиите во западна европа најголем дел од буџетот за храна на зеленчук и овошје им иде ),ако е механика Германија ништо не дава да се увезува иако и они почнаа да забушаваат со нивните производи и така сите си имаат некој пазар што го штитат.

Нашиве да имаа малце памет еден договор за Слободна трговија со Русија требаше да потпишат и готова работа.Цело наше земјоделско производство само регионот околу Сочи може да го упие без проблем да не зборам што ќе добиеме поефтини суровини од Русија без тарифи за увоз.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
^ ^ ^ ^ ^ ^
Отсекогаш било така, ова не е ништо ново.Само ние сме глупи па викаме нашето не е ок, иако во поголем дел е се поквалитетно и поефтино.Па сите земјоделци кај нив со години се субвенционирани со ненормално високи стапки, особено Британија и Франција, а за нашите производи кои иако се хемиски обработени со средства за заштита (ама во многу помал дел од нивните), ќе најдат милион регулативи, правилници и слични термини за некаква си заштита на потрошувачите (читај домашните производители).Биле недоволно зелени пиперките, компирите не биле со иста големина :ROFLMAO: , не биле прави краставиците, јаболката биле кисели, свинското било премногу мрсно, конзервираните п-води биле премногу конзервирани, бла бла...а по маркети во Германија ако поминат 2 дена непродаени, одат во контејнер, па луѓе си земаат од таму за дома.Право и економија на ЕУ ми беа најчудните прочитани книги за испит.Скоро во секој дел викаше дека се е слободно во трговијата и забранети се протекционистички мерки, освен ако повисок субјект би одлучил поинаку.Во секој дел, со друг збор ако е потребно кога ќе им е фрка можат да закачат акцизи, царини, забрани за увоз, субвенциите отсекогаш биле мерка итн...а од друга страна ЕУ е формирана баш на принцип за полесна трговија и намалување/укинување на царини, акцизи и сл. протекционистички мерки.
Па дај вистински да учиме од нив - да си го штитиме своето!
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Ако тоa не го прават нашите ендемски видови ќе ги отепаат со квалитет нивните срање производи произведени во Кина со крв и пот.

Добре дојдовте во реалноста да ве плеснам по газот.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
^ ^ ^ ^ ^ ^
Отсекогаш било така, ова не е ништо ново.Само ние сме глупи па викаме нашето не е ок, иако во поголем дел е се поквалитетно и поефтино.Па сите земјоделци кај нив со години се субвенционирани со ненормално високи стапки, особено Британија и Франција, а за нашите производи кои иако се хемиски обработени со средства за заштита (ама во многу помал дел од нивните), ќе најдат милион регулативи, правилници и слични термини за некаква си заштита на потрошувачите (читај домашните производители).Биле недоволно зелени пиперките, компирите не биле со иста големина :ROFLMAO: , не биле прави краставиците, јаболката биле кисели, свинското било премногу мрсно, конзервираните п-води биле премногу конзервирани, бла бла...а по маркети во Германија ако поминат 2 дена непродаени, одат во контејнер, па луѓе си земаат од таму за дома.Право и економија на ЕУ ми беа најчудните прочитани книги за испит.Скоро во секој дел викаше дека се е слободно во трговијата и забранети се протекционистички мерки, освен ако повисок субјект би одлучил поинаку.Во секој дел, со друг збор ако е потребно кога ќе им е фрка можат да закачат акцизи, царини, забрани за увоз, субвенциите отсекогаш биле мерка итн...а од друга страна ЕУ е формирана баш на принцип за полесна трговија и намалување/укинување на царини, акцизи и сл. протекционистички мерки.
Па дај вистински да учиме од нив - да си го штитиме своето!
Не потребно е баш спротивното да го правиме а тоа е да бараме договори за слободна трговија ( али комплетна без никакви тарифи и даноци за увоз ) со кој сака да потпише.Ние не сме некоја голема земја па да можеме да задоволиме многу голем пазар ниту пак имаме купувачки потенцијал за да бидеме цел на извоз ( и со тоа поефтини производи ).По еден договор со Русија,Украина,арапските земји ( посебно со овие 3 земји зошто преку нив ќе добиеме ефтини суровини а тоа е најважен предуслов за имање индустрија )и сите Балкански и сме на коњ.Секако мора да ја подобриме и инфраструктурата.Пруга Скопје-софија,Струмица-Благоевград,Скопје-Охрид и комплетна реконструкција на сите патишта и железници мора.

Они нека продолжат да се субвенционираат себеси до банкрот.Со протекционизам и субвенционирање само си копаш свој гроб.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Не треба баш спротивното да го правиме а тоа е да бараме договори за слободна трговија ( али комплетна без никакви тарифи и даноци за увоз ) кој сака нека потпише.Ние не сме некоја голема земја па да можеме да задоволиме многу голем пазар.По еден договор со Русија,Украина,некоја од блискоисточниве земји ( посебно со овие 3 земји зошто преку нив ќе добиеме ефтини суровини а тоа е најважен предуслов за имање индустрија )и сите Балкански и сме на коњ.Секако мора да ја подобриме и инфраструктурата.Пруга Скопје-софија,Струмица-Благоевград,Скопје-Охрид и комплетна реконструкција на сите патишта и железници мора.

Они нека продолжат да се субвенционираат себеси до банкрот.Со протекционизам и субвенционирање само си копаш свој гроб.
Имаме веќе договори со поголем дел од Балканот.Гледаш некое подобрување?Јас гледам само поефтини субвенционирани срски, хрватски, словенечки, а во последно време и производи од Романија.За производите од ЕУ да не зборвам, ненормално е таму да се поскапи барем 50% од нашите, а овде да се поефтини 10-20%.

Доволно е ова со патиштата да го средат, сепак се големи проекти / финансии :) Да не укинуваат тури камионџиите, железницата и фирмите општо поради оштетено возило од лошите патишта и пруги.Можам да замислам колку трошат на резервни за возилата со ваква инфраструктура.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Имаме веќе договори со поголем дел од Балканот.Гледаш некое подобрување?Јас гледам само поефтини субвенционирани срски, хрватски, словенечки, а во последно време и производи од Романија.За производите од ЕУ да не зборвам, ненормално е таму да се поскапи барем 50% од нашите, а овде да се поефтини 10-20%.

Доволно е ова со патиштата да го средат, сепак се големи проекти / финансии :)
И освен Германија ( иако и они не се најдбори со задолженост ) кој друг не е задолжен до гуша ?

Сето тоа е заради субвенционирање.Впрочем ако нивната влада сака да плаќа за ние да пиеме поефтина млеко или да јадеме поефтино месо тоа си е нивен проблем не наш.А и ако може да го произведат подобро и поефтино од нас тогаш нема што да се буниме ние тука.Додека на некој наши не им текне како да намалат цени или зголемат квалитет ќе пиеме нивно.

А со слободната трогвија со земјите од Балкан не добиваме многу зошто сите имаме слични економски ресурси.Земјоделие,металопреработувачка индсутрија и некои земји имаат нешто повеќе суровини од другите и секако Туризам кој како според географија.

Нас ни треба слободна трговија со земји што ги немаат нашите производи или чиви производи ни фалат.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
И освен Германија ( иако и они не се на најдбори со задолженост ) кој друг не е задолжен до гуша ?

сето тоа е заради субвенционирање.Впрочем ако нивната влада сака да плаќа за ние да пиеме поефтина млеко или да јадеме поефтино месо тоа си е нивен проблем не наш.

А со слободната трогвија со земјите од Балкан не добиваме многу зошто сите имаме слични економски ресурси.Земјоделие,металопреработувачка индсутрија и некои земји имаат нешто повеќе суровини од другите и секако Туризам.

Ние не сме заглавени до гуша, па сме заебани јако.Па ако веќе се задолжуваме ко нив, да се задолжуваме за обнова на инфраструктура и поддршка на домашното производство, а не за овие моментални работи.Хрватска е високозадолжена земја, ама изградија автопати Загреб - Карловац - Задар - Сплит - Плоче(во градба е до Дубровник) (465км) , Загреб - Ријека - Пула ,до границите со Словенија, од граница со Унгарија до граница со Босна и скоро цела Истра .
Мрежа:

Километража изградена по години

Ако нивната влада сака да плаќа за ние да пиеме поефтино млеко, на еден краток рок ќе е ок, особено за обичните луѓе.На подолг рок, помало вртење пари кај домашните фирми, немање средства за обнова на производствени линии и развој на производството, следствено и нови вработувања, неконкурентност и дома и на странски пазар .И технолошки и социјално заостанати.
А за Балканските, баш дека имаме слични производи, битно е да ги пазиме.На еден обичен купувач битен му е секој денар, полесно би се одлучил за купување млеко од Суботичка млекара за 38-42 денари, кога Здравје Радово е 41-45, тој не помислил дека Суботичка добила 15 денари по парче од нивната влада.Кај нас кој стигнал внесол странско млеко, а дали нашите се извезле во Србија, Хрватска, Словенија?Сигурно не е поквалитетно нивното, туку баш од овие причини.
Имаме и со ЕУ слободна трговија, е сега не сум сигурен дали целосна или делумно намалени стапки.
 
Види како функционираат субвенции.Прво буџет се пуни од сите лица кои направиле каква било услуга или производ кој што некој сакал да го купи со што направиле профит и се оданочени.Исто така и за секој прозивод ако имаш пари да го купиш треба да платиш данок.

И сега за пример ќе земам читав за фирма во Дојранско која прави делови за коли некакви.Таа компанија треба да плати даноци за вработените,данок на профит на газдата,данок за поседување на имот,комуналии и плус не знае имало и данок за извоз.

Сите пари што они ги платиле како данок притоа идат во буџет и дел од тие пари се делат за субвенции.Дел од тие пари ќе заврши како субвенција за тутунар,а државата во исто време прави кампања за да не се пуши.Или ќе се дадат на некој што произведува млеко.

Значи се ЗИМААТ пари од компании што се успешни и прават профит и се ДАВААТ на бизниси кои се неуспешни.Тоа ти е класична комуњарска економија.А притоа на успешниот бизнис му се зимаат пари со што или му се дига цената на производите или му се одзимаат средствата за рекламирање или инвестиции со кои би се отвориле повеќе работни места.

И сега ако ти текне "Ама треба на да се субвенционираат бизниси што ќе успеат" прашањето станува кој ќе одлучи кој се успешните а кој неуспешните.Едноставно политичарите секогаш ќе ги даваат на места каде што може да добијат највеќе гласови или кој ќе им даде најголем поткуп.

Тука може сега да се расправа за чесни политичари али многу поеднсотавно е а и со 100% загарантираност на успех дека ќе отстрани корупција едноставно да НЕМА СУБВЕНЦИИ.
 
Ако добро памтам, правни субјекти кои остваруваат профит од производство, трговија или услуги подлежат на одданочување.И сега да немаме даноци?!

Ете нека не се субвенции, ама нека се забрани за увоз или контигенти, квоти (а буџетските средства би се користеле за инфраструктура).Или на таков начин или со субвенции.Или немаш заштита на домашно производство.Особено во мала економија како Македонија.
А кај нас немаме ништо од ова.Буџетот го користиме за Дизниленд, место за инфраструктура.Субвенциите се минимални и ненавремено исплатени = неефективни (+ непланско земјоделство, неосигурани, ако лани посадиле 20 декари и добиле субвенции, следната година ќе посадат 40 и ќе чекат по иста цена да им платат од Тутунски на пример.Тутунски ќе намалат нормално откупна цена, а субвенцијата е иста.Ама крива ќе е пак државата по нивна логика).Имаме договори за слободна трговија, ама на крај пак најголем дел вишок производство од Балкан дошло кај нас, а нашиот вишок останал тука.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom