Електрониката и нејзината минијатуризација, даваат можности за произведување на технички „направии„, со кои лесно може да се контролира секоја човекова единка. За да се постигне широк ефект за еден таков потфат, најбитно е на луѓето да им се накалеми свест за наводната потреба од поедноставување на живеењето, така што, како што тековно и може да се види, „сивата еминенција„, која владее со Светов, не‘ удебува дека парите не мораме да ги носиме со себе, оти можеме да плаќаме безготовински, преку кредитни картички. Денес, постојат картички за се‘ и сешто, почнувајќи од биометриски пасоши, лични карти, возачки дозволи, платежни картички, ваучери за „мобиљки„ или интернер-врска и сл.
Финтата е во тоа, да сите овие начини на идентификација и плаќање, се поедностават до ниво‘ од една единствена картичка за секојдневна и секаква употреба, но и таа ќе биде само преодна фаза кон она што следи: а тоа е чипувањето на секој граѓанин на Светов, оти само така ќе можеме да купуваме и/или продаваме. Кој нема да го прифати чипувањето, ќе биде отпадник од општеството и ќе биде надвор од државниот/општествениот систем. Оправдувњаето за чипувањето е „логично„: кој го има чипот всаден под кожата, не ќе може да го изгуби, како што тоа би можело да се случи со универзалната картичка и наводно, никој не ќе може да злоупотреби туѓ чип.
А сето тоа, во согласност со Откроевнието Јованово, во 13.16-17.
Чипивањето, по некое мое сеќавање, започнато е уште 1996 г. се разбира, наивно, со чипување на куќните миленичиња, а од 2000-та, постојат и поединци и нивни фамилии, со име и презиме, кои свесно го прифаќаат чипување, убедени во неговата корисност.